Фотографирањето спорт нуди многубројни креативни можности и одлични прилики за да ги испробате режимите и функциите на вашиот фотоапарат што можеби досега не сте ги користеле.
Следниот пат кога ќе одите на некој спортски настан, обидете се да доловите прекрасни сцени со движења, да ги замрзнете движењата и да ја доловите атмосферата на натпреварот. Овие седум совети ќе ви помогнат да извлечете максимум од вашиот фотоапарат за време на натпреварот, без разлика дали ќе фотографирате со компактен или хибриден фотоапарат како што е PowerShot SX70 HS од Canon или DSLR-фотоапарат како што е EOS 80D од Canon.
На спортските настани многу фотографи фотографираат од ист агол, па затоа размислете како може да ги направите вашите слики поинакви. Можеби ќе легнете долу и ќе фотографирате од низок агол? Или, пак, ќе направите симетрична композиција од играчите снимена од висока точка? Воглавно, фотографирањето од страна на теренот е подобро отколку зад голот.
Може да експериментирате и со различни фокусни должини. Ако користите фотоапарат со заменливи објективи, тогаш со телефото објектив како што е EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM од Canon ќе се доближите до случувањата, а неговата вградена стабилизација на слика ќе помогне во спречување на тресењето на фотоапаратот.
Поголемиот дел од времето ќе снимате поединечни кадри, но кога фотографирате динамички спортови како рагби или фудбал, тогаш ќе сакате да ја искористите најдобрата прилика за доловување на најважните моменти. Затоа спортските фотографи фотографираат во секвенцијален режим или режим за континуирано фотографирање.
За да ги активирате, одете во менито за режим на погон на вашиот фотоапарат. Некои фотоапарати имаат вртливо копче на горниот дел на фотоапаратот што нуди директна контрола; во спротивно, режимите за погон може да ги пронајдете во менито на фотоапаратот. Режимот за една слика е означен како правоаголен кадар на вртливото копче, а режимот за континуирано фотографирање како повеќе кадри.
Повеќето фотоапарати ќе можат да фотографираат со брзина од 5 до 12 слики во секунда во секвенцијалниот режим. На тој начин, по фотографирањето ќе имате повеќе слики од кои ќе можете да ја изберете таа што најдобро го доловува моментот, како на пример, одлична одбрана на голманот.
Фотоапаратот PowerShot SX70 HS од Canon може да фотографира 10 слики во секунда во секвенцијален режим и опремен е со практичен LCD-екран со променлив агол што овозможува удобно фотографирање дури и кога лежите долу или кога стоите во незгодна положба. Друга одлична опција е фотоапаратот PowerShot G7 X Mark II од Canon кој фотографира 8 слики во секунда. Се одликува со систем за автоматско фокусирање со 31 зона што ќе ви овозможи да изберете точка на фокусирање и да следите лица и предмети со допирање на екранот.