Фотографите на движења сакаат да им го привлечат вниманието на гледачите кон нивните слики за да им пренесат какво е чувството да се биде покрај теренот, да се седи во џип на сафари или да се лета покрај птица грабливка.
Еден од најдобрите начини да се постигне тоа е да се исполни кадарот со движење и да се прикаже субјектот одблиску и детално. Ќе има прилики во кои ќе можете да се позиционирате на само неколку метри од случувањата. Меѓутоа, во повеќето случаи ќе стоите зад пречки или огради и ќе треба да фотографирате од далечина. Во овие случаи, најдобро е да користите објектив со голема фокусна должина за да можете да ги доловите случувањата.
Фокусната должина се мери во mm и колку бројот е поголем , толку е поголемо и зумирањето со сензорот на фотоапаратот. Воглавно, објективите со фокусна должина поголема од 85 mm се нарекуваат телефото објективи, но за да фотографирате движења одблиску ви треба објектив со фокусна должина од 200 mm или повеќе, како што се EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM или EF 70-300mm f/4-5.6 IS USM. Овие телефото објективи нудат опсег на фокусни должини и се популарни за фотографирање движења на различна оддалеченост од положбата на фотографирање.
Да погледнеме неколку примери:
Овие слики се снимени со фотоапарат EOS од истата положба на брегот на водата. За првата слика е користен објектив со опсег од 18-55 mm - стандардна должина за секојдневно фотографирање. На сликата се прикажува голем дел од околната водена површина и не се чувствувате поврзани со случувањата, а субјектот изгледа мал во кадарот. Меѓутоа, за втората слика е користен објектив со опсег од 55-250 mm што се доближува до случувањата и го обликува кадарот околу сурферот. Оваа слика ги фокусира малите детали, како што е лицето на сурферот и прскањето со капки вода што го предизвикува кога врти. Оваа слика одблиску овозможува исполнување на кадарот со движења, при што се елиминираат сите пречки во заднина и се насочува вниманието на гледачот кон случувањата.