ЦРНО-БЕЛО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Тропски и безвременски: бидете креативни со црно-белото фотографирање

Од пејзажи и портрети до свадби и природа, дознајте како да снимате прекрасни црно-бели слики во секоја ситуација со нашите професионални совети, техники и предлози за опрема.
Црно-бела слика од балерина во движење, во голема и луксузна просторија. Низ отворена врата навлегува сончева светлина.

Добрата црно-бела фотографија има безвременски квалитет што едноставно не е можно да се пренесе во сликите во боја, а притоа нуди и поголема возбуда, чувства и страст. Затоа секогаш е популарна кај портретите и свадбените фотографии. Исто така, еднобојните слики (слики што содржат само една боја) можат на волшебен начин да ги истакнат формите, текстурите, тоновите и деталите, поради што црната и белата боја се подеднакво соодветни за фотографирање пејзажи и архитектура, фотографирање движења и спорт и многу повеќе.

Понекогаш, создавањето прекрасни црно-бели фотографии може да биде голем предизвик, бидејќи сме научени да го гледаме светот во боја. Подолу ќе пронајдете неколку професионални совети што ќе ви помогнат да го усовршите овој стил на фотографирање.

Што е црно-бела фотографија?

Слика одблиску од голем портокал и бела школка со интересна структура.

Две слики од школка, една во боја, а другата црно-бела. Кај црно-белата верзија, целата школка ви го привлекува вниманието, наместо само спиралниот врв. Снимено со EOS 250D од Canon и објектив EF-S 60mm f/2.8 Macro USM од Canon со избрани 1/640 сек., f/5 и ISO200.

Црно-бела слика одблиску од голема школка со интересна структура.

Која слика мислите дека е подобра: таа во боја или црно-белата? Кога станува збор за фотографирање, убавината е во очите на гледачот - нема точен или погрешен одговор, а експериментирањето е половина од забавата.

Постојат две опции за создавање црно-бели фотографии: може да фотографирате во боја и потоа да ги претворите сликите во црно-бел формат во обработката по снимањето или да ја изберете опцијата „Еднобојно“ во менито Стил на слика на вашиот фотоапарат, што ќе ви овозможи да видите преку LCD-екранот или EVF на фотоапаратот како ќе изгледа сликата.

Имајте предвид дека некои сцени што изгледаат добро во боја може да не изгледаат добро во црно-бело - и обратно. На пример, црвените цвеќиња се истакнуваат наспроти зелена заднина кога фотографирате во боја. Но ако го снимите истиот субјект во црно-бел формат ќе откриете дека и црвената и зелената боја ќе се претворат во слични нијанси на сива боја.

Со вежбање ќе можете полесно да „гледате“ црно-бело, а може и да го забрзате процесот на учење. Во повеќето случаи, кај црно-белите слики е потребен поголем контраст отколку кај сликите во боја за ист субјект. Фотографирајте го истиот субјект двапати, прво во боја, а потоа во црно-бел формат и споредете ги сликите.

Фотографирањето во RAW-формат се препорачува за црно-бели фотографии бидејќи овозможува повисок степен на прилагодувања на сликата доколку го користите софтверот Digital Photo Professional (DPP) од Canon, во споредба со JPEG-датотеките. Ако го поставите фотоапаратот да зачувува RAW-датотеки, тогаш ќе ги задржите и сите информации за боите од сензорот, дури и ако фотографирате во црно-бел режим.

5 совети за црно-бело фотографирање

  • Користете мала решетка и колку што е можно помала вредност за ISO
  • Погледнете ги хистограмите на фотоапаратот
  • Експериментирајте со филтри
  • Фотографирајте во RAW-формат и гледајте ги опциите во фотоапаратот
  • Нагласете го контрастот во вашите црно-бели слики

Црно-бела слика од невеста со изненаден поглед која стои на скали. Сенките на ѕидот покрај неа прикажуваат група жени кои се обидуваат да го фатат фрлениот бидермаер.

