СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Запознајте се со печатачот што овозможува непречено хибридно работење

Дознајте зошто PIXMA TR4650 од Canon е најдобриот печатач за во домот со кој може да работите далечински.
Печатач PIXMA од Canon на работна маса во домашна канцеларија.

Кога пандемијата со Ковид-19 ги примора вработените да почнат да работат од дома, Jamie Watson, како аматерски фотограф и стратешки директор на рекламна компанија во Бристол, за кратко време ја претвори трпезаријата во домашна канцеларија. Со сè повеќе рокови и сè помалку креативност, тој заклучи дека му недостасува нешто: добар печатач.

Како што рестриктивните мерки се намалуваат, така преминуваме на хибриден начин на работа, каде што транзицијата помеѓу работењето во домот и работењето во канцеларијата никогаш не била поважна. Jamie работи со клиенти, истражувачки тим и тим за креативни концепти кои му помагаат во создавање иновативни кампањи и реализирање многу други задачи за различни брендови. Тој сега работи и од дома и од канцеларијата, па затоа е свесен за различните слободи кои тие ги нудат.

Совршената домашна канцеларија не е целосна без добар печатач, нешто за кое често дознаваме кога имаме краток рок или непосредно пред некој состанок за кој се појавува потреба за печатење. А бидејќи сè повеќе луѓе работат далечински, печатачот е функционален уред што може да го намали времето кое го поминувате пред екранот, а може и да ги забрза креативните процеси.

Преминувањето помеѓу домот и канцелариските опкружувања може да биде непречено доколку ја имате соодветната опрема. Со палетата на печатачи со високи перформанси од Canon - особено со компактниот 4-во-1 печатач PIXMA TR4650 од Canon - може да печатите со истите професионални стандарди на брз и едноставен начин.

„Кога имам многу работа, работењето од дома е одличен начин за да се оттргнам од пречките во канцеларијата“ - вели Jamie. „Можете подобро да управувате со вашето време и не мора строго да се придржувате до стандардните работни часови. Секако, нема потреба ниту да патувате, а тоа значи дека може да сработите малку повеќе во текот на денот. Многу сакам да возам велосипед и сега можам да го правам тоа без да пресметувам колку време ќе ми биде потребно да стигнам до канцеларијата или да се вратам дома“.

Меѓутоа, соработката со членовите од тимот е полесна во канцелариско опкружување и задачите се извршуваат поефикасно.

Тука Jamie ќе ни објасни како печатачот во неговата домашна канцеларија му овозможува да се тргне од екранот на компјутерот за да може целосно да се посвети на проектите што ги работи од дома.

Фокусиран ум преку печатење

Маж турка преден фах на печатач од Canon.

4-во-1 печатачот PIXMA TR4650 од Canon нуди хибридни мастила во 4 бои и подобра инсталација на картриџи, така што менувањето на картриџите не може да биде поедноставно и полесно.

Печатачот PIXMA TR4650 од Canon му помага на Jamie да се тргне од неговиот лаптоп за да може да се фокусира на отпечатените копии од документите што му требаат за работа. „Извештаите од клиентите сакам да ги читам на хартија“ - вели Jamie, „за да можам подобро да ги апсорбирам информациите без вниманието да ми биде насочено кон екранот кога ќе пристигне е-порака или известување за разговор со тимот. Полесно е да се фокусирате на тоа што го читате, да означите информации и да додадете прашања. Се чувствувам поконцентриран на тоа што го работам и читам.

„Кога добивам резултати од анкети со многу различни табели и графикони, спроведени од агенции за истражување, најлесно ми е да имам неколку листа хартија пред мене и да можам да ги споредам, наместо да прелистувам слајдови, бидејќи тогаш може да гледате само по еден лист“ - додава тој.

