ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА
Обиколка на Севиља со EOS R10
Блогерката Diana Millos открива зошто овој креативен фотоапарат е совршен придружник за патување.
УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Фотографот и режисер за документарци Piotr Malecki го сака својот роден град Варшава: неговите полни улици, ведрите луѓе и богатата културна сцена.
„Градот Варшава беше убав пред Втората светска војна“ - вели тој. „Голем дел од него беше уништен и потоа беше обновен за да личи на оригиналниот, но тој има и друга страна“. Во последните 10 години се градеше многу, особено покрај реката Vistula, поради што овој полски град доби нова област во која луѓето можат да уживаат.
Татко му на Piotr е инспирацијата за неговата љубов кон фотографијата бидејќи му подарил руски фотоапарат Smena за Божиќ. Тој подарок најмногу му значел на 11-годишниот Piotr: „на некој начин, татко ми е причината поради која станав фотограф. Не само што ми го подари овој фотоапарат, туку и ми покажа како да фотографирам“ - вели тој.
Piotr сега фотографира само со фотоапарати од Canon и тој беше првиот фотограф во Европа што почна да го користи новиот EOS M6 Mark II од Canon. Местото во кое најмногу сакаше да го користи беше Варшава. Одеше по патот што граничи со западната страна на реката и покриените плажи на источната страна, каде што младите се собираат навечер за да се забавуваат.
EOS M6 Mark II од Canon беше соодветен за опуштениот и спонтан стил на улично фотографирање на Piotr, бидејќи е пренослив фотоапарат без огледало со разновидни функции и сензор со 32,5 мегапиксели. Неговите врвни карактеристики како што се брзината за секвенцијално фотографирање од 14 слики во секунда (fps), екранот на допир што се преклопува за 180˚, снимањето 4K-видео и многу други му овозможија многубројни креативни опции на Piotr.
„За почетници или ентузијасти во областа на фотографирање кои немаат голем буџет или сакаат лесна опција, овој фотоапарат е совршен за нив“ - вели тој.
Тука Piotr ќе ги сподели своите совети за улично фотографирање и за максимално искористување на функциите на EOS M6 Mark II од Canon.
Снимањето спонтани моменти и интересни сцени е една од најголемите радости на уличното фотографирање, но неопходно е да имате фотоапарат со брз секвенцијален режим.
На Piotr му се укажа интересна и невообичаена прилика за фотографирање. „Неколку момци со крос-велосипеди скокаа под зраците на уличните светилки“ - вели тој. „За да ги фотографирам морав да применам комбинација од повеќе параметри - висока вредност за ISO, висока стапка на слики и фокус со широко отворена бленда (f/1,4) - и мислам дека резултатот беше многу добар“.
Избирањето на секвенцијалниот режим во RAW-формат на EOS M6 Mark II од Canon му овозможи на Piotr да фотографира со 30 fps и притоа да сними слики со помала резолуција од 18 мегапиксели. Достапна е и опција за пред-фотографирање што зачувува слики снимени половина секунда пред целосно притиснување на копчето за блендата, овозможувајќи ви да ги доловите дури и најкратките моменти.
Придобивките се големи доколку имате мал и практичен фотоапарат што може да снима видеозаписи со различни резолуции и стапки на слики, а во тоа се увери и Piotr кога наиде на група млади луѓе кои играа одбојка покрај реката Vistula.
EOS M6 Mark II од Canon може да снима 4K-видеозаписи со „остри детали“ и висока стапка на слики, објаснува Piotr. Овие 4K-детали ќе ви овозможат да ја отсекувате сликата на вашите видеозаписи во обработката по снимањето и да прикажувате видеоматеријали со Full HD-резолуција, што на режисерите како Piotr им нуди поголема флексибилност при обликување на кадарот. „Може да изберете дел од сликата и да ја зголемите без загуби во квалитетот“ - вели тој.
Во Full HD, EOS M6 Mark II од Canon му овозможи на Piotr да снима брзи движења со брзина од 60 fps без заматување на движењата што може да се појават при помали брзини. Достапна е и опција за 120 fps со која добивате забавени движења до 4x, за уште појасни видеозаписи.
За да ја доловите атмосферата на градот, многу е важно да го истражите неговиот ноќен живот. Независно дали Piotr снимаше одбојка на плажа при слаба вечерна светлина или луѓе како возат крос-велосипеди во темнина, тој немаше да успее во тоа без врвните перформанси на EOS M6 Mark II од Canon при слаба осветленост.
„Го тестирав фотоапаратот во опкружувања со слаба осветленост и користев ISO 3200. При повисока чувствителност се појавува малку зрнеста текстура“ - вели тој, дополнувајќи дека EOS M6 Mark II од Canon може подеднакво добро да снима и фотографии и видеозаписи при слаба осветленост. Фотоапаратот може да фотографира со чувствителност до ISO 25600.
Опфаќањето луѓе во кадарот при урбаното фотографирање е еден од најдобрите начини за да го доловите амбиентот на местото и притоа да додадете движења и карактер за да внесете реалистичност во фотографиите. Луѓето се централен дел од работата на Piotr. „Фотографирам места, но во основа користам луѓе како субјекти“ - вели тој.
Кога фотографирате луѓе во некоја сцена треба да одредите фокусна точка, без разлика дали тоа ќе бидат очите на главниот субјект, лицето на некоја централна личност во толпа луѓе или некој кој скока за да прими топка. Во тоа ќе ви помогне флексибилниот и практичниот систем за автоматско фокусирање (AF) на EOS M6 Mark II од Canon.
„Прецизноста на автоматскиот фокус е многу важна, а EOS M6 Mark II од Canon нуди многу сигурен и брз автоматски фокус“ - вели Piotr. „Тој ги следи лицата, а може да следи и очи“.
EOS M6 Mark II од Canon фокусира автоматски и ви нуди можност да му препуштите на фотоапаратот да избере фокусна точка или вие рачно да изберете фокусна точка. Piotr одлучи рачно да ги поставува AF-точките пред да започне со следењето, а притоа да ја користи целата активна AF-површина или само одредена зона. Користејќи го изборниот визир за да го обликува кадарот, тој ја избираше точката со помош на палецот преку екранот на допир поставен на задната страна.
„Фокусот можете да го поставите врз делот од сликата што фотоапаратот треба да го следи и тоа не мора да биде лице - може да биде сè - и фотоапаратот нема да го изгуби фокусот“.
Двете функции што навистина го прават EOS M6 Mark II од Canon уникатен според Piotr се „прецизноста на автоматскиот фокус при фотографирање со голем отвор на блендата и можноста за фотографирање со повисоки вредности на ISO без загуби во квалитетот“. Можноста за менување објективи е, исто така, многу важна. „Ако ми треба поголема сигурност за висок квалитет кога фотографирам при слаба осветленост, можам да го заменам стандардниот објектив со EF-M 32MM f/1.4 STM од Canon“ - вели тој, „поради што фотоапаратот е одличен избор за ентузијасти и професионални фотографи на кои им треба пренослив втор фотоапарат“.
Напишано од Kevin Carter
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите приказниФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА
Блогерката Diana Millos открива зошто овој креативен фотоапарат е совршен придружник за патување.
УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Создавајте неверојатна уметност од секојдневното опкружување со овие едноставни техники за нереални урбани слики.
УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Доловете ја магијата во секојдневниот живот со овие совети и техники од уличниот фотограф Giuseppe Esposito-Rodrigues.