ТЕХНИКИ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ

8 совети за максимално искористување на достапната светлина

Светлината е најважниот елемент на секоја фотографија што ја снимаме. Дознајте како да ја побарате најдобрата светлина – независно од тоа дали истата ќе биде природна или вештачка – и поставувањето што ви треба за да ја доловите.
Фотоапарат EOS R6 од Canon снима фотографија од дете кое држи балони в рака, додека сонцето заоѓа во заднина.

Кога условите за осветленост работат во хармонија со сцената или субјектот пред вас, резултатите можат да бидат сензационални. Учењето како да се препознае најдобриот извор на светлина, без оглед на тоа дали истата ќе биде природна или вештачка, може да понуди огромни придобивки. Најдоброто од сè е тоа што не ви треба скап комплет за осветлување за да извлечете максимум. Ви треба само око за добра светлина. Штом ќе почнете да ја барате, ќе ја откриете секаде околу вас.

Следат осум совети за усовршување на фотографирањето со достапната светлина.

1. Искористете го периодот од денот во ваша полза

Брод крстари напладне по реката Доуро во Порто, Португалија. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Напладне на јасен ден, сончевата светлина доаѓа одозгора, со ладна боја, создавајќи непожелни сенки долж речниот тек на Порто. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 44mm, 1/125 сек., f/10 и ISO100.

Сонцето заоѓа над реката Доуро во Порто, Португалија. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Кога се ближи самракот, нискиот агол на сончевата светлина ја прави потопла, помека и поамбиентална. Светлината обликува детали, истакнувајќи го опкружувањето со привлечна игра на светли тонови и сенки. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 24 mm, 1/100 сек., f/10 и ISO640.

Земјата секогаш се врти, така што аголот и квалитетот на природната светлина постојано се менуваат. Напладне, под силно сонце на чисто небо, светлината ќе доаѓа одозгора и ќе биде силна, што ќе произведе слики со силен контраст. На фотографите најчесто не им се допаѓа ваква светлина, но може да функционира доколку целта е да се вклопи сончевата светлина во сцената.

Кога сонцето се спушта пониско на небото, светлината треба да патува подолго време низ атмосферата на Земјата. Помалите бранови должини на спектарот на бои, како што се сината и виолетовата, се расфрлаат од честички во атмосферата, така што боите стануваат помеки и потопли. Затоа, вечерната светлина и зајдисонцата се обоени со живописни црвени и жолти бои и времето непосредно откако сонцето ќе изгрее и непосредно пред да зајде се нарекува „златен час“.

2. Искористете ги максимално временските услови

Голи дрвја обвиткани во сина магла. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon.

Облаците и маглата ќе ја омекнат и дифузираат природната светлина за да постигнете амбиентални резултати. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/7,1 и ISO250.

Човек стои во шума во зимски ден, со фотоапарат од Canon поставен на статив.

Магливата светлина во зимско утро е идеална за доловување амбиентални слики од сцени од рурални средини.

Временските услови имаат големо влијание врз квалитетот на природната светлина. На облачен ден, облаците ја дифузираат светлината и сенките се намалуваат. Маглата и дождот можат на сличен начин уште повеќе да ја омекнат и оладат светлината.

Годишното време исто така има удел. Зависи каде се наоѓате во светот, но, општо во зима, закосеноста на Земјата значи дека сонцето е подалеку, што го прави аголот на светлината поостар. Тоа значи дека, иако деновите се пократки, суштински имаме повеќе насочена светлина на располагање. Од друга страна, за време на летото, апогејот на сонцето е повисок на небото, што значи дека светлината повеќе доаѓа одозгора и е помалку соодветна за фотографирање околу пладневните часови.

„Вашиот избор на сцена може да е потежок за управување во зима, при фотографирање снег или облачни неба“ - вели амбасадорот на Canon Sebastien Devaud. „Подобро е малку да ја зголемите експозицијата во споредба со поставката за автоматска експозиција, за снегот или небото да изгледаат повеќе бели отколку сиви. Црно-бело фотографирање е добар начин за истакнување на драматичната страна на ова годишно време, додека маглата, ниските облаци или водата исто така им додаваат особен амбиент на зимските фотографии“.

