СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија
Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.
СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Технологијата овозможува многу лесно снимање на илјадници дигитални слики низ годините, а не можеме да правиме ништо дополнително со сликите. Но, што ако би можеле да уживате во сите тие слики во „реалниот“ свет? Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon нуди едноставен начин да ги претворите омилените фотографии во стилски отпечатени материјали или уникатни подароци на многу креативен и приспособен начин - не само што го олеснува печатењето, туку го прави и забавно!
Апликацијата е компатибилна со многу печатачи од Canon, вклучувајќи ги и моделите од серијата PIXMA. Може да се користи на различни уреди, вклучувајќи паметни телефони и таблет-уреди (iOS и Android), а достапна е и верзија за корисниците на компјутери и Mac. За брзо поврзување на вашиот печатач со апликацијата, кликнете на иконата за печатач во горниот дел на почетниот екран и изберете го вашиот печатач од Canon од листата „Available Printers“ (Достапни печатачи).
Кога станува збор за избирање на сликите што сакате да ги употребите, апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon ќе ви понуди многубројни опции. Може да избирате слики и документи директно од вашиот уред (кликнете „Browse“ (Пребарај)) или од голем број популарни услуги основани врз Cloud и платформи на социјални медиуми како image.canon, Dropbox, Facebook, Google Drive, Instagram и OneDrive. Ова практично поставување ќе ви заштеди значително време ако имате многу слики зачувани на различни платформи.
Ако започнете да работите на некој шаблон и сакате да продолжите да работите на него во иднина, треба само да притиснете „Save“ (Зачувај) и тој ќе се додаде во картичката „Your Items“ (Ваши елементи) на почетниот екран. За брз и лесен пристап може да ги додадете вашите омилени шаблони во менито „Favourites“ (Омилени) со кликнување на симболот ѕвездичка. Алатката за филтрирање шаблони (достапна во поставките на секое главно мени), исто така, ви заштедува значително време и ви овозможува да избирате шаблони од различни категории, вклучувајќи големина на хартија и број на слики.
Easy-PhotoPrint Editor од Canon е интуитивна и практична апликација што ќе им се допадне на сите кои уживаат во креативните процеси, независно дали се стари или млади. Постојат различни опции кога станува збор за печатење и приспособување на вашите фотографии, а сите тие опции може да се изберат од почетниот екран.
За брз и лесен начин на печатење поединечни слики изберете „Photos“ (Фотографии). Оваа функција ви нуди можност да ги отсечете вашите слики или да додадете филтри за стилски ефекти. Ако сакате да ги приспособите вашите слики повеќе, тогаш ви препорачуваме да изберете „Photo Layout“ (Распоред на фотографии), бидејќи оваа функција ќе ви овозможи да додавате специјални ефекти како што се промена на бојата во заднина, додавање текст, додавање рамка на фотографиите и користење на креативната алатка „Stamps“ (Печати) (овие опции се достапни и во многу други дизајни на шаблони). Алатката „Stamps“ (Печати) содржи различни графички икони како стрелки, балончиња за говор, животни, броеви и симболи, за да додадете уникатни и уметнички дизајни во сите ваши колажи со фотографии.
Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon е дизајнирана земајќи го предвид целото семејство, а опцијата Scrapbook (Колаж) ви овозможува да ги споите спомените од некој специјален настан во уникатен колаж што ќе го користите за ваше задоволство или ќе го подарите.
Може да изберете дизајни за украсна хартија што може да се отпечатат и приспособат со украсни печати, текст и слики за да добиете уникатна завршна обработка. Ако користите шаблон со повеќе налепници, тогаш не заборавајте да го поништите изборот на полето „Add the same image to all frames“ (Додади ја истата слика во сите рамки) доколку сакате да отпечатите различни слики. И налепниците можете да ги приспособувате со рамки, печати, текст и боја во заднина за да добиете уникатна завршна обработка.
Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon не е наменета само за семејни фотографии и забавни проекти со фотографии, туку и за деловна и лична администрација. На пример, достапни се шаблони за постери, вклучувајќи дизајни за безбедност и продажба што може да ги прилагодите за да одговараат на вашето деловно работење. Достапни се и опции за печатење фотографии за лична идентификација, дизајнирање сопствени визит картички или изработка на календари со шаблони за 1, 6 или 12 месеци.
Благодарение на технологијата за паметни телефони и инвентивните апликации како што е Easy-PhotoPrint Editor од Canon, печатењето на вашите слики ќе биде забавен и креативен процес. Таа е одлична алатка што треба да ја поседувате, независно дали ви треба за деловна или лична употреба. Со печатачите PIXMA од Canon, овој начин на печатење не само што ќе ви заштеди време, туку и ќе ви овозможи да ги претворите специјалните дигитални моменти во драгоцени производи во кои ќе уживате и вие и останатите.
Напишано од Claire Gillo
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиСОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Создадете и приспособете календар со фотографии што ќе го исполните со драгоцени спомени.