ПРЕНОСЛИВИ ФОТОАПАРАТИ

Погледнете го светот одблиску со PowerShot ZOOM од Canon

Мал, лесен и со моќен зум - дознајте како овој џебен фотоапарат ќе ви помогне да гледате подалеку.
Млада девојка со капа седи со родителите во шума, сите тројца гледаат нешто што е надвор од кадарот, а таткото користи PowerShot ZOOM од Canon.

Љубителите на природата, љубителите на патувања и љубителите на спортот можат да влезат во центарот на случувањата со новиот PowerShot ZOOM од Canon. Џебниот и компактен фотоапарат во форма на монокулар нуди оптички зум што е еквивалентен на 100 mm, 400 mm и дигитален зум до 800 mm за да ви овозможи да снимате субјекти од голема оддалеченост - без да го пропуштите моментот.

PowerShot ZOOM од Canon е интересен и практичен фотоапарат за сите на кои им е потребен голем зум каков што не можат да им понудат нивните паметни телефони и мобилни уреди. Тој е идеален за аматерски фотографи и семејства. Katy Stern, блогерката што работи за веб-страницата за семејни патувања „Otis and Us“, каде што ги објавува своите надворешни авантури, го тестираше PowerShot ZOOM од Canon за време на прошетка во шумата со нејзиниот сопруг и нејзините три мали деца. Тука ќе ни открие што мисли за новата опрема.

Семејство од двајца возрасни членови и три деца се држат за раце додека пешачат низ шумата на сончев есенски ден.

Katy и нејзиниот маж се обидуваат да поминат колку што е можно повеќе време на семејни авантури. Лесниот и компактен PowerShot ZOOM од Canon им овозможи да се доближат до природата како никогаш досега и да ги снимат нивните доживувања.

Земете го и тргнете - многу лесно

Некој го држи фотоапаратот PowerShot ZOOM од Canon.

PowerShot ZOOM од Canon, во вид на монокулар, е мал фотоапарат со неверојатен зум што може да снима висококвалитетни фотографии и Full HD-видеоснимки и затоа е совршен за семејствата кои уживаат во активности на отворено.

Жена става фотоапарат PowerShot ZOOM во џебот од нејзината кожна јакна.

Елегантниот и компактниот дизајн на PowerShot ZOOM од Canon е доволно мал за да го носите во џеб.

Со тежина од само 145 g, овој џебен фотоапарат нема да ви тежи, поради што е идеален за носење на повеќедневни авантури за кои ќе ви треба повеќенаменски зум, покрај камерата на паметниот телефон. „Многу ми се допаѓа тоа што е мал и компактен“ - вели Katy. „Многу е лесен за да го носите со вас и може да почнете да го користите секогаш кога ќе ви притреба. Излегувањето од домот со децата може да биде напорно бидејќи треба да носите многу работи - торби, јакни, храна, вода - и понекогаш нема доволно простор за голем фотоапарат и објективи. Ова е совршено решение“.

За да овозможи практично користење, PowerShot ZOOM од Canon е дизајниран да понуди флексибилни опции за полнење. Во домот може да го полните преку USB-C-приклучок и компатибилен полнач или со компатибилна пренослива батерија кога сте надвор.1 Откако ќе го наполните, тој може да сними приближно 150 слики или да снима видео во времетраење од вкупно 60 минути (во интервали од по 10 минути).2

Може да го користите во секое време и на едноставен начин

Коприварка (пеперутка) стои на дрво, скриена зад висока трева.

PowerShot ZOOM од Canon е идеален за фотографирање диви животни без да го исплашите вашиот субјект3.

Жена во кожна јакна гледа низ визирот на фотоапаратот PowerShot ZOOM од Canon.

PowerShot ZOOM од Canon е дизајниран да се користи со една рака, поради што претставува едноставна опција за новите фотографи.

Фотоапаратот е дизајниран за фотографирање со една рака, па затоа Katy вели дека е многу едноставен и практичен за користење. „Ова е одличен фотоапарат од основна класа бидејќи нема премногу копчиња или сложени инструкции. Фотографирајте и продолжете понатаму“ - вели таа.

