Ossi Saarinen's urban nature photography story: a fox stares at us through a gap in a bush, which is out of focus.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИРОДА

Лице в лице: фотографирање урбана природа со Ossi Saarinen

Ossi Saarinen воодушеви илјадници следбеници на Instagram со своите фотографии од урбаната природа, во кои најчесто се присутни мили животни снимени на градските улици во Хелсинки или во нивна околина, како и во близина на областа Еспо во Финска.

Како лек за притисоците на модерниот живот во градот, 22-годишниот фотограф ги истражува предградијата секоја недела и создава портфолио на интимни портрети на животни исполнети со емоции: „Кога сум надвор заборавам на сите обврски и можам да се опуштам, дури и кога фотографирам. Ги сакам сите моменти поминати во природа“ - вели тој. Ossi ја споделува својата приказна за фотографирање урбана природа тука, почнувајќи од неговата прва средба со четири мали лисици, па сè до неговото прославување на Instagram (каде што е познат под прекарот @soosseli) пред само неколку години. Тој дури и објаснува како да добиете огромен број на следбеници на Instagram.

Без разлика дали најблиското зелено место до вас е парк или засадените грмушки околу градските улици, приказната и советите на Ossi ќе ве инспирираат да го земете фотоапаратот и да ја доловите природата околу вас. Урбаните животни се сè помалку срамежливи од луѓето во однос на нивните рурални роднини, така што може да дојдете во контакт со совршениот објект многу побрзо отколку што мислите.

Кога почна да ве привлекува фотографирањето во природа?

„Од кога паметам за себе многу ме интересира природата, а особено животните. Пред три години, кога имав 18 години, ја снимив првата фотографија и сфатив дека можам да ги снимам моментите во природа што ми се омилени“.

Мислите ли дека многу млади луѓе фотографираат природа?

„Да. Мислам дека интересот за тоа е сè поголем - барем од тоа што го гледам на Instagram каде што се појавија многу нови профили. Луѓето сè повеќе се интересираат за природата, можеби бидејќи гледаат одлични фотографии во нивното опкружување.

„Сакам да снимам фотографии од природа за да зачувам моменти на кои ќе можам да се присетам. А сакам и предизвик. Секој ден се обидувам да снимам подобра фотографија од минатиот ден“.

Каква опрема имавте кога почнавте да фотографирате?

„Татко ми имаше EOS 100D од Canon и ми го позајми. Го користам една или две години. Го користев објективот EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM од Canon со него, не беше многу скап. Сега го користам објективот EF 70-200mm f/2.8L USM од Canon и фотоапаратот за целосна слика EOS 6D од Canon“.

Живеете во град, како наоѓате толку животни за да ги фотографирате?

„Не треба да одите далеку за да пронајдете природа во градот. Во мојот стар стан во Еспо имаше дувло со лисици во задниот двор, а дури и во центарот на Хелсинки може да видите верверички, ракуни, кучиња и бувови. На сите места - дури и тие со многу малку природа како грмушки - се собираат животни. Диви животни може да најдете дури и во најмалите паркови“.

Дали некогаш сте користеле стапици со камери?

„Поставив една стапица со камера во шумата блиску до дувло со лисици за да видам како ќе функционира и да дознам што се случува во текот на ноќта. Освен таа не сум користел други. Најверојатно ќе ги користам повеќе во иднина доколку сакам да фотографирам срамежливи животни во рурални средини, но за градските животни не ми се потребни“.

Слични написи
canon-get-inspired-ossi-saarinen-urban-nature-photography-story-related1-185x94

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИРОДА

Како да ја снимите природата во градот

Ossi Saarinen ги открива најдобрите подесувања и креативни техники што ги користи за фотографирање на урбаната природа.

An Iberian lynx on a large rock looking directly at the camera.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Најдобри објективи за диви животни

Снимајте прекрасни слики од диви животни и птици со овие примарни објективи и објективи со зум.

A young kestrel perched on a wooden post, and with its wings arched, squawks fiercely.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Совети за фотографирање диви животни

Професионалната фотографка Dani Connor споделува најголеми совети за успех во индустријата со млад и надежен фотограф на диви животни.

Имате ли омилена фотографија?

„Мојата омилена фотографија ја снимив уште на првиот ден кога фотографирав лисици. Возев низ рурална средина и имав намера да фотографирам цвеќиња рано наутро. Но, цвеќињата беа затворени поради ладната ноќ, па затоа одлучив да се вратам дома. Возејќи забележав мали суштества како минуваат преку патот.