Кога работите во канцеларија не треба да се грижите за поставување на печатачот и залихата на хартија и мастила. И дома треба да биде исто. Потсетникот за отстранување документи, подобрениот преден фах за хартија за полесно и побрзо ставање хартија и едноставната инсталација на картриџи го прават овој печатач за во домот многу практичен и ефикасен за професионалци како Jamie.

А благодарение на можноста за целосно ракување со PIXMA TR4650 преку апликацијата Canon PRINT, вклучувајќи печатење, копирање, скенирање, одржување, проверување нивоа на мастилата и купување резервни мастила, нема потреба да користите компјутер.

Спојување на пенкалото и хартијата со дигиталната ера

Човек користи паметен телефон за да печати преку печатач од Canon во својот дом.

Кога работи од дома, извршувањето задачи во различни простории му помага на Jamie да работи пофокусирано. „Кога сум во канцеларија, постојано се движам наоколу само за да почувствувам некаква промена и да се размрдам. Се задржувам подолго на работната маса, но потоа можам да појдам во мензата на терасата на покривот“ - вели тој. „Истото го правам и дома. Печатам неколку документи и се оддалечувам од лаптопот, бидејќи иако работите далечински, луѓето постојано ви се јавуваат и ви праќаат пораки. Кога ќе се тргнете од лаптопот, всушност се тргате од пречките. Ќе отпечатам нешто, а потоа го читам долу во кујната и така сум пофокусиран“.

Човек пишува на отпечатена табела.

Jamie работи со различни клиенти, почнувајќи од здравствени компании и компании за храна и газирани пијалаци па сè до оператори за интернет услуги и банки.

Достапниот печатач што го користи Jamie лесно се поставува преку апликацијата Canon PRINT која нуди подобро корисничко доживување. „Лесно се поставува, што за мене беше главен фактор бидејќи секој печатач што сум го имал ми одземал приближно пет дена за да го поставам и да почнам да го користам. Производот сам го изврши процесот“ - се радува тој.

Исто така, ви овозможува да се поврзете со софтверот Easy-Layout Editor што овозможува подредување документи на една страница, како PDF-документи и слики, пред печатењето - идеално за работата која ја работи Jamie.

„Ако работам проекти за стратегии за брендови или треба да направам нацрт-план за некој бренд, тоа сакам да го правам рачно“ - вели тој. „Потоа ќе го скенирам и ќе го пратам по е-пошта на останатите членови од тимот како работна верзија, наместо да потрошам многу време во дизајнирање со Microsoft® PowerPoint®“.

Скенирање кон Cloud со печатачи за во домот од Canon

Маж седи на клупа во градината со чаша и лаптоп.

На Jamie понекогаш му недостасува интеракцијата со тимот во канцеларијата, а тоа е лошата страна на работењето од дома. „Како вработени во креативна агенција, дефинитивно ни недостасуваше соработката што ја имавме“ - вели тој. „Работењето од дома е помеханичко, не можете да појдете до нечија работна маса или да разговарате со некого додека ручате заедно. Треба да внесете состанок во вашиот календар и да разговарате по телефон наместо лице во лице“.

Маж става кацига за возење велосипед.

Работењето од дома дефинитивно има свои предности - Jamie возеше велосипед до работа, но сега може да го избегне тоа патување и да ужива во возењето велосипед како хоби, наместо како обврска.

PIXMA Cloud Link кај PIXMA TR4650 од Canon - функција што ќе ви помогне да печатите и скенирате преку Cloud* - е совршена за мали претпријатија кои зачувуваат и споделуваат содржини преку услуги за споделување преку Cloud како што се Google Drive™, Dropbox™ или Evernote®, а тоа значи дека може да пристапите до тие датотеки за да ги отпечатите независно каде се наоѓате.

Кога тимовите ги споделуваат нивните дизајни, Jamie вели дека печатењето на документите и цртежите пред да ги закачи на ѕид или да ги изложи, му помага да размислува за креативни идеи додека работи.