Електронскиот визир (EVF) има исти спецификации како и визирите кај фотоапаратите без огледало, како што е EOS M50 од Canon (2,36 милиони точки, стапка на освежување од 60 fps), па затоа сè што треба да направите е да го насочите фотоапаратот кон субјектот, да го обликувате кадарот на сцената, да зумирате колку што е потребно и да ја снимите сликата. Токму поради тоа, PowerShot ZOOM е идеален за фотографи од сите возрасти и вештини. „Најголемата ќерка прашуваше дали може да добие ваков фотоапарат за роденден“ - вели Katy. „Таа навистина се заинтересира за фотографирање, што јас секако го поддржувам“.

Додека шетаа во шумата обоена во есенски бои, Katy се увери дека сензорот на фотоапаратот од 1/3 инчи со резолуција од 12 MP ѝ овозможи на неа и нејзините деца да ги фотографираат брзите диви животни со брзина до 10 слики во секунда. „Јас не сум професионален фотограф“ - признава таа. „Но сакам да фотографирам - тоа беше причината поради која го започнав блогот. Сакам да ги фотографирам децата и надворешниот живот и се надевам дека со тек на времето ќе станам подобра во тоа. Овој фотоапарат е одличен за сите нивоа на вештини, па да се надеваме дека ќе ми помогне да ги подобрам моите вештини“.

Може да снимате детали од далечина

Модроглава сипка стои на гранка, скриена во лисјата.

Можностите на AF на PowerShot ZOOM од Canon овозможуваат лесно следење на птиците во шумата. Снимените слики се јасни и остри.

Момче гледа низ визирот на фотоапаратот PowerShot ZOOM од Canon.

Благодарение на едноставниот дизајн, PowerShot ZOOM од Canon е многу лесен за користење.

Иако овој компактен фотоапарат е лесен и пренослив како паметен телефон, тоа се нивните единствени сличности. „Овој фотоапарат е лесен за носење како паметен телефон, но нуди и навистина импресивен зум“ - вели Katy. Камерите во паметните телефони вообичаено имаат ограничен оптички зум, што значи немаат голема фокусна должина со ефикасна стабилизација на слика. PowerShot ZOOM од Canon е опремен со еквивалент на телефото објектив од 400 mm во своето компактно куќиште, со можност за дигитално зумирање до 800 mm, што ќе ве доближи до субјектот многу повеќе отколку што е можно со стандардните паметни телефони.

Ваквиот опсег ќе им помогне на љубителите на природата, љубителите на патувања и љубителите на спортот да се доближат до специјалните моменти што не се случуваат блиску до нив, како разиграни птици во градината, лавови што одмараат на дрвјата во Serengeti, ситни детали од познати знаменитости или победничкиот израз на спортистот кој ја постигнува неговата цел.

За импресивен опсег е потребна импресивна стабилизација на слика, а оптичката стабилизација на слика на PowerShot ZOOM од Canon е доволно моќна за да овозможи стабилни слики и остри субјекти, дури и при големи фокусни должини. „Фотографиите и видеоснимките од нашата авантура во шумата изгледаат многу добро - многу јасно!“ вели Katy, која често шета во природа. „Фотографиите и од децата и од дивите животни изгледаат одлично, многу се остри“.

Снимајте фотографии и видеоснимки со допир на едно копче

Млада девојка со капа гледа низ визирот на фотоапаратот PowerShot ZOOM од Canon.

Едноставноста на PowerShot ZOOM од Canon ви овозможува да обликувате и снимате фотографии за неколку секунди.

Додека пешачеа низ шумата, Katy и нејзиното семејство забележаа различни диви животни и ги фотографираа, менувајќи често помеѓу фотографии од 12 MP и Full HD-видеоснимки. „Мислам дека честопати забораваме да уживаме во моментот поради паметните телефони што ни го одземаат вниманието“ - вели Katy. „PowerShot ZOOM од Canon е многу едноставен уред што не го одзема вниманието и ги подобрува доживувањата во природа. Зумот може многу да ве доближи до случувањата за максимално да уживате во моментот“.