„Не бев сигурен што се, па затоа го паркирав автомобилот, излегов внимателно и видов како малите суштества влегуваат под една стара шупа. Легнав на земја неколку метри подалеку и почекав да видам што ќе се случи. Малку подоцна излегоа мали лисици. Тие не се исплашија од мене и си играа околу шупата. Снимив можеби 200-300 фотографии таму, а омилена ми беше фотографијата на која имаше четири мали лисици што одат кон фотоапаратот [прикажана погоре]. Мислам дека фотографирањето во природа ме направи трпелив - мора да бидете трпеливи за да снимите совршена слика“.

Вашиот стил е многу препознатлив - со мала длабочина на поле и од агли под кои објектот изгледа прекрасно. Дали размислувате за тоа кога фотографирате?

„Не размислувам за тоа кога фотографирам. Кога разгледувам кои слики ќе ги споделам, тогаш се обидувам да изберам слики на кои објектот е истакнат, речиси како да излегува од заднината. Овој ефект го добивам со голем отвор на блендата, при што заднината не е во фокус.

„Вообичаено користам режим со приоритет на отвор на блендата (режим Av), а отворот го поставувам на најголема можна вредност, на пример, f/2,8 во зависност од објективот. Понекогаш го користам и рачниот режим, но светлината честопати брзо се менува и животните постојано се поместуваат, па затоа режимот Av овозможува полесно користење отколку рачниот режим и побрза реакција.

„На почетокот не се обидував да ги направам да изгледаат [прекрасно] - мислам дека поради тоа што опашката на птиците не секогаш е видлива, тие изгледаат позаоблени. Исто така, честопати се обидувам да ги фотографирам кога гледаат директно во фотоапаратот. Снимам многу фотографии одеднаш и ги избирам оние на кои има смешен израз на лицето или чудно движење“.

Што би им кажале на луѓето кои размислуваат дали да купат фотоапарат или да ја користат камерата од нивниот телефон?

„Телефоните може да се користат за снимање одредени пејзажи, но за фотографирање животни не може да се приближите доволно поради ограничениот дострел на камерата на телефонот. Исто така, животните се движат брзо, а камерите во телефоните не се доволно добри за да ги замрзнат движењата. Освен тоа, со телефоните не може да фотографирате во темнина“.

Која опрема ви е омилена за фотографирање природа?

„Би го издвоил објективот EF 70-200mm f/2.8L USM од Canon што го користам со мојот фотоапарат EOS 6D од Canon. Зумот ми овозможува да фотографирам животни блиску до мене и на поголема оддалеченост, а отворот на блендата од f/2,8 е одличен во услови со слаба осветленост. Сакам објективи со широк отвор на блендата, бидејќи ви требаат големи брзини на блендата за да ги замрзнете животните во движење. Покрај тоа, објективот не е премногу тежок или голем за носење. Би сакал да се подновам со втората или третата генерација на овој модел во иднина [двете генерации имаат стабилизација на слика за снимање остри слики], но најважно ми е автоматскиот фокус да биде брз“.

Имате многу следбеници на Instagram чија бројка надминува 100.000. Како стекнавте толку голема публика?

„Отсекогаш си ги објавував омилените фотографии таму. За прв пат привлеков внимание со моите први фотографии од лисици што беа споделени на повеќе профили на Instagram каде што се објавуваат туѓи дела [Ossi користи популарни хаш-ознаки поврзани со овие профили кога ги објавува своите фотографии, а тоа им помага на тие профили да ги пронајдат неговите дела]. Кога ги споделија моите слики добив повеќе следбеници.

„Сега моите фотографии се објавуваат и на веб-страници и за нив се пишуваат написи. Пред неколку дена, на една веб-страница ги објавија моите фотографии и тоа многу брзо се рашири на интернет [со 467.000 прегледи во моментот на пишување]. Добив приближно 15.000 нови следбеници за три дена“.

Дали го обликувате кадарот за попрактично објавување на Instagram, на пример, дали го поставувате животното во средина на кадарот?

„Да. Неодамна почнав да размислувам како фотографиите ќе изгледаат на Instagram бидејќи тоа е главниот канал преку кој ги споделувам моите фотографии. Затоа вообичаено го поставувам животното во средина на фотографијата. Снимам и хоризонтални и вертикални фотографии, но ако размислувам само за Instagram, тогаш вертикалните фотографии слики се подобри. За да не им здодеам на моите следбеници споделувам само нови фотографии, наместо повторно да ги објавувам старите фотографии. Сите убави животни, како што се малите лисици и други мали животни, се одлични субјекти“.

Напшано од Kathrine Anker и David Clark

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите приказни