„Кога нашите тимови за концепт ни ги испраќаат креативните идеи, што може да бидат и цртежи од дизајни, честопати е потребно само малку да поработите и веќе ќе добиете некаква идеја“ - вели тој.

„Многу ми се допаѓа да работам со отпечатени материјали, бидејќи можам подобро да размислувам за нив кога се отпечатени и закачени на мојот ѕид или мојата работна маса. Полесно ми е да се навраќам на нив со мислите и потсвесно да размислувам за нив“.

Разновидни опции за печатење во домот

Печатач од Canon покрај цвеќе во саксија, телефон и неколку отпечатени документи.

Аматерскиот фотограф Jamie Watson сака да фотографира со својот фотоапарат, а со печатачот PIXMA TR4650 од Canon може да создава висококвалитетни отпечатени материјали што ќе ги изложи во својот дом. „Снимам многу фотографии каде и да одам“ - вели тој. „Живеев во Австралија и таму ми се роди оваа желба“.

Маж затвора торба на работната маса во неговата домашна канцеларија.

Повеќенаменскиот PIXMA TR4650 од Canon му овозможува на Jamie да се посвети максимално на своите работни проекти, исто како да е во компаниската канцеларија.

PIXMA TR4650 од Canon не е одличен само за работа, туку нуди и разновидни опции за учење од дома, за училишни задачи на децата и за семејни фотографии.

Easy-PhotoPrint Editor овозможува лесно создавање оригинални фотографии како отпечатени материјали со приспособена големина, календари и квадратни распореди со фотографии, поради што може да се користи и за лични проекти во домот и за работа.

Фотографот Jamie го користеше за да отпечати материјали што ќе ги врами, бидејќи може да печати фотографии од 4x6 инчи без рабови за само неколку секунди. „Печати со голема брзина и е одличен за печатење фотографии што ги врамивме на ѕид во нашата нова куќа, а тоа нè поштеди од плаќање за печатењето во професионална печатница“ - вели тој.

Печатачот PIXMA TR4650 од Canon има едноставен и елегантен дизајн, што е уште еден фактор во одлуката на Jamie и неговиот партнер за купување на овој уред за во домот. „Не сите печатачи изгледаат убаво, но PIXMA TR4650 од Canon изгледа одлично. Мојата свршеница е горда на нашата куќа и визуелниот фактор е важен за неа, па затоа е одлична во разубавување на сè околу неа. Купувањето печатач што изгледа убаво беше многу важно за неа“ - додава тој.

Разубавете ја вашата канцеларија со подобрениот 4-во-1 печатач PIXMA TR4650 од Canon што ќе ги задоволи сите ваши потреби за далечинско работење и за лични проекти за печатење.

*Опциите за скенирање кон Cloud и скенирање кон е-пошта се достапни само за корисниците на оригинални мастила од Canon.


Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

Слични статии

  • Жена седи на работна маса во домашна канцеларија на која е ставен лаптоп, монитор и печатач MegaTank од Canon со четири шишиња со мастило.

    СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Кој печатач е соодветен за вас?

    Пронајдете го најдобриот печатач од Canon за вашите потреби, почнувајќи од семејства и студенти па сè до работници во домашни канцеларии.

  • Фотографија снимена одозгора од отворен дневник со подредување до шаблони за рамки од Creative Park и печатач PIXMA од Canon.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Печатете листи, планови и цели

    Бидете креативни со печатач PIXMA од Canon и останете организирани и совесни низ целата година.

  • СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Придобивки од PowerShot PX од Canon

    Откријте нови начини за користење на оваа компактна и паметна PTZ-камера.

  • Човек ја користи апликацијата Easy-PhotoPrint Editor на таблет-уред за безжично да отпечати слика од семејство, користејќи печатач PIXMA од Canon на работна маса.

    ПЕЧАТЕЊЕ

    Како се користи безжичен печатач

    Паметни начини на кои може да извлечете максимум од вашиот безжичен печатач.