Photo printing buyer’s guide

ПЕЧАТЕЊЕ

Пет вида на луѓе на кои навистина им е потребен печатач - дали и вие сте еден од нив?

Дали навистина ви треба печатач? Реалноста е дека на повеќето од нас ни е потребен. Да, печатачот на работа или во училиштето е доволен за повремено лично печатење, но често ќе се најдете во ситуации во кои доколку сте имале печатач во домот ќе сте заштеделе време, нема да сте чувствувале стрес, ќе сте се инспирирале себеси или вашите деца или ќе сте придонеле за развој на вашиот бизнис.

Меѓутоа, не треба да купите каков било печатач. Печатачот што ви е потребен зависи од вас. Затоа продолжете да читате за да дознаете кој печатач е совршен за вас.

Младите родители

A father helps his daughter make greeting cards out of photographs printed with PIXMA TS 9551C.

Одењето во училиште е периодот кога се буди креативноста на вашето дете. Како родител, со задоволство ќе ја стимулирате креативноста на вашите деца и ќе ги подготвите за сите предизвици што им претстојат во новата учебна година. Ќе ви треба печатач за стандардно печатење што е едноставен за користење, но што ќе нуди и многубројни креативни опции.

PIXMA TS9551C од Canon е компактен печатач за A3-формати што се одликува со A4-скенер, уред за копирање и голем екран на допир од 10,8 cm со интуитивен интерфејс со кој ќе можат да управуваат дури и помали деца. Добијте многубројни опции за креативно печатење и користете различни медиуми, вклучувајќи магнетна фотохартија и фотохартија за повеќекратно залепување од Canon (достапна од декември 2018 година). Со новата апликација за налепници за нокти наменета за iOS и Android (ќе стане достапна во ноември 2018 година) ќе можете да печатите и прилагодени налепници за нокти. Исто така, PIXMA TS9551C од Canon може да ви помогне да создадете сопствена украсна хартија и страници за колажи директно преку екранот на допир што ќе ви понуди избор од 45 шаблони.

Вас и вашите деца ве очекува бесконечна забава ако ја комбинирате употребата на совршениот печатач со бесплатната онлајн услуга Creative Park од Canon. Големиот избор на достапни шаблони ќе им овозможи на вашите деца да отпечатат и изработат најразлични предмети, почнувајќи од маски за на глава и релјефни честитки па сè до кукли, хартиени авиони, фигури во вид на диносауруси и макети на вселенски бродови.

Студент за фотографија

The Canon PIXMA TS8250 printing a fine art landscape photograph.

Ако сте страстен ентузијаст за фотографии или студент за фотографија посветен на својот занает, тогаш поголемиот дел од времето го минувате обидувајќи се да снимите подобри слики. Прегледувањето на вашите дела во допирлив формат ќе ви помогне во нивното оценување и подобрување и редовно ќе користите онлајн испорачувач на отпечатени материјали за да им ги покажете резултатите на вашите учители, пријатели и колеги. Но, наместо да чекате да се испорачаат отпечатените материјали, вашиот работен процес може да биде многу пофлексибилен доколку имате сопствен печатач.

Најважно е да имате можност за висококвалитетно печатење на слики без рабови со големина до A4 за да можете лесно да ги забележите ситните детали во секоја снимка. Видот на мастила што ги користи печатачот е многу важен во овој поглед, а оригиналните мастила од Canon ќе ви обезбедат живописни слики. Стилската серија PIXMA TS8250 од Canon со функции за безжично поврзување користи шест одделни мастила за да печати детални и висококвалитетни материјали. Како и сите најдобри нови модели на пазарот, така и таа нуди беспрекорно поврзување и компатибилност со апликацијата Canon PRINT - како и со AirPrint, Mopria за Android и Windows 10 Mobile - за да можете лесно да печатите од паметни телефони или таблет-уреди.

Независен бизнисмен

A female business owner prints with PIXMA TS9550 while drawing and using a ruler at her desk.

Независно дали сте во домашната канцеларија од понеделник до петок или работите и во вашиот дом и на работното место, за краток период ќе почне да ви пречи тоа што во домот немате печатач што може да ви понуди иста ефикасност како во стандардните канцелариски опкружувања.

