ЕСЕНСКО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Погледнете ја прекрасната есен од нова перспектива
Фотографот за природа Theo Bosboom ги открива своите тајни за снимање на прекрасната есен од уникатна перспектива.
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Снимањето одблиску е суштината на макро фотографирањето. Тоа овозможува нагласување на текстурите што не можат да се видат со човечкото око и ја открива убавината што е скриена во деталите. Не треба да патувате далеку за да вежбате макро фотографирање. Секојдневните предмети ќе добијат нова перспектива доколку ги погледнете одблиску, што значи дека вашата градина или локалниот парк можат да бидат идеални места за вежбање.
Многу објективи можат да фокусираат на мала оддалеченост, но само вистински макро објектив нуди зголемување со сооднос од најмалку 1:1 или реална големина. Тоа значи дека кога фотоапаратот е позициониран на најмалото фокусно растојание, сликата што ќе ја создаде сензорот ќе има иста големина како и субјектот.
Овој вид на објектив има многу кратко минимално фокусно растојание и ќе ви овозможи да се доближите за да доловите слики од мали субјекти што ќе го исполнат кадарот. На пример, објективот EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM од Canon може да фокусира на растојание до 3 cm. Во овој објектив е вграден и паметен LED Macro Lite што врши компензација за сенките што паѓаат врз вашиот субјект кога ќе го доближите многу фотоапаратот. Ако имате фотоапарат од серијата EOS M како што е EOS M50 од Canon или EOS M6 Mark II од Canon, имајте предвид дека објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM од Canon е опремен со истиот Macro Lite.
Ако сакате да дознаете како се фотографираат макро слики пред да купите наменски објектив за тоа, достапни се повеќе додатоци што можат да го зголемат зумот на стандардните објективи. На пример, ако приклучите продолжителна цевка EF 25 II од Canon или продолжителна цевка EF 12 II од Canon на задната страна на некој од компатибилните објективи, тогаш ќе можете да фокусирате на пократко растојание од стандардното. Сличен ефект може да добиете и доколку го прикачите објективот за снимање одблиску 250D 58 mm од Canon или објективот за снимање одблиску 500D 77 mm од Canon на навојот за филтри на предната страна на објективот.
Без разлика за кој пристап ќе се одлучите кон макро фотографирањето, ефектите од тресењето на фотоапаратот подеднакво ќе се зголемат кога ќе работите блиску до субјектот, но ако користите статив или слична поддршка за стабилност на вашата опрема ќе добиете поостри резултати.
Повеќето фотоапарати EOS имаат наменски режим за снимање одблиску, но ако сакате поголема креативна контрола тогаш треба да изберете режим за приоритет на решетка (Av) или рачен режим (M) во вашиот фотоапарат. И двата режими ќе ви овозможат да изберете вредност за решетката што многу ќе влијае врз изгледот и чувството на макро фотографијата, но и врз експозицијата.
Режимот за приоритет на решетката е најлесниот режим со кој можете да започнете, бидејќи фотоапаратот автоматски ќе постави брзина на блендата што ќе создаде балансирана експозиција според решетката што сте ја избрале. Кога ќе бидете подготвени да преземете целосна контрола врз поставките, изберете го рачниот режим на фотоапаратот.
EOS 77D од Canon е одличен избор за макро фотографирање. CMOS-сензорот од 24,2 MP на фотоапаратот може да снима неверојатни нивоа на детали, а неговиот екран на допир со променлив агол го олеснува снимањето слики од невообичаени агли, како што е „црвјата перспективата“ кога фотоапаратот е многу блиску до земјата.
За да извлечете максимум од моќта за зголемување на деталите кај макро објективите со CMOS-сензор со висока резолуција, многу е важно да не дозволите поместување на фотоапаратот за време на експозицијата. Дури и мали вибрации може да го намалат квалитетот на сликата, па затоа можете да користите тајмер за да ги снимите сликите кога фотоапаратот е поставен на статив. Објективот EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM од Canon има стабилизација на слика што е одлична функција за фотографирање во движење, но ако користите статив не заборавајте да ја исклучите стабилизацијата на сликата бидејќи внатрешниот механизам што е дизајниран да спречува движење може да има спротивен ефект во отсуство на движење. (Некои објективи имаат функција за „откривање стативи“, но не сите, па затоа најдобро е рачно да ја исклучите стабилизацијата на сликата, особено при долги експозиции.)
Ако сакате уште повеќе да ги намалите механичките вибрации може да ја активирате функцијата за блокирање на огледалото на фотоапаратот преку главното мени или, пак, да го изберете режимот за прегледување во живо на фотоапаратот во кој огледалото автоматски се блокира. Исто така, може да ја искористите Wi-Fi-врската на EOS 77D од Canon за да го контролирате фотоапаратот далечински преку апликацијата Canon Camera Connect што треба да биде инсталирана во вашиот паметен телефон или таблет-уред.
