Cat and koala printed on PIXMA TS5350 printer

Печатење и изработка на модели

Забавувајте се, создавајте, изработувајте со @paperboyo

Rich McCor, познат под прекарот Paperboyo на Instagram, обожува да работи со хартија.

Повеќе од половина милион луѓе го следат за да видат што прави со неа.

Задачата беше едноставна - биди креативен, забавувај се и прави што ќе посакаш.

„Бев изненаден кога компанијата Canon ме замоли да направам креативен проект со печатачот од серијата PIXMA TS5350 и нејзината палета на хартија PIXMA. Целиот процес ми понуди многубројни можности за работа. Навистина уживам во тоа што го работам со моделите од хартија, но постојат и многу други работи што би сакал да ги пробам. Предизвикот од Canon ми овозможи забавно отстапување од тоа што го работам веќе подолго време.

„Тоа што ме привлече во предизвикот беше можноста да бидам креативен со хартијата, а притоа да го задржам својот стил и смислата за хумор, но ми овозможи и да истражам нови области што вообичаено би ги избегнал.“

Picture of hashtag #liveandcreate printed on PIXMA TS5350 printer.

Квалитетот на фотографиите што ги создаваше печатачот од серијата PIXMA TS5350 беше првото нешто што го забележа @paperboyo.

„Имав заборавено колку добро може да изгледаат материјалите отпечатени со одличен печатач, па кога отпечатив неколку пробни фотографии на сјајната фотохартија навистина се изненадив од квалитетот. Исто така, кога зборуваме за отпечатени фотографии веднаш помислуваме на сјајна хартија, но не очекував дека двостраната мат хартија ќе го има истиот квалитет. Многу ретро и многу интересно!“

Тој се изненади и од многубројните спонтани идеи што произлегоа од различните видови на хартија.

„Некои мои концепти одговараа, а некои не, но ми беше забавно да размислувам за нови идеи. Повеќето од идеите ми беа зачувани во папка на работната површина наречена „Идеи што треба да се пробаат во иднина“! Спојувањето на моите стари идеи со новите беше интересно.

„На пример, една моја видеоприказна што ја објавив на мојата страница на Instagram можеше да трае 5 минути доколку ги вметнев сите идеи во неа. На крајот искористив предмети како моливи и букви што скокаат од хартијата, што се покажа многу поефикасно отколку што очекував. Најмногу поради тоа што отпечатените материјали содржеа многу детали, па 2D-сликите добија реалистичен 3D-квалитет каков што немав видено дотогаш.“

„Идејата се роди од мојата љубов кон магионичарски трикови, оптички илузии и фотографии со лажна перспектива. Суштината на моите уметнички модели Paperboyo потекнува од оваа љубов кон магијата и илузијата. Фотохартијата ми овозможи да се вратам на старото хоби што го немав користено повеќе години.

Една идеја што @paperboyo ја имаше на ум долго време беше да ги печати своите модели од хартија Paperboyo врз маички и притоа да создаде интеракција со нивниот џеб.

 GIF of cat printed in pocket of T-Shirt using Fabric Iron-On Transfers.

„Во минатото разговарав со различни компании за печатење врз маички со кратки ракави. Нивниот одговор беше дека работењето со џебовите е премногу комплицирано и скапо и не сакаа да се нафатат. Не можев никако да ја реализирам таа идеја.“

Хартијата за пренос на слики врз материјали со пеглање му овозможи да експериментира со идеја што одамна ја имал замислено. Конечно успеа да ја реализира.

GIF of Koala printed in pocket of T-Shirt using Fabric Iron-On Transfers.

„Излегоа многу подобро отколку што замислував, дизајните изгледаат одлично и професионално, а многу се лесни и за изработка што ме изненади земајќи ги предвид разговорите со компаниите за печатење.“

@paperboyo е презадоволен од повратниот ефект што го добива.

„Навистина уживав додека работев со печатачот од серијата PIXMA TS5350 и оригиналните медиуми од Canon. Забавата во печатењето модели од хартија е во самите содржини и во прекрасните коментари што ги добивам.

„Во иднина дефинитивно ќе продолжам да експериментирам со оригами, анимации со запирање на движењата и, најмногу од сè, со маичките со кратки ракави.“

Затоа побарајте инспирација за да се забавувате, да создавате и да ги реализирате вашите идеи исто како @paperboyo, а потоа споделете ги со нас преку #LiveAndCreate.

Слични написи
Printer fun for everyone

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Печатач за сите

Шест начини на коишто вашиот печатач PIXMA може да ги развесели вашиот дом, семејните активности и уредите.

A lemon hovers in the air above an illustrated print of a tennis player about to serve. The effect makes it look as if the player is about to hit the lemon.

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Интересни отпечатени материјали со Paperboyo

Забавувајте се, печатете и објавувајте: Paperboyo, ѕвездата на Instagram, експериментира со SELPHY Square QX10 од Canon.

Create a papercraft safari

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Создадете сафари од хартија

Инспирирајте се од природата и отпечатете своја семејна активност со животни со помош на Creative Park од Canon.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите приказни