ТЕХНОЛОГИЈА

APS-C-формат наспроти формат за целосна слика - објаснување на разликите

Што е тоа фотоапарат за целосна слика и која е разликата помеѓу сензор за целосна слика и APS-C-сензор? Ова се клучните разлики и предности на двата типови.
Поделена слика што го прикажува EOS R6 од Canon на голема карпа со мов и EOS R7 од Canon, исто така на карпа.

Која е разликата помеѓу APS-C-фотоапаратите и фотоапаратите за целосна слика?

Главната разлика помеѓу APS-C-фотоапаратите и фотоапаратите за целосна слика е физичката големина на сензорот за слика - сензорите на фотоапаратите за целосна слика се поголеми од сензорите на APS-C-фотоапаратите - а другите разлики помеѓу двата видови фотоапарати произлегуваат од оваа разлика. Но, како и кај повеќето нешта, поголемо не мора да значи и подобро, така што секој формат има свои клучни предности.

EOS R6 покрај EOS R7, на двата фотоапарати нема прикачен објектив.

Кога ги споредуваме овие два фотоапарати со системот EOS R без прикачен објектив, разликата во големината на сензорите е очигледна. Лево, EOS R6 за целосна слика; десно, APS-C EOS R7. RF-приклучокот за објективи е идентичен на двата модели.

Сензор APS-C пред сензор за целосна слика, за споредба на нивните димензии.

Споредба на сензор за целосна слика и сензор APS-C. Разликата во големината објаснува зошто APS-C-фотоапаратите може да бидат помали и покомпактни од фотоапаратите за целосна слика.

Што е APS-C?

Активната површина на сензорите за слика за APS-C-формат од Canon изнесува 22,2x14,8 mm, што блиску одговара на рамката на фотографски филм со APS-C-формат.

Форматот APS (Advanced Photo System) првпат бил претставен во 1996, како нов тип картриџ со фотографски филм. Во повеќето фотоапарати со филм во тоа време, можело да се избере различен сооднос на слика, меѓу кои C (Classic) со истиот сооднос на слика од 3:2 како и стандардните фотоапарати со филм од 35 mm, H (High definition) со широкоаголен сооднос на слика 16:9 и P (Panoramic) 3:1.

APS-C одговара и на видео форматот Super 35 и стана популарен избор за големина на сензор за слика за дигиталните SLR фотоапарати EOS од Canon (DSLR), како и за фотоапаратите без огледало од серијата EOS M.

Две фламенко танчарки во бујни долги фустани позираат за фотоапаратот во живописен двор со повеќе сводови.

При истите вредности за решетка и фокусна должина, APS-C-фотоапаратите како што е EOS R10 од Canon типично создаваат поширока длабочина на поле отколку фотоапаратите за целосна слика. Ова е идеално за добивање острина низ целата површина на сликата. Снимено со EOS R10 од Canon и објектив EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM од Canon со избрани 10 mm, 1/320 сек., f/5 и ISO1600. © Diana Millos

Портрет од млада жена со долга темна коса пред заматена заднина.

Фотоапаратите за целосна слика со брз објектив карактеристично создаваат помала длабочина на поле, со што ви овозможуваат да го изолирате главниот субјект во сцената така што ќе ја заматите заднината. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 85mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/500 сек., f/1,8 и ISO 1600. © Javier Cortes

Што претставува форматот за целосна слика?

Сензорите за целосна слика од Canon имаат активна површина од 36x24 mm, истата големина како и кадар од филм од 35 mm.

Филмот со формат од 35 mm датира од 1889 година, кога бил претставен како стандардна ширина на филмот за снимање видеозаписи. Тој наскоро станал стандарден за фотографирање и бил пренесен во дигиталните фотоапарати за целосна слика, вклучувајќи ги и DSLR-фотоапаратите EOS и фотоапаратите без огледало од системот EOS R.

APS-C-сензорите и сензорите за целосна слика создаваат слики со стандарден сооднос на слика од 3:2, а APS-C-сензорите може да имаат ист број мегапиксели како сензорите за целосна слика. Меѓутоа, сензорите за целосна слика физички се поголеми за приближно 63% или 1,6x пати од сензорите за слика во APS-C-формат.

Поглед на градот Севилја во кој централно место зазема кулата на Црквата на благовештението.

„Факторот на отсекување“ на сензорот APS-C овозможува субјектот да исполни поголем дел од кадарот, со што овозможува објективот да има поголем опсег. Оваа фотографија од Црквата на благовештението во Севилја беше снимена со фотоапарат за целосна слика, EOS RP од Canon со објектив RF 70-200mm F2.8 L IS USM од Canon со избрани 84 mm, 1/400 сек., f/8 и ISO 200.

