ФОТОГРАФИРАЊЕ АРХИТЕКТУРА

Напредувајте: како до подобра архитектонска фотографија

Пронајдете ја убавината во зградите, спомениците и многу повеќе со врвните совети и техники на многупати наградуваниот архитектонски фотограф и амбасадор на Canon, Fernando Guerra.
Маж седи на работ на голема платформа којашто се извива и е подигната неколку метри над земјата, а во заднината се гледа светло и сино небо.

Амбасадорот на Canon, Fernando Guerra, се разбира од згради. Дипломирал како архитект во својата татковина Португалија, а неколку години претходно успешно работел во архитектонска фирма во Макао. Иако уживал во работата, не исчезнала неговата љубов кон фотографијата што се родила уште во детството.

Страста за фотографирање градби на Fernando продолжила да расте сѐ додека заедно со својот брат Sergio не започнале со фотографирање архитектура за познати списанија и лични клиенти. Денес, со многу освоени награди зад себе, никогаш не зажалил за одлуката.

Тука Fernando споделува дел од своето знаење, совети и трикови коишто ги научил низ годините.

На терен: наоѓање на совршената зграда

Човек стои во пространата бетонска галерија од проектот „Сеја парк“ во Јужна Кореја.

„Не сакав да работам како другите архитектонски фотографи“, вели Fernando за текот на својата кариера. „Сакав да се забавувам. Почнав да снимам згради со луѓе во кадарот и така внесов исклучителна живост во фотографиите. Кога фотографирам архитектура, се чувствувам како гласник. Моите фотографии ја пренесуваат зградата од архитектот до народот.“ Снимено со EOS 5DS R од Canon и објектив TS-E 17mm f/4L од Canon, со избрани 1/8 сек/, f/10 и ISO 200. © Fernando Guerra

Жена и неколку деца прескокнуваат јаже на сонце веднаш до изразито бела зграда. Сите освен едно од децата се прикажани како силуети.

„Не барам геометрија или линии коишто би го привлекле окото кон сликата“, вели Fernando. „Важно ми е формите да ми се допаѓаат естетски, како и начинот на којшто се осветлени.“ Фотографирано со EOS 5D Mark III од Canon (што е сега заменет со новиот EOS 5D Mark IV од Canon) и објектив TS-E 24mm f/3.5L II од Canon, со избрани 1/2500 сек., f/8 и ISO 200. © Fernando Guerra

Архитектонската фотографија не се состои само од фотографирање величествени деловни згради или раскошни цркви. Несомнено е дека од нив можете да снимите извонредни фотографи, но според Fernando, секоја зграда е убава ако доволно се задлабочите, односно ако не се задлабочите.

„Не оптоварувајте се со локацијата“, советува. „Можете да снимите одлични фотографии на ужасни локации. Размислувајте за секоја зграда одделно и што е тоа што ја прави интересна. Не е важно дали фотографирате трошна плевна или скромна куќичка или, пак, раскошен музеј или катедрала. Мислам дека ниедна зграда не е лоша за фотографирање. Важни се светлото и моментот на фотографирање. “

Штом ќе се вљубите во некоја зграда, Fernando препорачува да внесете слоеви во фотографијата. Тоа е техника којашто ја научил од еден од своите најголеми идоли, фотографот на Magnum, Alex Webb, и којашто како што објаснува подолу, им додава дополнителна димензија на фотографиите.

„Неговите фотографии ме импресионираа бидејќи тој користи слој над слој за да внесе повеќе елементи во кадарот“, вели Fernando од Webb. „На пример, можете да доловите луѓе на едната страна, куче на другата, а и пешак со чадор. Неговите фотографии содржат неколку слоја и оддаваат впечаток на реален живот и контекст.

„Како архитект, се обидувам да ги најдам совршените пропорции, материјал, бои и завршна обработка. Како фотограф, повторно се обидувам да го доловам токму тоа, да ја прикажам убавината на нештата“, продолжува Fernando. „Не барам совршена геометрија, туку сакам зградата да изгледа извонредно. Таква порака сакам да испратам.“

Слободна фотографија: ослободување од правилата

Четири луѓе се заматени во движење додека пешачат долж голем ходник во голема бела зграда со футуристички прозорци и ѕидови.

Fernando верува дека фотографијата треба да ја одрази нашата вистинска личност, па дури и по цена на кршење на традиционалните правила на жанрот. „Многумина ја споредуваат архитектонска фотографија со класичната музика“, вели тој. „Нотите се веќе напишани на партитурите и треба да го отсвирите напишаното. Јас ја доживувам како џез-музика. Ги заборавам правилата и ги затворам очите.“ Снимено со EOS 5D Mark III од Canon и објектив TS-E 17mm f/4L од Canon, со избрани 0,4 сек., f/9,5 и ISO 200. © Fernando Guerra

Студенти пешачат по разнобојното шеталиште во северниот дел од кампусот на Политехничката федерална школа во Лозана, Швајцарија.

