СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Апликација Easy-PhotoPrint Editor
Дознајте како да ја користите забавната и интуитивна апликација Canon Easy-PhotoPrint Editor.
СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Сите си ги сакаме паметните телефони, таблет-уредите и лаптопите, но тие изгледаат многу обично кога ќе ги извадиме од кутиите. За среќа, набрзо ќе може да го промените тоа со вашите омилени фотографии, дизајни или шаблони со помош на малку самолеплива фотохартија RP-101 од Canon и печатач PIXMA од Canon. А бидејќи самолепливата фотохартија функционира со гаранција, ќе можете да го менувате изгледот колку пати што ќе посакате, а ќе можете и да го усогласите со вашата облека!
Откако ќе ги разубавите телефонот, таблет-уредот и лаптопот, несомнено ќе почнете да забележувате и други предмети во домот што може да ги разубавите. На пример, може да го разубавите фрижидерот со вашите омилени фотографии што ќе ги отпечатите врз самолеплива фотохартија или, пак, врз магнетната фотохартија MG-101 која е совршена за поставување врз многу метални предмети.
Магнетната фотохартија од Canon и самолепливата фотохартија имаат димензии од 4x6 инчи (10,16x15,24 cm), совршено за печатење фотографии, но можете и да ги отсечете за да добиете помали налепници и магнети во совршени форми. Ако добро го направите распоредот, може да добиете повеќе налепници или магнети од еден лист хартија.
Еве што ви е потребно:
Семејните фотографии изгледаат одлично како налепници, но може да ги фотографирате и цртежите на вашите деца, рачно напишана порака или предмети како листови или цветови. Ако не сакате изглед што е реалистичен како фотографија, тогаш применете филтер со ефект врз сликата во вашиот телефон или компјутер.
Исто така, достапни се прекрасни дизајни што може да ги преземете од Creative Park. Таму ќе пронајдете многубројни убави мотиви и шеми, како и шаблони за стандардни футроли за паметни телефони кои со внимателно сечење и позиционирање може да ја прекријат задната страна на вашиот телефон или веќе постоечката футрола.
Следно треба да одлучите каков медиум сакате да користите и да го ставите во вашиот печатач PIXMA. Самолепливата фотохартија е одличен избор за многубројни површини, вклучувајќи и деликатни електрични предмети, а магнетната фотохартија од Canon може да се користи врз различни метални предмети. Пред да се одлучите за дизајнот што ќе го печатите врз магнетната фотохартија, проверете дали предметот што сакате да го украсите е магнетен.
Благодарение на апликацијата Canon PRINT може да го отпечатите вашиот дизајн со компатибилни печатачи PIXMA директно од вашиот паметен телефон или, пак, доколку сакате, може да го отпечатите од компјутер. Ако вашиот печатач е компатибилен со PIXMA Cloud Link од Canon, тогаш може да печатите директно од вашите сметки на социјалните медиуми, вклучувајќи Instagram и Facebook преку апликацијата Canon PRINT.
Ако отпечативте фотографија врз целиот лист хартија, тогаш преминете на следниот чекор, но ако вашиот дизајн е помал, тогаш ќе треба да ја отсечете налепницата по нејзините рабови. Остри ножици се идеална алатка за сечење на самолепливата фотохартија, но не се брзајте и сечете полека околу дизајнот за да добиете убав раб. Ако сечете футрола за паметен телефон, не заборавајте да ја проверите положбата и отворот за камерата, а потоа сечете соодветно. Не е лоша идеја прво да направите шаблон од обична хартија или картон. Потоа може да ги обележите рабовите на шаблонот со молив пред да започнете со сечењето.
Скалпелот можеби е подобар избор за сечење на магнетната фотохартија од Canon, но треба да користите подлога за сечење, чиста даска за сечење или доволно дебел весник за да ја заштитите работната површина одоздола. Металниот линијар или некој сличен уред може да се користи како практичен водич кога сечете прави делови, а движењето при сечењето треба да биде рамномерно и стабилно.
Сега треба да ја излупите задната страна од самолепливата фотохартија и да ја залепите хартијата врз паметниот телефон или друг уред. Започнете од некој раб или агол на налепницата и внимателно одлепете ја задната страна, а потоа залепете ја налепницата во едно бавно движење. Тука линијарот може да ви помогне да одлепувате и залепувате по права линија, движејќи го стабилно врз налепницата.
Магнетната фотохартија нема хартија од задната страна, што значи дека е подготвена за прилепување веднаш откако ќе ја исечете.
Една од најдобрите придобивки кога ја користите самолепливата фотохартија RP-101 од Canon и магнетната фотохартија MG-101 е можноста за поместување на отпечатените материјали за постојано да го менувате изгледот на вашите уреди без да остануваат лепливи траги. Изгледајте поинаку секој ден во неделата!
Напишано од Angela Nicholson
Зачекорете во светот на поврзување преку Wi-Fi и подобрете го начинот на кој печатите, копирате и скенирате.
Апликација за печатење фотографии што е едноставна за користење и наменета за лесно и креативно приспособување и печатење на сликите од вашиот телефон, таблет-уред и од Cloud.
Од едноставни идеи за модели па сè до 3D-модели во оригами стил - внесете ја забавата со моделите од хартија во секојдневниот живот и додајте уникатни елементи во вашите креации со функцијата за уредување.
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиСОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Дознајте како да ја користите забавната и интуитивна апликација Canon Easy-PhotoPrint Editor.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Стилски маички, приспособени торби… едноставен водич за печатење врз текстилни материјали.
СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ
Дознајте како да користите хартија, апликации и печатач од Canon за да го трансформирате вашиот дом и да ги разубавите сите предмети, почнувајќи од телефонот па сè до фрижидерот.