Автоматскиот фокус (AF) на фотоапаратот е одличен за брзо фокусирање на главните субјекти во услови со добро осветлување. Кои други функции ви беа најпрактични? „AF со препознавање лица беше неочекувано изненадување“ - вели Katy. „Ми овозможи да ги следам децата додека трчаа покрај дрвјата, а подеднакво лесно беше и фотографирањето на еден зајак што скокаше низ тревата во далечина“.

Работи беспрекорно со вашиот паметен телефон

Жена го држи фотоапаратот PowerShot ZOOM од Canon и го поврзува безжично со нејзиниот паметен телефон.

Вградениот Wi-Fi во PowerShot ZOOM од Canon ѝ овозможи на Katy да го поврзе фотоапаратот со бесплатната апликација Canon Camera Connect во нејзиниот паметен телефон, а тоа ѝ овозможи да го обликува кадарот на сликите преку нејзиниот телефон и да фотографира далечински.

Освен тоа што ја гледаше природата низ EVF на фотоапаратот, држејќи го со една рака, Katy откри дека фотоапаратот може да го проследи прегледувањето во живо кон нејзиниот паметен телефон преку вградениот Wi-Fi на PowerShot ZOOM од Canon со помош на бесплатната апликација Canon Camera Connect. На тој начин, целото семејство можеше да ја види сликата, да учествува во обликувањето на кадарот, па дури и да ја активира блендата далечински.2

„Поврзувањето со апликацијата е многу лесно - не требаше да чекаме да се вратиме дома“ - вели Katy. „На сите ни се допадна функцијата за прегледување во живо. Можноста за далечинско фотографирање го зближи семејството. Сите можат да уживаат во моментот и да видат што се случува на екранот во реално време. Тоа беше совршено во моментите кога децата не можеа да видат што гледав. Можев да им покажам што се крие во дрвјата со помош на функцијата за прегледување во живо преку апликацијата Canon Camera Connect во мојот телефон - тоа беше одлично“.

Покрај тоа што може да зачувувате фотографии и видеоснимки во microSD-картичка што ќе ја вметнете во PowerShot ZOOM4 од Canon, може и да ги искористите опциите за поврзување на фотоапаратот за да зачувувате содржини безжично во вашиот телефон, а потоа оттаму да ги споделувате сликите со пријателите и следбениците на социјалните медиуми.

Напишано од Natalie Denton

  1. Со фотоапаратот не се испорачува полнач. Минималните предуслови за полнење се извор за напојување со енергија компатибилен со USB PD што испорачува најмалку 5V, 1,5 A со USB Type-C излез и користење на испорачаниот USB Type-C во Type-C кабел. Кога снимате фотографии или видеоснимки, напојувањето се испорачува директно до фотоапаратот, без да се полни внатрешната батерија. Времето на полнење со PD-E1 од Canon изнесува прибл. 1 час 50 мин.
  2. Максималното време на снимање е 9 мин. 59 сек. по снимка. Не може да снимате видео кога е активна Wi-Fi-врската.
  3. Сите слики што ги содржи статијата се создадени со модел направен пред масовното производство на уредот.
  4. Не се испорачува мемориска картичка со фотоапаратот.

Слични статии

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

    Уживајте во природата

    Фотографот за диви животни Tolga Aktas говори како PowerShot ZOOM може да ви помогне да уживате во моментот.

  • ДИВИ ЖИВОТНИ

    Споредба меѓу монокулар и двоглед– што е најдобриот избор за набљудување птици?

    PowerShot ZOOM од Canon е монокуларен фотоапарат со џебна големина што е идеален за набљудување птици – но, како се споредува со двогледите од Canon?

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

    Фотографирање спорт „насочи и фотографирај“

    Професионалниот фотограф Molly Darlington истражува како може да ги фотографирате големите спортски настани со џебен фотоапарат.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

    Нескротен по природа

    Пет причини поради кои PowerShot SX740 HS е совршен за фотографирање диви животни.