ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ
Печатење божиќни честитки
Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.
Печатење модели
Празничната сезона многумина ги потсеќа на хартиени модели од детството и, независно од возраста, правењето домашни божиќни подароци и украси претставува забавен и релаксирачки начин за дружење со саканите и создавање навистина уникатни подароци за семејството и пријателите. Исто така, при изработувањето модели може да си посветите малку време себеси пред да започнат напорните подготовки за Божиќ.
Без разлика дали ќе работите со целото семејство или самите ќе работите креативно, бесплатната онлајн услуга Creative Park на Canon ви нуди многубројни шаблони што можете лесно да ги отпечатите и да ги составите за да добиете кутии за подароци, божиќни календари и детски играчки. Сè што ви треба е печатач, хартија и основни алатки за изработување модели (погледнете подолу). Затоа послужете ги тазе испечените колачиња и ставете ги сите обврски на пауза - време е за правење модели!
Украсете ги собите со ѕвезди, ѕвона, чорапи или Дедо Мразовци - делот за домови и дневни соби на Creative Park нуди голем избор на божиќни украси што можете да ги направите сами и лесно да ги отпечатите, исечете и составите. Овие прекрасни снешковци ќе изгледаат празнично и на божиќната елка и на каминот. Само отпечатете го шаблонот и следете ги илустрираните инструкции.
Совет за изработување модели: пред да нанесете лепак, превиткајте ја хартијата долж линиите за превиткување и направете облини таму каде што е потребно.
Во продавниците има најразлични празнични календари, но ниту еден од нив нема да биде уникатен како тој што ќе го направите сами. Без разлика дали сакате да ги разгалите саканите или да подарите најдобар таен подарок на работа, лицето кое ќе го добие подарокот ќе се воодушеви од уникатниот рачно изработен календар полн со бонбони.
Совет за изработување модели: евидентирајте ги деловите со запишување на нивните броеви на задната страна на деловите.
Освен тоа што рачно изработените кутии се забавни и лесни за изработка, тие ги прават вашите подароци навистина специјални - и се многу поевтини отколку оние што се продаваат. Во Creative Park ќе пронајдете кутии за подароци во форма на божиќни елки и ѕвезди и елегантни кутии за подароци со празнични теми, како и многубројни забавни и декоративни кутии што може да се користат преку целата година. Може да печатите и сопствени картички за посвета или, пак, да направите прекрасни и рачно изработени релјефни божиќни честитки.
Совет за изработување модели: деловите треба да се лепат по редоследот означен со броевите.
За време на празниците има многу слободно време, па затоа е добро да правите активности во кои ќе учествува целото семејство. Во Creative Park ќе пронајдете шаблони за најразлични игри што ќе можете да ги склопите рачно а потоа да уживате во нив со вашето семејство. Освен оваа сложувалка со божиќна тема, достапни се и блок сложувалки за малите деца, геометриски сложувалки за постарите деца и игри како бинго и рулет во кои може да ужива целото семејство.
Совет за изработување модели: користете пинцета за земање и спојување мали делови.
Играчките за бебиња не мора да се купуваат од продавница. Оваа прекрасна декорација со божиќна елка и снегулки претставува креативен и личен начин за внесување божиќна атмосфера во собата на вашите деца или децата на вашите сакани, а во Creative Park може да пронајдете и декорации со други теми, вклучувајќи слонови, птици, летечки балони и вселена.
Совет за изработување модели: поминете долж линиите за преклопување со остар предмет и линијар, како на пример, старо пенкало без мастило, за да можете полесно да превиткувате.
Без оглед дали вашето дете го интересираат диносауруси, големи цицачи, птици, авиони или возови, Creative Park нуди доволно играчки за да ги задоволи интересите на љубопитните деца. Играчките може сами да ги печатите и составувате како празнична активност со вашите деца или, пак, да отпечатите неколку шаблони и да ги подарите на креативни деца во комплет со алатки за изработување модели, како лепак и ножици.
Совет за изработување модели: користете чепкалка за нанесување лепак. Тенкото нанесување лепак резултира со подобра завршна обработка.
Напишано од Kathrine Anker
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ
Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.
ПОРТРЕТИ НА МИЛЕНИЧИЊА
Откријте како да извлечете максимум од фотографирањето на миленичињата и како да снимате празнични божиќни портрети со помош на овие врвни совети.
СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Доловете го божиќниот дух со овие 10 совети за снимање забавни и природни портрети од семејниот фотограф.