Long exposure lights

Светла перспектива за фотографирање при слаба осветленост.

Разговаравме со Nige Levanterman, фотограф што работи во услови со слаба осветленост и е специјалист за доловување на енергијата на разнобојните градски пејзажи. Усовршувајќи ја употребата на долга експозиција и контрастни силни светла, Nige создава динамички и осветлени приказни.

Ајде да дознаеме повеќе за Nige - од каде произлегува вашата страст за фотографирање?

Кога се вработив во Лондон сакав да го истражувам и запознам градот, па затоа одлучив да дознам повеќе за опкружувањето преку фотографии. Тогаш започнав да снимам слики преку мојот мобилен телефон. Меѓутоа, сакав да пробам да фотографирам при слаба осветленост и со долга експозиција, а тоа не беше можно со мобилен телефон. Затоа купи DSLR-фотоапарат.

Немав никаква стручна обука - основите ги научив од видеозаписи на YouTube и почнав да го следам мојот инстинкт. Сам вежбав, се подобрував и прераснав во тоа што сум денес.

Што те фасцинира кога фотографираш при слаба осветленост?

Сакам да доловувам движења и контрастот на силните светла навечер. Внесувам реалистичност во сцените преку доловување на енергијата на сообраќајот, луѓето и боите.

Nige, сакаш да користиш долга експозиција - може ли да ни објасниш како го правиш тоа?

Најважно е да најдете соодветно место за стоење. Од тоа место треба да имате добар агол кон сцената и да бидете на безбедна оддалеченост од сообраќајот, а местото треба да биде стабилно бидејќи секое движење ќе ја замати вашата слика. Ако фотографирате познати или уникатни места, тогаш треба да ја земете предвид толпата луѓе што може да го прекине фотографирањето.

Кога станува збор за снимање на фотографијата треба да го поставите фотоапаратот на статив, да користите објектив со најмала можна решетка и да го заклучите фокусот во средниот дел на фотографијата. Потоа, изберете рачен режим и изберете мала брзина на блендата (5-30 секунди) за да добиете подолга експозиција.

На фотографите кои штотуку почнуваат да снимаат со долга експозиција им препорачувам да ја користат опцијата „приоритет на решетка“ бидејќи така фотоапаратот ќе заврши половина од работата. Значи, во овој случај, започнете со решетка F14, поставете ISO 100 и користете приоритет на решетката. Фотоапаратот ќе ја одреди должината на експозицијата, а сè додека таа изнесува помалку од 30 секунди, ќе добиете одлични резултати.

@Nige Levanterman

Каква опрема од Canon користиш за фотографирање при слаба осветленост?

Сега имам три фотоапарати. EOS 5DS R од Canon го користам за снимање забрзани движења бидејќи фотографиите од 50 MP може да се претворат во 8k-видео. Ги користам и EOS 5D Mark IV од Canon и новиот EOS R од Canon. За објективите препорачувам да се користи F2,8 - тие снимаат многу поостри слики навечер бидејќи имаат многу добри перформанси за слаба осветленост. Исто така, со објектив со F2.8 или дури и со F1.4, може рачно да снимате солидни фотографии со долга експозиција.

Користиш многу ефекти по снимањето. Каков совет би им дал на оние кои почнуваат да обработуваат слики?

Првата грешка што сите ја прават, вклучувајќи ме и мене, е премногу голема заситеност на боите. Избегнувајте го ова во уредувањето по снимањето и оставете ги фотографиите да изгледаат реално.

За жал, не постои брз начин за совладување на вештините за уредување. Затоа, ако досега не сте користеле софтвер за уредување, тогаш одвојте малку време за да го проучите. YouTube нуди многубројни бесплатни водичи што одговараат за сите нивоа.

Најважно е да создадете сопствен стил - земајте инспирација од други, но немојте да ги копирате.

Кои ти се омилени места за фотографирање навечер - и зошто?

Ме привлекуваат места исполнети со живот во кои има многу луѓе, сообраќај и светилки. Затоа ја сакам празничната сезона. Декоративните светилки, преполните пазари и разните реклами го прават овој период од годината совршен за фотографирање при слаба осветленост.

@Nige Levanterman

Дали имате 3 најдобри совети за совладување на фотографирањето при слаба осветленост?

Инвестирајте во добар статив. За да добиете остра слика ви треба фотоапарат што мора да биде потполно стабилен - ако во фотографијата се појави заматување, тоа ќе биде резултат на некое случајно поместување.

Откако ќе изберете објект, изберете рачен фокус - на тој начин фотоапаратот ќе престане да се обидува да фокусира други подвижни елементи во кадарот, како луѓе што пешачат или коли во движење. За да го направите тоа, треба да изберете фокусна точка - притиснете го копчето за активирање на блендата до половина и префрлете го објективот во рачен режим.

Совладајте ги основите за фотографирање при слаба осветленост и потоа инвестирајте во објективи. Новиот објектив ќе ви го промени стилот потполно и ќе ви помогне да се подобрите себеси. Јас имав четири објективи пред да го купам мојот прв DSLR-фотоапарат.

Што е следно во вашето фотографирање, Nige?

Постојано разгледувам нови идеи. Сакам да бидам поинаков - затоа фотографирав многубројни уникатни згради на сопствен начин. Целта ми е постојано да напредувам, да бидам во тек со времето и потребите на социјалните медиуми.

@Nige Levanterman


Препорачана опрема

EOS 2000D од Canon

EOS M50 од Canon



Напишано од Sasha Newbury