Боите можат да ви го одвлечат вниманието од природната форма во прекрасните портрети и свадбени фотографии, а црно-белиот формат нуди поестетски третман на субјектот. Исто така, овозможува интересна игра со светлината, како што може да видите во оваа слика. Снимено со EOS 6D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 6D Mark II од Canon), објектив EF 24mm f/1.4L II USM од Canon, Speedlite 600EX-RT од Canon (сега е заменет со новиот Speedlite 600EX II-RT од Canon) и Speedlite-предавател ST-E3-RT од Canon со избрани 1/100 сек., f/1,8 и ISO3200. © Fabio Mirulla

Црно-бела слика одблиску од бебешко лице. Фокусирани се веѓите на детето.

Црно-белите слики се добар избор за портрети - најчеста причина за тоа е отсуството на бои што придонесува за намалување на пречките и го насочува вниманието кон субјектот. Едноставноста на оваа фотографија е токму тоа што ја прави привлечна. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/2,8 и ISO200. © Helen Bartlett

Како најчесто посакувани за свадбени фотографии, црно-белите слики можат да ги нагласат чувствата и возбудата. Еднобојниот ефект може да се искористи за насочување на вниманието кон изрази на лицата, но и за нагласување детали и форми на важни предмети, почнувајќи од мали предмети како прстени и чевли, па сè до невестинскиот фустан или, пак, целото место на настанот.

Црно-белите фотографии се многу добри и за портрети. Тоа можеби се должи на многубројните препознатливи портрети од минатиот век што се еднобојни и тој стил ни е познат. Додавањето странично осветлување е многу ефикасно бидејќи создава голем контраст помеѓу светлите површини и сенките.

Фотографирање црно-бела природа и диви животни

Оваа црно-бела слика одблиску прикажува ној со интензивен поглед кон фотоапаратот.

Конвертирањето на оваа слика во црно-бел формат го подобрува изгледот на пердувите на лицето на овој ној, до степен што пердувите почнуваат да личат на крзно. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 600mm F11 IS STM од Canon со избрани 1/5000 сек., f/11 и ISO1600. © John Dickins

Црно-бела слика од шумска сцена во зима, чиј кадар е обликуван со редови дрвја прекриени со снег.

Со црно-белиот формат може да создадете прекрасна слика од субјект кој не би изгледал толку добро во боја, на пример, оваа шумска сцена во зима. Снимено со PowerShot G7 X Mark III од Canon со избрани 1/500 сек., f/2,8 и ISO400. © Helen Bartlett

Повеќето пејзажи се основаат врз живописната сина боја на небото или топлите црвени тонови на залезот на сонцето. На ист начин и многу слики од природа зависат од богатите природни тонови на домашните и дивите животни. Црно-белите пејзажи создаваат поинакво чувство што најчесто асоцира на пријатно расположение и амбиент, а еднобојните слики од природа може да се искористат и за нагласување на прекрасните детали што ги гледаме кај животните, инсектите и растенијата.

Одлучувањето кои слики да се конвертираат во црно-бели е само по себе вештина. Во суштина, сакате да „додадете“ нешто преку отстранување на боите, па затоа прашајте се како ќе се подобри сликата доколку ја прикажете во црно-бел формат.

Барајте фотографии во кои боите не се важни за привлекување на интересот на гледачите или фотографии во кои боите го одвлекуваат вниманието од субјектот. Пејзажите во кои светлината и сенките создаваат одреден амбиент или интензитет се совршени, бидејќи тој ефект уште повеќе ќе се нагласи со прекрасниот контраст на црно-белиот формат. Фотографите за природа треба да бараат текстури и детали што можат да се стават во преден план доколку се отстранат боите, на пример, кора на старо дрво или прекрасна текстура на птичји пердуви.

Фотографирање црно-бели пејзажи и архитектура

Црно-бела слика од дрвја без листови во пустелија.

Пејзажите со облаци и амбиентално осветлување може да изгледаат многу подобро во црно-бел формат, без бои. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4L IS USM од Canon со избрани 105 mm, 1/320 сек., f/6,3 и ISO100.

Црно-бела слика од бетонска зграда, снимена од ниска перспектива за да се добијат геометриски форми со сенка.

