carousel at night

Снимајте неверојатни детали, дури и при слаба осветленост

Самракот и паѓањето на ноќта се волшебни времиња. Тоа се моментите кога фестивалите живнуваат, расположението на градовите скокнува на следното ниво и се укажува изобилство од можности за фотографирање. Но, доловувањето на деталите не е лесно кога осветлувањето е слабо - особено ако ја користите камерата на вашиот паметен телефон.

Во ситуациите кога осветлувањето е слабо, рачните поставки на DSLR фотоапаратите, фотоапаратите без огледало или напредните компактни фотоапарати ви овозможуваат да добиете остри, детални фотографии кои во спротивно не би можеле лесно да ги снимите.

Користете широка решетка (ниска f-вредност) за да снимите поостри слики

Ако имате фотоапарат кој има рачни поставки, можете да ја контролирате решетката на фотоапаратот (тоа се нарекува ‘Av’ режим на повеќето фотоапарати од Canon). Со тоа едноставно му кажувате на фотоапаратот колку светло да пропушти. Колку повеќе светлина навлегува во вашиот објектив, толку побрза може да биде брзината на блендата. Поголемата брзина на бленда ја зголемува веројатноста за запирање на заматувањето при движењата. Соодветна брзина на бленда за објекти во движење е над 1/125-ти дел од секундата или поголема. За неподвижните објекти при слаба осветленост, обидете се колку што можете да се приближите до 1/60-ти дел од секундата, во зависност од поставките на решетката.

Доколку фотографирате портрети пред излегувањето на сонцето или сакате да ги доловите специјалните нијанси на градските сцени во самракот, обидете се да ја поставите решетката на најшироките поставки.

Тоа значи да ја изберете најниската f-вредност. Колку ќе можете да ја спуштите ќе зависи од видот на објектив што го користите. Многу објективи нудат f/3.5. Други објективи нудат уште пониски f-вредности, како f/2.8 или f/1.4. Дополнителна придобивка од користењето широка решетка е создавањето на мала длабочина на поле, со што вашиот објект ќе се истакне од заматената заднина.

Зголемете ги поставките за ISO за подобра чувствителност на светлина

Доколку сте користеле поставки за широка решетка, но сметате дека сè уште недостасува осветленост во сликата, обидете се да ги зголемите ISO поставките на вашиот фотоапарат. Со тоа му кажувате на фотоапаратот колку сензорот да биде чувствителен на светлина. Тоа е корисно кога фотографирате ноќе, без блиц.

Колку е повисока вредноста на ISO, толку е поголема чувствителноста на светлина. DSLR фотоапаратите, фотоапаратите без огледало и напредните компактни фотоапарати од Canon имаат големи сензори (делот кој ја снима фотографијата), така што може да создадат подобри фотографии со високи ISO вредности од помалите сензори, кои може да се најдат во камерите на паметните телефони. Обидете се да фотографирате со вредност на ISO од 800, а потоа зголемувајте ја по потреба. Може да видите ‘шум’ или зголемена зрнеста текстура на вашите слики, иако многу модерни DSLR фотоапарати, фотоапарати без огледало и напредни компактни фотоапарати нудат можност за снимање со вредности за ISO од 1600 или 3200 и да создадат одлични резултати.

Пробајте го режимот на групно снимање за да добиете одлични фотографии

Режимот за континуирано фотографирање (нарекуван и режим за групно снимање на одредени фотоапарати) снима брза секвенца од слики за само неколку делови од секундата. Тој е корисен за фотографирање објект во движење или динамични случувања кои траат дел од секундата. Затоа, ако тој е вграден во вашиот фотоапарат, вклучете го и пробајте го – тој ќе ви овозможи поголеми шанси да ги снимите потребните извонредни фотографии од динамични случувања при услови на слаба осветленост.

Проверете ја острината на вашите фотографии

Кога ги прегледувате вашите фотографии снимени во услови на слаба осветленост на LCD екранот на вашиот фотоапарат, не заборавајте да зумирате за да видите дали сè е онолку јасно колку што би сакале да биде. Фотографиите треба да бидат остри, фокусирани, без видлива зрнеста текстура или заматување. Ако мислите дека нема добро да изгледаат кога ќе се зголемат за печатење или уредување, ќе треба повторно да ги снимите. Не можете ништо да сторите откако ќе се вратите дома по фотографирањето!