Fernando снима со фотоапаратот во раце за да си овозможи целосна креативна флексибилност и го користи екранот на допир со променлив агол за да ги гледа сликите во реално време независно од аголот на снимање. „Со години не сум ги користел визирите на моите фотоапарати“, вели заколнатиот неконформист. Снимено со EOS 5D Mark III од Canon и објектив TS-E 45mm f/2.8 од Canon, со избрани 1/13 сек., f/2,8 и ISO 640. © Fernando Guerra

Може да се каже дека едно од основните правила во архитектонската фотографија е употребата на статив. Fernando не се согласува.

„Сакам да имам слобода на движење, па затоа избегнувам да користам статив којшто за многумина е основната алатка за фотографирање архитектура“, објаснува. „Претпочитам да се движам и да ја разгледувам зградата од различни агли, поради што фотографирам со фотоапаратот во раце. Откако ќе пристигнам на локацијата, се движам додека не заминам.“

„Покрај тоа, ако не користите статив на место каде што има многу луѓе, можете да снимате без да привлекувате внимание. Во спротивно, луѓето ќе станат љубопитни и ќе гледаат во вас за да видат што правите наместо да се однесуваат природно. Екраните со променлив агол на многу од фотоапаратите од Canon се одлични за оваа намена. Можете да снимате од различни агли, а не се ни забележува дека фотографирате.“

Всушност, Fernando смета дека треба да се следи само едно правило во архитектонската фотографија.

„Вертикалните градби треба да бидат прави, поради што никогаш немојте да го насочувате фотоапаратот нагоре или надолу освен ако не користите објектив со можност за закосување и поместување со којшто можете да ја коригирате перспективата“, објаснува. „Можете да ја коригирате перспективата за време на фазата на уредување во софтверот, но мислам дека нема да изгледа добро. Често се дискутира и за многу други правила, но сметам дека треба да се кршат правилата за да се создаде лично дело коешто ќе отскокнува од останатите. Вертикалите нека ви бидат прави и фотографирајте колку што можете повеќе.“

Кон светлината: избирање на времето за фотографирање

Издолжена и подигната дрвена зграда навечер. Околните дрвја се осветлени од две силни светла.

„Продолжете да фотографиите и не престанувајте кога ќе зајде сонцето“, препорачува Fernando. „Некои згради изгледаат сосем поинаку ноќе. Прозорците на зградата се како нејзините очи, и навечер, кога светлата внатре се запалени, можете да ја погледнете зградата право во очите. Некои згради се претвораат во магични кутии со блескаво стакло коишто изгледаат прекрасно навечер.“ Снимено со EOS 5D Mark III од Canon и објектив TS-E 17mm f/4L од Canon, со избрани 30 сек., f/7,1 и ISO 1600. © Fernando Guerra

Птици прелетуваат над зграда со раскошен облик пред којашто се простира водено пространство на самрак.

„Научив дека не треба да користам блиц“, Fernando. „Кога снимам ентериери, ако можам да ги видам со свои очи, ќе ги сними и мојот фотоапарат Canon. Во случај на преголема разлика помеѓу сенките и добро осветлените зони, можам да снимам две експозиции со групирање на експозициите и да ги спојам или, пак, да го употребам HDR-режимот на фотоапаратот, но никогаш не користам блиц или дополнително осветлување.“ Снимено со EOS 5D Mark III од Canon и објектив TS-E 17mm f/4L од Canon, со избрани 1/80 сек., f/5 и ISO 800. © Fernando Guerra

Според Fernando, постои заблуда и дека најдобрата светлина за архитектонска фотографија е рано наутро или доцна попладне, односно периодот што е најчесто познат како „златниот час“.

„Кога фотографирам зграда, сакам да започнам рано наутро и да останам додека не се појават ѕвездите. На некој начин, вака би постапил и фоторепортер. Ја следам светлината околу зградата и одредени аспекти изгледаат подобро во различни делови од денот. Покрај тоа, можете да видите како луѓето ја користат зградата, со што повторно го внесувате елементот на реален живот во фотографиите. Како да снимате ден од животот на зградата. Сакам да доловам многу повеќе отколку самата зграда.“

„Ако светлината е силна, можете да си играте со сенките. Неодамна снимив одлични фотографии од куќа на пладне додека сонцето беше високо на небото. Светлината продираше низ таванските прозорци од кровот и го осветлуваше целиот ентериер на зградата. Изгледаше фантастично. Кога сонцето е пониско, зградата може да изгледа лошо од една страна, а супер од друга. Движете се и експериментирајте. Дури и при сиво и магловито време можете да снимите интересни фотографии со убава мекост. Исто така, не завршувајте со одредена перспектива на фотографирање откако ќе ја снимите зградата од конкретниот агол. Вратете се подоцна во текот на денот и погледнете како се одразила промената во светлината.“

Во торбата: избирање на соодветните објективи

Голема светлосна инсталација со лице на жена се гледа низ прозорец од зграда додека во меѓувреме поминува жолт автомобил.