Поглед на градот Севилја, кулата на Црквата на благовештението е поблиску во средината

Оваа слика е снимена од истото место, со истиот објектив, фокусна должина и поставки, но со APS-C-фотоапарат. Помалиот сензор доловува помал дел од сцената, така што ефектот е ист како и зумирањето на кулата. Снимено со EOS R10 од Canon и објектив RF 70-200mm F2.8 L IS USM од Canon со избрани 84 mm, 1/400 сек., f/8 и ISO200.

Објаснување за факторот на отсекување

Физичката разлика во големината помеѓу двата видови сензори одредува што може да „види“ фотоапаратот. Сите објективи создаваат кружна слика, што значи дека објективите со компатибилност за целосна слика треба да имаат доволно голем периметар за сликата да се преклопи со аглите на правоаголниот сензор за целосна слика. Ако го користите истиот објектив со фотоапарат од APS-C-форматот, помалиот сензор за слика ќе искористи помал дел во центарот на истата кружна слика. Како резултат на тоа, во споредба со сликата од сензорот за целосна слика, сликата ќе биде отсечена.

Бидејќи APS-C-сензорите во фотоапаратите од Canon се 1,6x помали од сензорите во фотоапаратите за целосна слика од Canon, „факторот на отсекување“ е 1,6x. Тоа значи дека ако фотографирате со стандарден објектив од 50 mm на APS-C-фотоапарат, ќе добиете видно поле еквивалентно на објектив од 80 mm на фотоапарат за целосна слика (50 x 1,6 = 80). Според тоа, ако фотографирате со објектив за целосна слика од 100 mm на APS-C-фотоапарат, ќе добиете видно поле еквивалентно на објектив од 160 mm на фотоапарат за целосна слика. Затоа, факторот на отсекување понекогаш се нарекува и „множител на фокусна должина“ и ви ја покажува ефективната фокусна должина на објективот што го користите.

Ако сакате да вршите вакви пресметки кога користите RF, EF, RF-S, EF-S или EF-M објектив на APS-C-фотоапарат, може да го користите калкулаторот за ефективна фокусна должина во бесплатната апликација Canon Photo Companion.

Факторот на отсекување важи за сите објективи за целосна слика што се користат на фотоапарати со APS-C-формат, вклучувајќи ги и објективите EF и RF. Објективите EF може да се користат со сите APS-C-фотоапарати од системот R, со кој било опсег на адаптерите за монтирање објективи EF-EOS R.

Голема водена површина опкружена со ридови и планини, снимена при слаба осветленост.

Предности на APS-C-форматот во споредба со форматот за целосна слика

Бидејќи APS-C-сензорите се помали, фотоапаратите може да бидат покомпактни и полесни, што е идеално за улично фотографирање и фотографирање при патувањата. Бидејќи од објективот дизајниран за APS-C-фотоапаратите се бара помала кружна слика, објективот може да биде помал и полесен, а според тоа и подостапен.

Факторот на отсекување на сензорот APS-C овозможува помалите или подалечни субјекти да изгледаат поголеми во кадарот, со што се зголемува ефективната фокусна должина на секој објектив за 1,6x. Тоа може да биде голема предност за фотографирање диви животни, движења и спорт. Ако користите објектив со високи перформанси, но сепак достапна цена, каков што е EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM од Canon со APS-C-фотоапарат, ќе добиете ефективен опсег на зумирање од 112-480 mm, со што би добиле перформанси слични на извонреден телефото објектив. Објективот RF 100-400mm F5.6-8 IS USM, кој има слична цена на чинење, добива ефективен фокусен опсег од 160-640 mm на APS-C-фотоапарат. За да го добиете истиот опсег на фотоапарат за целосна слика, би ви бил потребен поголем, потежок и поскап објектив.

Може да ги отсекувате сликите од фотоапаратите за целосна слика за да го добиете истиот ефект, но бројот на мегапиксели би бил намален, така што снимените фотографии би биле помали и помалку остри доколку повторно би ги зголемиле. Фотографирањето со фотоапарат со APS-C-формат ви заштедува и време и напор за рачно отсекување на сликите во фазата на уредување.

Рудар за јаглен работи во слабо осветлен рудник, а двајца други рудари го гледаат.

Сензорите за целосна слика најчесто се избирани за фотографирање при високи ISO вредности затоа што имаат поголеми електронски кола за откривање бои од сензорите APS-C со ист број мегапиксели, што значи дека може да доловат повеќе светлина со помалку шум. Оваа слика беше снимена во рудник за јаглен под светлината на светилките на рударите, користејќи го EOS R од Canon за целосна слика со објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/100 сек., f/2,0 и ISO 12800. © Daniel Etter

Ноќен градски пејзаж на кој се прикажани високи згради, а уличните светла се рефлектираат од водена површина во преден план.