Црно-белиот формат може максимално да го изрази богатиот спој на форми и текстури кај сликите од архитектура, а притоа да ги елиминира пречките предизвикани од боите кои го одвлекуваат вниманието. Снимено со EOS 90D од Canon и објектив EF-S 18-55mm f/3.5-5.6 IS STM од Canon со избрани 31 mm, 1/250 сек., f/8 и ISO100.

Пејзажите се најсоодветни за црно-бело фотографирање, особено кога во сцената има многу малку бои, односно нема живописни зелени растенија и црвени или жолти цвеќиња. Може да се фокусирате на обликот на дрвјата без листови, ѕидови од камен и згради. Композицијата и контрастот ќе станат најважните елементи на сликата.

Мрежата за правилото на две третини - што може да се прикаже на електронскиот визир (EVF) на фотоапаратите без огледало од Canon, како што се EOS RP од Canon и EOS R6 од Canon, како и на задниот екран на фотоапаратите EOS DSLR во режимот за прегледување во живо - е многу практична при фотографирање црно-бели слики, бидејќи има малку бои што ќе ви го одвлечат погледот. Композицијата ќе изгледа подобро ако го ставите главниот субјект во точка каде што се сечат една од хоризонталните и една од вертикалните линии.

Фотографите за архитектура често се снимаат во црно-бел формат за да се нагласи формата на зградите. Зголемениот контраст што го нудат црно-белите слики, во однос на сликите во боја, многу одговара за субјектот. Овие фотографии најчесто се снимаат рано наутро, делумно за да се избегне гужвата од автомобили и луѓе, но и за да се искористи светлината од сонцето кое се наоѓа ниско на небото. Оваа светлина предизвикува долги сенки и може да создаде привлечна естетика кога паѓа врз камења или бетон. Исто како и амбиентот, така и текстурите можат да се подобрат во црно-бел формат.

Фотографирањето навечер вреди да се проба и во црно-бело и во боја. Жолтата светлина на уличните светилки или сјајот на полната месечина можат да ја разубават локацијата. Или, пак, црно-белиот формат може да се искористи само за да го подобри приказот на текстурите и деталите во сцената. Кога имате за цел да пренесете чувство на силни форми, сенки и светлина, тогаш со црно-белиот формат ќе ги избегнете сите проблеми предизвикани од повеќе извори на светлина со различна температура на боите.

Фотографирање црно-бели движења и спорт

Црно-бела слика од двајца тинејџери кои скокаат наоколу во градина.

Оваа слика од движења со голем контраст изгледа одлично во црно-бел формат. Со минимизирање на боите во заднина што го одвлекуваат вниманието, вниманието на гледачот се насочува кон лицето на субјектот. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/2000 сек., f/2,2 и ISO400. © Ilvy Njikoktjien

По природа, сцените од движења и спорт изобилуваат со бои, до тој степен што главниот лик или субјект кој се обидувате да го доловите се губи во сцената. Со конверзијата во црно-бел формат може да ги избегнете сите пречки што го одвлекуваат вниманието и да ги разубавите изразите на лицата на луѓето.

Сцените со голем контраст изгледаат многу добро во црно-бел формат, а сликите снимени при силна сончева светлина создаваат длабоки сенки и премногу светли површини. Црно-белите слики се идеални за вакви случаи, а ефектите можат да се прилагодат во обработката по снимањето за да создадете прекрасни слики.

Користење филтри за црно-бело фотографирање

Црно-бела слика одблиску од голем лист снимена со ефект на зелен филтер.

Две слики од голем зелен лист, едната со ефект на зелен филтер, а другата без ефект на зелен филтер. Зелените филтри се практични за раздвојување на зелените тонови, поради што се идеални за слики од дрвја и листови. © Marcus Hawkins

Црно-бела слика одблиску од голем лист.

Многу фотоапарати нудат ефект на филтер кога е избран режимот за црно-бели слики. Проверете дали го има и во вашиот фотоапарат. © Marcus Hawkins

При црно-бело фотографирање често се користат филтри на објективите за да се променат тоновите во сликата. Жолтите и црвените филтри, на пример, ја апсорбираат сината светлина, па затоа синото небо изгледа потемно.