Системот EOS R од Canon е совршен за оние кои штотуку почнуваат да се занимаваат со архитектонска фотографија, а сакаат да напредуваат. Спојот на моќен фотоапарат за целосна слика без огледало како што е EOS R од Canon со стандарден RF-објектив како што е RF 24-105mm F4L IS USM од Canon – комбинацијата што Fernando ја користеше за снимање на оваа слика – или RF 16mm F2.8 STM од Canon, ќе ви овозможи креативна слобода за развој. Снимено со избрани 56 mm, 1/100 сек., f/9 и ISO 160. © Fernando Guerra

Големи дрвени летви висат вертикално од огромна зграда со кафена боја. Во соба на приземјето од зградата се гледаат две силуети на луѓе.

Ако сте поискусни фотографи, Fernando ви препорачува да го надградите вашиот фотоапарат со објективите со можност за закосување и поместување. Најчесто ги користам објективот TS-E 17mm f/4L од Canon и TS-E 24mm f/3.5L II од Canon“, вели тој. „Скапи се, но ништо не може да ја замени функцијата за поместување. Ви овозможува да ја контролирате перспективата и да ги задржите зградите прави и исправени.“ Снимено со EOS 5DS R од Canon и објектив TS-E 17mm f/4L од Canon, со избрани 1/100 сек., f/11 и ISO 100. © Fernando Guerra

Ако сте почетник, Fernando ви препорачува да користите објектив којшто може да постигне добра рамнотежа помеѓу релативно широко видно поле и мало изобличување на сликата. „Ги обожавам RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon и RF 50mm F1.8 STM од Canon“, воскликнува. „Мали се и ненаметливи, па можеш да снимаш без да привлекуваш внимание. Квалитетот им е одличен и се релативно евтини. Го користам и EF 24-240mm F4-6.3 IS USM од Canon бидејќи ми нуди многу можности. Во моите архитектонски фотографии не смее да има изобличување, а вградената корекција на сликата кај фотоапаратите од серијата EOS R му овозможува на објективот целосно да го елиминира секое изобличување.“

Друг објектив за почетници којшто е особено погоден за архитектонска фотографија е RF 16mm F2.8 STM од Canon. Покрај тоа што е доста исплатлив, овој примарен објектив со фокусна должина од 16 mm е и широкоаголен, со што ви овозможува да опфатите повеќе содржина во кадарот, како на пример, цел мост. На вљубениците во архитектура ќе им се допаднат и интересните ефекти на линиите и аглите што ги нуди објективот.

Штом ги изберете фотоапаратот и објективот што ви одговараат и стекнете основно познавање од жанрот, Fernando препорачува да продолжите да експериментирате со архитектонската фотографија, почнувајќи од аголот на фотографирање, па сѐ до филтрите за објективот.

„Филтерот со неутрална густина е одличен за долги експозиции дури и при силно светло“, објаснува Fernando. „При фотографирањето архитектура во динамично место, користете долга експозиција за ефективно да ги отстраните луѓето и сообраќајот од кадарот. Филтерот за кружно поларизирање е одличен за отстранување одблесоци од стаклените прозорци. Функционира подеднакво ефективно и кај зградите со сјајна површина. Требаше да фотографирам бетонска зграда којашто беше бојадисана со црвена и прилично сјајна боја. Го завртев филтерот за кружно поларизирање и сјајот се изгуби, а бојата се истакна.“

За Fernando, фотографирањето архитектура не е само работа, туку повик. Инспирацијата ја црпи како од зградите, така и од луѓето.

„И покај сѐ, иако фотографирањето архитектура ми е работа, сепак сметам дека луѓето коишто се внатре или коишто ја користат зградата се најинтересниот елемент“, заклучува. „За мене, суштината на архитектонската фотографија е да се долови животот.“

Подготвени сте да започнете?

Напишано од Matthew Richards

Слични производи

Слични статии

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ГРАДОВИ

    Максимално искористете ги можностите за урбано фотографирање со помош на нашите најдобри совети

    Снимајте неверојатни градски сцени и детални урбани пејзажи. Продолжете за да ги видите сите совети, техники и инспирација што ви се потребни.

  • УРБАНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Совети за урбана композиција

    Водичот на Paula Stopka за снимање прекрасни фотографии од згради и градски пејзажи.

  • УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Откријте го апстрактното улично фотографирање

    Создавајте неверојатна уметност од секојдневното опкружување со овие едноставни техники за нереални урбани слики.

  • УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Предизвик за објектив за улично фотографирање

    Зошто Canon RF 28mm F2.8 STM е суштински елемент на торба со опрема за улични фотографи.