Дури и во такви услови, шумот во сликата е под контрола благодарение на фотоапаратот EOS R7 со 32,5 MP и фотоапаратот EOS R10 со 24,2 MP, кои можат да доловат извонредни фотографии со минимален шум во услови со многу слабо осветлување при високи ISO-вредности. Снимено со EOS R10 од Canon и објектив RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 22 mm, 1/40 сек., f/8 и ISO25600.

Предности на форматот за целосна слика во споредба со APS-C-форматот

Бидејќи сензорите за целосна слика имаат пошироко видно поле, фотоапаратите за целосна слика се идеални за снимање пејзажи, извонредно широки архитектонски ентериери и астрофотографии, како и за креативен ефект кога сакате да ја преувеличите перспективата помеѓу предниот и задниот план во сликата.

Општо правило е дека, особено при пошироки решетки (пониски f-броеви), фотоапаратите за целосна слика може да создадат помала длабочина на поле од APS-C-фотоапаратите, што значи дека помал дел од сликата е во остар фокус, а поголем дел од заднината е заматен. Тоа често е идеално за фотографирање мртва природа и портрети, како и во секоја друга ситуација на фотографирање во која сакате да го изолирате главниот субјект така што ќе ја дефокусирате заднината.

Уште една предност на сензорите за целосна слика е директно поврзана со нивните поголеми димензии. Под идентични услови, поединечните електронски кола за откривање бои или рецепторите за светлина на сензорите за целосна слика се физички поголеми од оние на APS-C-сензорите со еднаков број на мегапиксели. Затоа тие имаат поголем потенцијал за собирање светлина и може да доловат повеќе информации со помал шум на слика, особено при високи ISO вредности во услови на слаба осветленост. Тоа е голема предност за фотографирањето портрети на затворено и свадби, како и за рачно фотографирање на самрак, ноќни градски пејзажи, како и секогаш кога ви се потребни доволно големи брзини на блендата за да го замрзнете движењето во слабо осветлените сцени.

Фотоапарат EOS R10 од Canon со објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM во скутот на жена која носи светложолт фустан.

Благодарение на компактната изработка и лесните придружни објективи со зум RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM и RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM, фотоапаратите EOS R10 и EOS R7 се одлични фотоапарати за патување, без разлика дали сте на локален одмор или патувате на другата страна на светот.

APS-C-формат наспроти формат за целосна слика

Фотоапаратите за целосна слика понекогаш се сметаат за „попрофесионални“ од APS-C-фотоапаратите и тие сигурно се поголеми, што ги прави посоодветни за користење со големи телефото објективи. Меѓутоа, благодарение на поголемиот опсег што го добивате со APS-C-фотоапаратите, можеби воопшто и не ви е потребен толку голем телефото објектив. APS-C може да остане најдобар избор за фотографите за патувања, како и за фотографите на спорт и диви животни, на кои им е потребен моќен телефото опсег во комбинација со слобода на движење.

Како што фотографот на диви животни Dani Connor коментираше по нејзиното прво фотографирање со Canon EOS R7, „тој ми овозможува да се доближам до субјектот без да користам голем и тежок објектив. Тој е совршен вид на фотоапарат ако фотографирате птици, бидејќи птиците често се многу мали и на големо растојание.“

Фотоапаратите за целосна слика можеби се посоодветни за фотографирање извонредно широки пејзажи, но, од друга страна, поради помалата длабочина на поле на фотоапаратите за целосна слика, може да биде полесно да се постигне острина низ целата површина на фотографијата на пејзажот со помош на APS-C-фотоапарат. Освен тоа, иако фотоапаратите за целосна слика најчесто создаваат помала длабочина на поле и со тоа овозможуваат субјектите во портретите да се истакнат пред прекрасно заматената заднина, важни се и други фактори како што е решетката – APS-C-фотоапаратите EOS R10, EOS R7, EOS R50 и EOS R100 би биле одлични за снимање портрети со објектив како што е компактниот Canon RF 50mm F1.8 STM, што има идеална ефективна фокусна должина од 80 mm и брза решетка од f/1,8.

EOS R7 од Canon покрај три објективи: RF 100-400mm F5.6-8 IS USM, RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM и RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM.

