YouTube star and vlogger Mike Gray presses the Record button on the Canon PowerShot G7 X Mark III's touchscreen.

СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Креативно снимање видеоблогови со PowerShot G7 X Mark III од Canon: совети и техники од „MikeVisuals“

Кога Mike Gray се откажа од факултетот само шест месеци пред да ја добие дипломата за визуелни ефекти, тој не беше сигурен што ќе биде неговиот следен чекор. Тој одлучи да го комбинира неговиот талент за создавање видеоснимки со страста за патување и го обиколи светот создавајќи видеоблогови за патувања во филмски стил и водичи за фотографирање. Тие му донесоа голем број обожаватели и тој стана една од најуспешните ѕвезди на друштвените медиуми во Обединетото Кралство. Денес, 22-годишната влијателна личност позната како „MikeVisuals“ има над 200.000 следбеници на Instagram и речиси 100.000 претплатници на YouTube, а неговите видеа се прегледани повеќе од 5,5 милиони пати.

„Доследноста и поставувањето квалитетни дела секој ден се од суштинско значење за привлекување следбеници“, вели Mike. „Но правете го тоа од задоволство, а не заради бројките или потенцијалните придобивки“.

Илјадници луѓе постигнале слава и богатство преку друштвените медиуми, така што приказната на Mike не е единствена. Меѓутоа, неговиот спој од младешки ентузијазам и голем професионализам му овозможија да се издвои од толпата. Тој снима неверојатни снимки од егзотични пејзажи, често снимени на изгрејсонце или зајдисонце, користејќи комбинација од рачно снимање и снимање со дрон. Наклонетоста на Mike кон ефекти со бавни и брзи движења, снимени со живописни детали, резултира со видеоснимки со таков филмски изглед што ќе помислите дека се наменети за малите екрани.

YouTube star and vlogger Mike Gray stands in a mountainous landscape filming himself with a Canon PowerShot G7 X Mark III.

Mike ги комбинира неговите снимки од восхитувачки пејзажи со информативни делови, во кои споделува технички и практични совети. „Сакам да го споделувам тоа што го работам, како и мојата опрема за фотоапаратот и претпочитаните поставки. Мојата публика го обожава тоа“. На неодамнешното патување до островот Скај, Mike откри дека PowerShot G7 X Mark III од Canon, кој овозможува снимање 4K-видеозаписи и има екран на допир што се закосува нагоре до 180 степени со прилагодливи контроли, е идеален фотоапарат за снимање на неговите содржини зад сцената. „Вообичаено копчето за снимање се наоѓа на задниот дел од фотоапаратот, така што тешко е да го најдете ако снимате сами, но PowerShot G7 X Mark III од Canon има копче на екранот, па може да го притиснете и веднаш да започнете да снимате. Нема повеќе пропуштени моменти“.

"Правете го тоа од задоволство, а не заради бројките или потенцијалните придобивки."

Mike откри дека извонредно преносливиот и компактен фотоапарат е совршен за снимање на неочекувани моменти. „Јас снимам на спонтан и непланиран начин, што всушност е и идејата на снимањето видеоблогови. Дел од опремата ја чувам во торбата за фотоапаратот, но PowerShot G7 X Mark III од Canon може да го чувам во јакна и веднаш да го извадам. Извонредно е да имате толку моќен фотоапарат и со толку високи перформанси кој може да го ставите во џеб“.

Една од функциите што најмногу го импресионираше кај PowerShot G7 X Mark III од Canon е снимањето 4K-видеозаписи со забрзано движење, кое го користи за да создаде порамномерни и пореалистични видеоснимки со движења. „Брзото и лесно поставување е навистина корисно - можев да снимам навистина прекрасни моменти. Во еден момент, огромен облак се спушти низ планината; дојде толку брзо, но јас успеав да го поставам фотоапаратот навреме за да го снимам. Освен тоа, снимањето во 4K е со извонреден квалитет“.

YouTube star and vlogger Mike Gray films himself with a Canon PowerShot G7 X Mark III.

Совети за снимање видеоблогови од Mike

1. Користете забавени движења за да привлечете интерес

Слични написи
How to become a vlogger

СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Како да станете видеоблогер

Започнете и создавајте квалитетни видеоблогови со нашите совети за снимање видеоблогови за почетници.

Vlogger Matt Adlard sat at a kitchen table filming a video on the EOS M50 Mark II.

СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Најдобри фотоапарати од Canon за снимање видеоблогови

Овие извонредни фотоапарати од Canon за снимање видеоблогови ви овозможуваат да внесете реалистичност во вашиот видеоблог со голема контрола и неверојатен квалитет за снимање.

Laura Bingham pictured from behind, facing dense jungle, as she films a vlog with a Canon PowerShot G7 X Mark II.

СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Laura Bingham: освојување на реката Essequibo

Авантуристот Laura Bingham го предводеше првото спуштање по реката Essequibo досега и сними видеоблог од авантурата со PowerShot G7 X Mark II.