Ова не само што ја разубавува сцената, туку и го зголемува контрастот помеѓу сите бели облаци и небото. Како алтернатива, може да користите ефекти на филтри што се достапни во поставките за стил на слика кај дигиталните фотоапарати EOS од Canon. Може да изберете жолт, црвен, портокалов или зелен филтер за да ги промените црно-белите тонови и да го симулирате ефектот на филтрите со цел да истакнете специфични бои, односно да ги осветлите или затемните тие бои.

Препорачана опрема за црно-бело фотографирање

Привлечните црно-бели слики имаат голем контраст. Затоа е важно фотоапаратот да има голем динамички опсег, за да може да ги задржи деталите во светлите површини и темните сенки. Независно од бројот на мегапиксели, фотоапаратите за целосна слика имаат подобар динамички опсег од моделите со APS-C-сензор, па затоа фотоапаратите како EOS RP, EOS R6 и EOS 6D Mark II од Canon се особено добри за ова намена. Но и покрај тоа, фотоапаратите со сензори што ја отсекуваат сликата како EOS M50 Mark II и PowerShot G7 X Mark III од Canon можат да создадат извонредни црно-бели фотографии, иако имаат физички помали сензори за слика.

Сите овие фотоапарати можат да фотографираат во режим за RAW-формат со длабочина на бои од 14 бита. Тој нуди многу поголем динамички опсег од режимот за JPEG-формат со 8 бита и овозможува многу поголем опсег за прилагодување на светлината и контрастот ако ги уредувате сликите во програма како DPP.

Еднобојниот стил на слика што е вграден во сите овие фотоапарати нуди дополнителни придобивки - може да користите дигитални филтри за време на фотографирањето, како жолт, портокалов, зелен или црвен филтер, за прогресивно подобрување на контрастот и изгледот на облачните сини неба. Достапни се и ефекти за тонирање, како сепија за создавање антички изглед. Предноста што ја нудат фотоапаратите без огледало е можноста за прегледување на ефектите од филтерот и тонирањето директно на визирот за време на фотографирањето. Истото е можно и преку екранот на задната страна на DSLR-фотоапаратите доколку фотографирате во режимот за прегледување во живо.

Предноста што ја нудат сите фотоапарати без огледало EOS или фотоапарати DSLR е можноста за монтирање идеален објектив за сите можни ситуации. Објективите со зум како што се RF 24-105mm F4-7.1 IS STM и RF 24-105mm F4L IS USM од Canon ви нудат слобода за фотографирање со различни фокусни должини без да менувате објективи. Меѓутоа, „побрзите“ примарни објективи како RF 35mm F1.8 MACRO IS STM, RF 50mm F1.8 STM и RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon нудат поголеми брзини на блендата при слаба осветленост со кои ќе можете да ги замрзнете движењата без потреба од зголемување на вредноста за ISO, што е одлично за црно-белото фотографирање бидејќи го минимизира шумот. Исто така, може да користите помала длабочина на полето за да го издвоите главниот субјект во сцената и да ги намалите пречките во заднина што го одвлекуваат вниманието.

Добрите црно-бели слики содржат многу ситни детали и богати текстури. Ако сакате да ги задржите при рачно фотографирање, тогаш ефикасната стабилизација на слика може многу да ви помогне. Сите објективи со ознака „IS“ од Canon наведени погоре имаат оптичка стабилизација на слика, а двата макро објективи со ознака „IS“ нудат хибридна стабилизација на слика што е многу поефикасна при фотографирање одблиску. EOS R6 од Canon има вградена стабилизација на слика со 5 оски (IBIS) што нуди максимум 8 чекори за стабилизација доколку се користи со компатибилен објектив. Исто така, EOS R6 ќе ви помогне да добиете неверојатно остри слики дури и од најсложените сцени, благодарение на неговиот систем за автоматско фотографирање од нова генерација.

Напишано од Matthew Richards

Слични производи

Слични статии