Објективот RF 100-400mm F5.6-8 IS USM, прикажан на левата страна, има ефективна фокусна должина од 160-640 mm на EOS R10 и EOS R7. Кога би користеле додаток за продолжување RF 1,4x од Canon или додаток за продолжување RF 2x на фотоапарат за целосна слика од системот EOS R за да добиете сличен опсег, би изгубиле еден или два чекора на решетката, со што би се намалила брзината на блендата, поради што би било потешко да се избегне заматеност од движења и тресење на фотоапаратот. Објективот RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM (во средина) нуди ефективен фокусен опсег од 29-72 mm кој е еквивалент на 35 mm, а RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM (десно) нуди 29-240 mm.

RF наспроти RF-S-објективи

Сите фотоапарати од системот EOS R од Canon, без разлика дали се во формат за целосна слика или во APS-C-формат, се фотоапарати без огледало што се одликуваат со идентичен напреден RF-приклучок за објективи. Тоа значи дека ако се одлучите за EOS R7 или EOS R10, или дури EOS R50 или EOS R100, ќе можете максимално да ја искористите целата палета на извонредни објективи RF. Покрај објективите со врвни технологии за фокусирање и оптички квалитет, RF-приклучокот нуди многу поголема брзина на префрлување податоци помеѓу објективот и фотоапаратот, со што овозможува автоматско фокусирање со AI и следење со неверојатна брзина и прецизност, нови нивоа на стабилизација на слика, оптимизација на објективот во реално време и многу други придобивки.

Со издавањето на EOS R7 и EOS R10, ви претставивме и нови објективи RF-S што се специјално дизајнирани за фотоапаратите со RF-приклучок и APS-C-сензори. Стандардниот објектив за зумирање RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со ефективен фокусен опсег од 29-72 mm што е еквивалент на 35 mm, е прилично мал благодарение на неговиот дизајн на извлекување, со тежина од само 130g, додека RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM нуди уште поголем опсег на зумирање - ефективен фокусен опсег од 29-240 mm што е еквивалент на 35 mm - и сепак тежи само 310g, што го прави неверојатно разновиден „сѐ-во-едно“ објектив за секојдневна употреба и фотографирање при патувањата.

Во групата на компактни, лесни, достапни, компатибилни и докажани објективи RF за целосна слика спаѓаат и Canon RF 16mm F2.8 STM, кој во комбинација со EOS R7 и EOS R10 нуди големо видно поле, еквивалентно на објектив од 25,6 mm прикачен на фотоапарат за целосна слика. Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM одлично функционира како стандарден примарен објектив со ефективна фокусна должина од 56 mm на APS-C-фотоапарати EOS R, заедно со оптичка стабилизација на слика и фактор на зголемување од 0,5x за макро фотографирање. Canon RF 50mm F1.8 STM е одличен објектив за портрети што ја комбинира ефективната фокусна должина од 80 mm на APS-C-фотоапаратите со брза решетка со f/1,8 за мала длабочина на поле. За фотографирање при патувања и улично фотографирање, RF 28mm F2.8 STM нуди ефективна фокусна должина од 45 mm во комбинација со лесниот, компактен дизајн во вид на „палачинка“ на EOS R10.

Можете да ја користите и широката палета на објективи EF и EF-S на APS-C-фотоапарати без огледало од системот R без загуби во квалитетот или функционалноста, благодарение на палетата на адаптери за монтирање објективи EF-EOS R.

Matthew Richards

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни
  • Објективи RF-S

    RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM

    Стандарден објектив со APS-C-зум од серијата EOS R што е совршен за секојдневни ситуации како фотографирање членови од семејството, животен стил, портрети и одмори.
  • Објективи RF

    RF 24-50mm F4.5-6.3 IS STM

    Мал и неверојатно лесен објектив со зум од 24-50 mm од серијата RF што може да го користите секој ден за фотографирање патувања, пејзажи и многу повеќе.
  • ОБЈЕКТИВИ ОД CANON

    RF 28mm F2.8 STM

    Тенок и лесен објектив во вид на „палачинка“ за фотографирање при патувања и улично фотографирање, со повеќенаменска фокусна должина од 28 mm и брза максимална решетка f/2,8.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.

Слични статии

  • ОПРЕМА

    Зошто EOS R-системот е надградба што може да ви ја промени кариерата

    Фотоапаратите и објективите Canon EOS R ги подобруваат резултатите на фотографите веќе пет години. Дознајте од прва рака зошто професионалците ги избраа токму нив.

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Како да почнете да фотографирате

    Дали сакате да преминете од паметен телефон на фотоапарат? Нашиот водич за фотографирање за почетници ви нуди сè што ви е потребно за да започнете.

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Како да изберете објектив

    Сѐ што треба да знаете за објективи, почнувајќи од видови на објективи до функции што треба да ги барате.

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Како да ја контролирате експозицијата

    Совладајте ги поставките за решетка, брзина на бленда и ISO.