Фотографите кои користат DSLR ги обожуваат површините што не се во фокус во нивните фотографии, бидејќи на тој начин нивните фотографии се разликуваат од фотографиите снимени со фотоапарати од основна класа и паметни телефони со кои е тешко да се добијат дефокусирани површини. Ефект на дефокусирање е термин што се користи за да се опише квалитетот и карактеристиките на овие површини што не се во фокус и тој најмногу се забележува во дефокусираните светли тонови.
Интензитетот на ефектот на дефокусирање се зголемува кога вашата слика има мала длабочина на полето или поголема површина што не е во фокус. Затоа контролирањето на интензитетот на ефектот на дефокусирање во вашите слики зависи од зголемувањето на заматените површини. Подолу се дадени неколку начини за заматување површини во вашите слики преку намалување на длабочината на полето што овозможува ефект на дефокусирање во вашите слики.
1. Користете „брз“ објектив - ова се однесува на објективи со голема максимална решетка, а ние го препорачуваме објективот EF 85mm f/1.8 USM или EF 50mm f/1.8 STM
2. Фотографирајте со голема решетка - користете го вашиот фотоапарат во режим за приоритет на решетката (Av) или рачен режим (M), изберете голема решетка (мала вредност за f/) за да ја намалите длабочината на полето и да го зголемите ефектот на дефокусирање во однос на вашиот субјект кој е во остар фокус.
3. Зголемувањето на растојанието помеѓу вашиот субјект и заднината може уште повеќе да ја замати заднината.
4. Доближете се - минимизирањето на растојанието помеѓу вас и вашиот субјект ќе го зголеми интензитетот на дефокусирање на заднината.
5. Користете поголеми фокусни должини за да ја зголемите површината што ќе биде дефокусирана во вашите фотографии. Ако имате објектив со зум, тогаш поставете го зумот на максимална фокусна должина. Објективите со фокусна должина од 200 mm или повеќе создаваат уште поголеми заматени површини.