3. Искористете ја достапната светлина за портрети

Портрет од човек со кадрава руса коса, што гледа директно во фотоапаратот и е осветлен од страна, снимен со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon.

Позиционирање на субјектот до голем прозорец или тавански прозорец е идеалниот начин за искористување на достапната светлина. Лево од фотоапаратот се наоѓа еркер, којшто создава привлечна ризница од мека, природна светлина. Можете да експериментирате со завеси или мрежи за дифузија на светлината за да се постигне посакуваниот ефект. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/2,8 и ISO500.

Балерина одржува рамнотежа на една нога со испружени раце додека сончевата светлина се излева низ ролетните пред неа. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon.

Силната сончева светлина што се излева низ ролетните е искористена за да се постигне подраматичен ефект, формирајќи суштински елемент на сликата. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/1500 сек., f/2 и ISO200. © Javier Cortes - амбасадор на Canon

Веројатно е дека ќе има џепчиња прекрасна природна светлина која може да ја снимите во повеќето затворени опкружувања. Прозорец нуди ризница од мека светлина, на сличен начин како и придушен рефлектор во студио. Затоа, ако фотографирате луѓе во затворена просторија, замолете ги да застанат поблиску до прозорец и исклучете ги сите вештачки светла.

Исто така, можете да искористите рефлектор за да ја одбиете светлината однадвор кон вашиот субјект. Како рефлектор може да искористите нешто многу едноставно како големо парче бел картон или алуминиумска фолија. Рефлекторот ќе создаде мека и природна светлина што ќе можете да ја насочите на ист начин како и светлината од блицот.

Дете во поле што си ја потпира раката на дрвен столб. Директната сончева светлина фрла непожелни сенки на неговото лице. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon.

Едноставен рефлектор може да се искористи за портрети во сончевите денови. Овде, директната сончева светлина создава непожелни сенки. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/250 сек., f/5,6 и ISO100.

Дете во поле што си ја потпира раката на дрвен столб. Употребен е рефлектор за да се омекне светлината. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon.

Во сликава, рефлекторот е искористен за да се одбие светлината кон сенките и да се намали контрастот. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/250 сек., f/5,6 и ISO100.

Квалитетот на светлината прави голема разлика во вашите портрети на отворено. Силната сончева светлина знае да биде мошне непријатна за лица, бидејќи создава непожелни сенки и предизвикува субјектите да ги подзатворат очите. Облачни услови се совршени, бидејќи меката светлина ги намалува сенките.

Ако сонцето сјае и не можете да почекате покривка од облаци, може да се обидете да снимите портрет во сенка од дрво или зграда, бидејќи светлината е помека и попријатна за лица. Исто така, може да се обидете да ја контролирате светлината со рефлектор, или со засенување на субјектот, одбивање на светлината во сенките, или со користење на панел за дифузија. Ефикасен и евтин 5-во-1 рефлектор е совршен. Имајте го предвид тонот на кожата на субјектот кога одбирате боја за рефлекторот.

Дете во поле што си ја потпира раката на дрвен столб. Употребен е рефлектор за да се засени неговото лице. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon.

Во овој случај, рефлекторот е употребен за да се засени неговото лице од сонцето, за да се постигнат помеки резултати. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/250 сек., f/5,6 и ISO640.

Дете во поле што си ја потпира раката на дрвен столб. Употребен е панел за дифузија за да се омекне сончевата светлина. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon.

За споредба, панелот за дифузија од 5-во-1 рефлектор ја омекнува сончевата светлина за да се постигне поурамнотежен портрет. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/250 сек., f/5,6 и ISO100.

