КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Печатете и изработувајте модели од пеперутки за на ѕид
Aimee Graham, која изработува хартиени модели, открива како да правите врвни украси со печатење.
ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ
Изработката на модели од хартија не само што е терапевтска, туку и инспирира креативна забава и нуди одличен начин за интеракција, забавување и образување на младите (и возрасните) умови. Тоа е подеднакво забавно и креативно доживување, а со онлајн услугата Creative Park на Canon може бесплатно да преземете голем број интересни активности со модели од хартија во чија изработка може да ужива целото семејство. Сè што ви треба е печатач од Canon, малку хартија и основни алатки за изработка на модели од хартија, наведени подолу.
Што чекате? Да почнеме со реализација на овие пролетни идеи.
Ќе ви треба:
Цвеќињата можат да ги развеселат дури и најтажните денови. Свежо набраните цвеќиња ќе внесат прекрасни бои во вашиот дом во период од неколку дена, но отпечатените светови траат многу подолго! Во делот „Plants“ (Растенија) на Creative Park ќе пронајдете едноставен и прекрасен проект за модел од хартија од цветот гербер, како и многу други модели за божиќно цвеќе, рози, па дури и кактуси и бонсаи дрва.
Совет за изработка: користете мат фотохартија од Canon за да создадете реална текстура на листовите.
Изборот од повеќе од 180 модели на животни од хартија може да ви создаде дилема од каде да почнете, но дали има животно што може подобро да го најави доаѓањето на пролетта од слаткото и љубопитно зајче? „Beginner Series“ (Серијата за почетници), како дел од на колекцијата, е најдобар избор за младите кои прв пат се среќаваат со изработка на модели од хартија, бидејќи тоа ќе им помогне да ги научат основите за превиткување и сечење.
Совет за изработка: залепете ги ушите под агол по ваша желба - завртете ги нанапред за да ги направите послатки или наназад за да ги направите поплашливи.
Внесете ја забавата од панаѓурите во вашиот дом со оваа подвижна играчка вртелешка, што служи како подлога за група од шест животни во светли бои, вклучувајќи слон, панда и лав. Отворете ги прозорците и вратите, пуштете го топлиот пролетен воздух да го освежи вашиот дом и гледајте како ќе се врти оваа рачно изработена играчка. Исто како и другите образовни модели од хартија што се движат на ветар, а се наведени во делот „Play“ (Забава) на Creative Park, така и овој модел ќе ви помогне да ја прославите промената на годишното време.
Совет за изработка: користете ја двостраната мат хартија од Canon за да ги истакнете боите од сите страни на вашата вртелешка.
Природата повторно се разубавува, па затоа внесете ги нејзините живописни бои во вашиот дом со ѕидни 3D-налепници. Радоста додека гледате пеперутки што летаат покрај пролетните цвеќиња може да ја пренесете на вашите ѕидови со овие модели од пеперутки за печатење што ќе се движат на ветар или кога ќе поминете покрај нив.
Совет за изработка: започнете со неколку помали пеперутки покрај подот и зголемувајте ги по број и големина како што се движите нагоре по ѕидот за да создадете илузија на калеидоскоп (официјалното име за група пеперутки) во лет.
Закачувањето фотографии на ѕид е прекрасен начин за да се потсетите себеси и вашите сакани на среќните времиња, а нуди и инспирација во очекување на претстојните родендени и празници. Creative Park нуди повеќе модели од хартија за рамки за фотографии, вклучувајќи ја и оваа прекрасна и розова вињета во јапонски стил која е совршена за пролетната или летната сезона или како подарок за денот на мајката.
Совет за изработка: доколку не сакате рамка, тогаш отпечатете ги вашите фотографии директно врз магнетната фотохартија од Canon и ставете ги на вратата од фрижидерот за да можат да ги видат сите.
Освен врз магнетна хартија, може да печатите и врз самолеплива хартија за украсување колажи или спални соби со вашите омилени фотографии или, пак, печатете различни дизајни врз хартија за пренос на слики врз материјали со пеглање за да ја направите вашата облека уникатна. За да дознаете повеќе начини за користење на Creative Park со цел да го разубавите вашиот дом оваа пролет, преземете ја апликацијата Creative Park за iOS и Android.
Напишано од Natalie Denton
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиКРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Aimee Graham, која изработува хартиени модели, открива како да правите врвни украси со печатење.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Инспирирајте се од природата и отпечатете своја семејна активност со животни со помош на Creative Park од Canon.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Прочитајте го професионалниот водич за создавање украсни слики преку сечење хартија.