И покрај нивната компактна големина, елегантните и стилски модели од серијата PIXMA TS9550 на Canon може да печатат документи со големина до A3 - совршено за подготвување отпечатени материјали во домашната канцеларија што ќе им се презентираат на клиентите или колегите. Може да создавате и брошури со професионален изглед, директно преку екранот на допир од 10,8 cm. PIXMA TS9550 од Canon печати остри документи со наменски црн пигмент, а автоматскиот механизам за снабдување со документи (ADF) ви овозможува да копирате и скенирате документи со најмногу 20 страници одеднаш (A4, писма или правни), без потреба од поединечно скенирање на страниците.

PIXMA TS9550 од Canon може дури и да се интегрира во паметен канцелариски систем. Со новата компатибилност со Amazon Alexa* може да печатите списоци и други документи со изговарање гласовни команди како на пример, „Alexa, start Canon Printer“ на Amazon Echo или друг уред што нуди поддршка за Alexa. Исто така, гласовни команди може да користите и за да ги проверите нивоата на преостанати мастила во печатачот.

Уметнички трендсетер

A young woman wearing a yellow jacket takes a selfie with the Canon M50 in a city environment.

Каде и да одите, вашите опкружувања ве инспирираат и секогаш сте подготвени да снимите одлична фотографија и брзо да ја споделите на социјалните медиуми. Но, дури и ако ги вчитате повеќето ваши слики на веб-страници за споделување содржини, со сопствен печатач ќе добиете многу пореален начин за зачувување на вашите идеи многу подолго откако ќе исчезнат од профилите на социјалните медиуми на вашите следбеници. Печатачот за фотографии не ви е потребен само за да печатите материјали што ќе ги закачите на ѕид, туку и за да ви овозможи да направите многу повеќе со вашите креации. Искористете ги овие печатачи за пошироко распространување на вашите фотографии, како на пример, во други жанрови.

Компактниот SELPHY CP1300 може да се носи во торба и со него може брзо да создавате долготрајни отпечатени материјали. Сè што треба да направите е да снимите фотографија со вашиот паметен телефон или фотоапарат со Wi-Fi и да ја испратите во вашиот SELPHY кој може веднаш да ги отпечати вашите слики со големина до 102x152 mm (4x6 инчи) за да ве инспирира вас и вашите пријатели со вашите најдобри проекти на нов начин.

Фотограф на фина уметност

A large high-res fine art photograph bring printed from a Canon imagePROGRAF PRO-1000

Вашата прва изложба во клубот за фотографи брзо резултираше со покана за изложување на вашите слики во локален кафе бар, а сега добивте неколку барања за продажба на отпечатени материјали. Досега користевте локална компанија за врвно печатење на вашата фина уметност, но сега сакате да имате повеќе контрола врз процесот на печатење и да можете побрзо да ги задоволите барањата на корисниците. Ако имате сопствен печатач за фотографии, тогаш ќе можете полесно да работите со поголем обем и да продавате на локалните пазари и саеми за уметнички дела.

Вашиот печатач треба да биде компатибилен со специјални хартии и платна за фина уметност за да можете да ги пренесете вашите слики врз медиуми што најдобро ќе ги истакнат сите ваши фотографии. Исто така, треба да проверите дали мастилата што се компатибилни со вашиот печатач ќе можат да ви понудат палета на прецизни и реалистични бои. Палетата на професионални печатачи на Canon, PIXMA PRO-100S, PIXMA PRO-10S и наградуваниот печатач imagePROGRAF PRO-1000 за A2-формати, се најсигурен избор за сите кои сакаат да ги изложуваат своите дела. Овие модели користат наменски црни мастила, што значи дека ќе ги добиете богатите црни тонови со голема густина што се совршени за изложување во галериите. Дополнителна придобивка од употребата на печатачите PRO-10S и Pro-1000 е тоа што тие користат мастила со пигмент што ги задржуваат боите подолго, а тоа значи дека луѓето ќе можат да уживаат во вашата уметност десетици години.

Печатењето со професионален квалитет не мора да биде ниту сложено: дополнителната компонента Print Studio Pro од Canon е дизајнирана да ви помогне да печатите фотографии со професионален квалитет без напор.

* Amazon и Alexa се заштитни знаци на компанијата Amazon.com, Inc. или нејзините подружници.

Напишано од Oliver Atwell

Поврзани производи

  • Canon
  • Get Inspired
  • Водич за купување печатачи за фотографии