4. Искористете ја слабата осветленост во ваша полза

Силуета на дрво на рид наспроти сино небо во самрак. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Вградената стабилизација на слика (IBIS) во фотоапаратите од серијата EOS R, како што е EOS R6, ви овозможува рачно фотографирање при слаба осветленост, со мали брзини на бленда за кои се потребни неколку секунди. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 27 mm, 2 сек., f/11 и ISO100.

Како што сонцето заоѓа зад хоризонтот, преостанатата природната светлина ги прима ладните, сини бои на самракот. Може да го искористите тоа време за да излезете со вашиот фотоапарат. Но, бидејќи нивоата на светлина се толку ниски, потребен ви е фотоапарат со добри перформанси при слаба осветленост. Фотоапаратите со поголеми сензори можат да доловат повеќе од природната светлина што се намалува, особено кога се користат во комбинација со објектив што има широка максимална решетка.

Во самрак, може да е потребно да ја намалите брзината на блендата за да дозволите повеќе светлина да помине до сензорот на вашиот фотоапарат. Фотоапаратите без огледало од серијата EOS R од Canon нудат револуционерна вградена стабилизација на слика, така што можете рачно да го држите фотоапаратот за експозиции од секунда или подолго, без грижи дека тресење на фотоапаратот ќе ја уништи сликата.

5. Изберете ги најдобрите поставки за вашето опкружување

Фотографија одблиску од објектив од 50 mm од Canon прикачен на EOS R6 од Canon.

Објективи со поширока или „побрза“ решетка, како што се RF 50mm F1.8 STM од Canon, или пак, RF 24mm F1.8 MACRO IS STM, се идеални за фотографирање при слаба осветленост.

Екран на допир на EOS R6 од Canon на којшто се прикажани поставките за рачен режим.

Обидете се да го употребите рачниот режим (М) со автоматско ISO за слики со природна светлина, за да можете да ја контролирате брзината на блендата и решетката.

Ако сте подготвени за поставување на брзината на блендата и решетката, тогаш еден од најдобрите режими за експозиција за фотографирање при природна светлина е рачниот режим (М) со автоматско ISO. Фотоапаратот на ваков начин го пресметува најдоброто ISO за достапната светлина. Добро општо поставување на експозиција при дневна светлина е брзина на бленда од 1/200 сек., решетка од f/8 и автоматско ISO. Навечер, кога нивото на светлина е пониско, отворете ја решетката до f/2,8, или друга најширока вредност, за нивото на ISO да се спушти за поостри слики, со помалку шум. Тука се прикажува непроценливоста на објектив со брза максимална решетка, како што е RF 50mm F1.8 STM од Canon.

Слабата осветленост честопати значи дека фотографирањето мора да се изврши со високо ISO, што може да доведе до зголемен шум на слика. Автоматскиот фокус исто така може да биде предизвик. Но, кога користите фотоапарат со добри перформанси при слаба осветленост, како што е EOS R6 или EOS R7 од Canon, можете да добиете јасни резултати со високи ISO вредности, како 3200 или повисоко. Дополнително, системот за автоматско фокусирање е водечки во својата класа и функционира во речиси потполна темнина.

6. Усогласување на балансот на белата боја со температурните услови

Екранот на допир на задната страна на фотоапарат од Canon прикажува розови цвеќиња, со поставен режим за облачно време на фотоапаратот.

За боите да бидат прецизни, поставките за баланс за бела боја треба да соодветствуваат со условите.

Освен што треба да размислуваме за квалитетот на природната светлина, мораме да ја земеме предвид и бојата. Таа може да се смени во текот на денот. Наутро е мошне топло. Напладне е поладно, а навечер е повторно топло. Ова се мери во Келвинови степени, така што промената може да варира од 2000 К на изгрејсонце до 7000 К при целосна дневна светлина.

Боите исто така можат да станат поладни доколку стоите под сенка или облачна покривка. Доколку е така, поставете ги вредностите за балансот на белата боја на таков начин на којшто ќе се совпаѓаат со условите, користејќи еден од однапред поставените режими. Ако се сомневате, фотографирајте во RAW-формат, бидејќи може да изберете кој било баланс на белата боја при уредување на сликите во софтвер за обработка на RAW-датотеки и уредување слики, како што е бесплатниот Digital Photo Professional од Canon.