Вашиот избор на решетката влијае врз „длабочината на полето“ - или колкава површина од вашиот субјект изгледа остро. Малите f-вредности како што се f/2,8 и f/4 создаваат мала длабочина на полето (само мала површина е остро фокусирана), а големите f-броеви како што се f/11 и f/16 ви нудат поголема длабочина на полето (фокусирана е поголема површина од субјектот).
Кога фотографирате одблиску, дури и голема длабочина на полето може да има само неколку милиметри, па затоа нема простор за грешка во фокусирањето. Заднината секако нема да биде во фокус, но ако користите помал отвор на блендата (поголем f-број) ќе можете да фокусирате поголема површина од субјектот, а поголем отвор на блендата (мал f-број) ќе ви овозможи да фокусирате помал дел од субјектот и да дефокусирате сè останато.
Кога ќе ја промените решетката треба да ја промените или брзината на блендата или ISO за да добиете доследна експозиција. Менувањето на ISO влијае врз квалитетот на сликата, па затоа е пожелно да поставите решетка и брзина на блендата што ќе одговараат на вашата креативна замисла пред да го промените ISO.
Еве како функционира: како што се зголемува f-бројот така се намалува големината на решетката на објективот. Како резултат на тоа навлегува помалку светлина, па затоа брзината на блендата мора да се намали за да не добиете премногу темна слика. Ако изберете помал f-број, тогаш решетката на објективот ќе биде поголема, а брзината на блендата мора да се зголеми за да не добиете премногу светла слика.
Можеби изгледа чудно тоа што мал f-број како што е f/4 нуди голема решетка, а голем f-број како што е f/16 нуди мала решетка, но ќе ви биде полесно ако замислите дека се дропки: 1/4 е поголема од 1/16.
Сликата погоре е снимена со решетка f/2,8, што е најмалата можна вредност за решетката на објективот EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM од Canon. Како што може да видите, малата длабочина на полето при ваквата решетка создава помала фокусирана површина и прекрасно заматување на заднината.
Прилагодувањето на чувствителноста ISO ви нуди слобода да комбинирате помали решетки и поголеми брзини на блендата.
За да добиете најдобар квалитет на сликите користете мали вредности за ISO како ISO 100, ISO 200 и ISO 400. При овие вредности за чувствителност, брзината на блендата може да се намали премногу и нема да можете да добиете остри резултати доколку поставите мала решетка или фотографирате при слаба осветленост.
Со зголемување на ISO ќе можете да користите поголема брзина на блендата, но повисоките вредности на ISO може да создадат шум во сликите - дигитален еквивалент на зрнестата текстура во филмовите. За да го намалите шумот може да ја зголемите јачината на функцијата на фотоапаратот за намалување на шум при високи вредности на ISO. Оваа опција се наоѓа во црвеното мени за фотографирање на фотоапаратот.
Една од предностите на макро фотографирањето е тоа што може да снимите прекрасни слики во дворот на вашата куќа. Секојдневните предмети може да се претворат во извонредни субјекти бидејќи ќе ги прикажете на поинаков начин, а ништо не ве спречува ниту да експериментирате со поставките на фотоапаратот.
Еден од наједноставните начини да го направите тоа е да експериментирате со решетката. Во примерот погоре, решетката е поставена на f/2,8. Сликата има мека и заматена заднина, но стеблото на бамбусот во преден план е совршено фокусирано.
Следнава слика (погоре) беше снимена со f/5. Во споредба со сликата снимена со f/2,8, тука се видливи повеќе детали од заднината.
И за крај, сликата погоре беше снимена со уште помала решетка f/8. Експозицијата е слична како и кај другите слики, но во заднината има многу повеќе детали. Ова е доказ дека малите прилагодувања можат да имаат големо влијание во светот на макро фотографирањето.
Есента е одлична сезона за вежбање макро фотографирање. Зелените површини стануваат кафеави и природата се подготвува за зима, а вие може да ја пронајдете убавината во деталите. Излезете низ надворешната врата и погледнете го светот одблиску.
Напишано од Ian Wade и Marcus Hawkins
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиЕСЕНСКО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Фотографот за природа Theo Bosboom ги открива своите тајни за снимање на прекрасната есен од уникатна перспектива.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИРОДА
Ossi Saarinen ги открива најдобрите подесувања и креативни техники што ги користи за фотографирање на урбаната природа.
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Откријте ги тајните животи на малите суштества со советите на Pierre Anquet.