Забавувањето на видеоснимките е една од најефективните техники кои ги користи Mike за да внесе драматичност во неговите видеоснимки. Фотоапаратот PowerShot G7 X Mark III од Canon може да снима Full HD-видеоснимки до 120 fps. „Забавувањето на видеоснимките навистина овозможува да се привлече фокус и да се создаде атмосфера, така што е одлично за снимање видеоблогови. На островот Скај откривме прекрасен висок водопад што се спушта од работ на карпа до камена плажа. Фотоапаратот успеа да ги долови сите детали со извонредно забавено движење, што е навистина ретко за ваков мал фотоапарат. Јас сакам да снимам со забавени движења и да ги забрзувам, но можете да започнете навистина брзо и потоа да забавите“.

2. Снимајте повеќе, уредувајте помалку

Колку повеќе опции толку подобро, вели Mike, кој снима видеозаписи уште од 12-годишна возраст. „Ова ми беше првпат да снимам во 4K за видеоблог. Освен врвниот квалитет, оваа резолуција нуди голем број опции во обработката по снимањето. Можев да ја отсекувам сликата на видеозаписите и да ја менувам фокусната должина за да го привлечам вниманието на гледачот“.

3. Искажете го вашето мислење

Интересните видеоснимки го прават видеоблогот уникатен, но јасниот звук е исто толку важен. Фотоапаратот PowerShot G7 X Mark III има опции за поврзување кои овозможуваат снимање и следење на висококвалитетен звук во реално време. „Тоа е навистина извонредна и врвна функција, особено за корисници кои сакаат да додадат професионален микрофон. Водопадот на островот Скај беше многу бучен, но со додавање на професионален микрофон со крзнена заштита од ветер можев целосно да го елиминирам шумот во заднина и да добијам кристално чист звук. Има голем број извонредно преносливи микрофони на пазарот; само поврзете го микрофонот со фотоапаратот, проверете дали е поставен во насоката на звукот и почнете да снимате“.

4. Бидете креативни со необични агли

Vlogger Mike Gray sets up a Canon PowerShot G7 X Mark III on a tripod low to the grou

Со изобилство на содржини што секој ден се поставуваат на веб-страниците за проследување видеозаписи, креативноста и споделувањето поуникатни и необични сцени за гледачите ќе помогнат да привлечете поголем број обожаватели. „Екранот на допир што се закосува нагоре до 180 степени е совршен за таа цел“, вели Mike. „Кога сакате да снимате од ниски или необични агли, можете да го закосите екранот за да проверите дали е добра композицијата без да треба да легнувате на земја или да се ставате во опасна положба. Тоа значи дека можете да бидете навистина разновидни во снимањето и токму таа креативност ги наведува луѓето повторно да се вратат“.

5. Снимајте и споделувајте во движење

Освен снимање видеозаписи, фотоапаратот PowerShot G7 X Mark III од Canon може да снима фотографии од 20,1 MP и видеозаписи со 30 fps, дури и во форматот RAW, нудејќи најголема флексибилност за уредување по снимањето. „Мојот фокус беа видеоснимките, но снимив и неколку неверојатно остри слики кои ги споделив на Instagram“, вели Mike.

Со користење на вградената опција за поврзување со паметни телефони на фотоапаратот, Mike можеше веднаш да ги сподели фотографиите преку Bluetooth или Wi-Fi. „Ги вчитував фотографиите директно на телефонот, ги уредував во Lightroom и ги поставував на Instagram. Тоа можете да го правите насекаде во светот - фотоапаратот има вграден Wi-Fi, така што само го синхронизирате со вашиот телефон“.

За да еден видеоблогер опстане подолго време мора редовно да објавува видеоснимки и да има интеракција со обожавателите. „Луѓето навистина сакаат да знаат како ги создавам видеоснимките, а јас обожавам да им покажувам“, вели Mike. „На островот Скај можев да споделам голем број содржини зад сцената како приказни на Instagram - тоа е извонреден начин да го прикажете техничкиот аспект на снимањето“. Освен споделување фотографии на Instagram, видеоблогерите можат да проследуваат видеозаписи во живо од PowerShot G7 X Mark III и да имаат интеракција со публиката на YouTube каде и да се во светот.*

Напишано од Natalie Denton

*Услугата за проследување во живо на овој производ поддржува проследување во живо само на YouTube. За да ја користите услугата за проследување во живо, потребно е претходно да се регистрирате на image.canon. Во согласност со „Ограничувањата за проследување во живо“ на YouTube, корисниците мора да имаат најмалку 1.000 претплатници на каналот за да проследуваат во живо од мобилен уред. Ова ограничување се однесува и на услугата за проследување во живо на YouTube што е достапна преку PowerShot G7 X Mark III од Canon.

За најнови информации за ограничувањата, посетете ја веб-страницата http://support.google.com/youtube/answer/2853834

Проследувањето во живо на YouTube може да се промени, да запре или да прекине без претходно известување. Ве молиме имајте предвид дека Canon не презема никаква одговорност за услуги од трети страни, вклучувајќи го и проследувањето во живо на YouTube.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники