Во Creative Park може да најдете многу однапред подготвени шаблони за пеперутки. „Не ви требаат сложени алатки и опрема за да бидете креативни“ - вели Aimee.
Доаѓањето на пеперутките е сигурен знак дека доаѓа пролетта и нема подобар начин да ја пречекаме новата сезона од изработка на сопствени украси во форма на пеперутки за во домот?
Уметникот и изработувач на хартиени модели, Aimee Graham, започна со изработка на накит во вид на оригами, но во текот на минатата година таа смислуваше нови идеи, експериментираше со нови материјали и ги објавуваше своите дела на нејзиниот профил на Instagram (@aimee__designs).
„Отсекогаш сум била креативна, а изработувањето модели стана дел од мојата рутина за грижа за себеси. Откако сфатив дека луѓето ги ценат моите дела, тоа ми даде самодоверба да започнам да градам бренд“ - објаснува Aimee. „Сакам да создавам забавни, индивидуални и одржливи производи што луѓето ќе можат да ги носат на себе или да ги искористат за разубавување на нивните домови. Исто така, сакам да им помагам на луѓето да ја разбудат својата креативност“.
Тука Aimee објаснува како го искористила печатачот од серијата Canon PIXMA TS5350a, шаблоните од бесплатната услуга за инспиративни содржини Canon Creative Park и скромните вештини за изработување модели за да создаде неверојатни и прекрасни уметнички дела во форма на пеперутки.