7. Фотографирајте со долга експозиција навечер

Високо дрво стои само во самрак, со пространо сино небо зад него. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Долгата експозиција ги заматува облаците што се движат бавно. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 29 mm, 137 сек., f/22 и ISO100.

Фотоапарат од Canon насочен кон дрво, покрај паметен телефон на кој е прикажана апликацијата Canon Camera Connect.

Може да ја користите апликацијата Canon Camera Connect за да ги активирате и деактивирате експозициите со светилка преку вашиот телефон; навистина е едноставно.

Поставете го фотоапаратот на стабилна површина или на статив, што ви овозможува да доловите сцени во самрак, или пак, при месечева светлина, што значи дека може да фотографирате со многу мали брзини на бленда од неколку секунди или повеќе. Ако го впарите фотоапаратот со апликацијата Canon Camera Connect, може да го искористите вашиот телефон за да ја активирате решетката, да ги активирате и деактивирате експозициите со светилка и да фотографирате далечински. Ова е корисно доколку вашиот фотоапарат се наоѓа на место кое ви го отежнува прегледот на LCD-екранот, или за фотографии во кои дури и најмалото движење предизвикува заматување или го уништува ефектот.

8. Внимавајте на субјектот и околината

Дете седи на ограда и држи сноп балони, а нивната силуета е прикажана наспроти зајдисонцето. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Користете негативна компензација на експозиција за да ја намалите експозицијата на предниот план за создавање на забележителни силуети наспроти заоѓачкото сонце. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 24 mm, 1/250 сек., f/16 и ISO100.

Слика од модел што носи пердувеста јака и позира пред заматени улични светилки, снимена при слабо осветлување. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 85mm F1.2L USM DS.

Заматените улични светилки овозможуваат амбиентална заднина за овој портрет снимен при слаба осветленост. Снимено со EOS R од Canon и DS-објектив RF 85mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/160 сек., f/1,2 и ISO800.

Различни квалитети на природната светлина може да бидат соодветни за одредени субјекти. На пример, суптилна светлина од прозорец може да биде идеална за амбиентални, помирни портрети. За разлика од тоа, директната сончева светлина е совршена за изложување живописни бои и текстури како крзно или пердуви при фотографирање диви животни. Долгите сенки можат да бидат одлични за архитектонски и улични сцени, а осветлувањето одзади од зајдисонцето е идеално за доловување силуети наспроти живописното небо.

Исто така, можете максимално да ја искористите достапната вештачка светлина, како што се уличните светилки, столните ламби или сјајот на логорски оган или јама со оган.

Има прекрасен избор на достапна светлина секаде околу нас, па затоа, кога и да сте надвор со вашиот фотоапарат, запрашајте се: дали е светлината тврда или мека, силна или слаба, топла или ладна, одозгора или од страна? Совладајте ги овие основни принципи на осветлувањето и можете да бидете сигурни дека вашите фотографии ќе излезат одлично, без оглед на условите.



Напишано од James Paterson

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS RP

    Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
  • Објективи RF

    RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

    Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво.
  • Објективи RF

    RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

    Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.

Слични статии

  • ТЕХНИКИ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ

    7 совети за фотографирање при слаба осветленост

    Дознајте важни техники за снимање остри фотографии при слаба осветленост и дознајте која е најдобрата опрема од Canon за фотографирање при слаба осветленост.

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Како да почнете да фотографирате

    Дали сакате да преминете од паметен телефон на фотоапарат? Нашиот водич за фотографирање за почетници ви нуди сè што ви е потребно за да започнете.

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Како да ја контролирате експозицијата

    Совладајте ги поставките за решетка, брзина на бленда и ISO.

  • ТЕХНИКИ ЗА СНИМАЊЕ ВИДЕО

    Совети за снимање видео навечер

    Зачекорете во потполно нов свет на креативност со нашиот водич за снимање видео навечер.