ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Како да снимате пејзажи без статив

Дознајте како да добиете детални пејзажи, па дури и да ја заматувате водата или облаците, кога фотографирате рачно.
Фотограф за пејзажи гледа низ визирот на EOS RP од Canon за да сними фотографија од пространи полиња.

Стативите можат многу да ви помогнат кога фотографирате пејзажи бидејќи го стабилизираат фотоапаратот, за да не се грижите дека ќе добиете заматени слики при бавни брзини на блендата, особено кога фотографирате при слаба осветленост. Меѓутоа, тие можат да бидат тешки и непрактични за носење, особено ако пешачите долго. Ако користите модерен фотоапарат, со правилни поставки и малку снаодливост ќе можете да го оставите стативот дома во следната прилика за снимање прекрасни сцени и наместо него, да понесете термос, кафе или закуска со вас.

1. Стојте стабилно и искористете го вашето тело

Фотограф за пејзажи гледа низ визирот на EOS RP од Canon и клечи на колено заради поголема стабилност за да сними фотографија од пространи полиња.

Колку фотоапаратот е постабилен, толку е помала веројатноста за тресење на фотоапаратот - ако користите бавна бленда, задржете го здивот додека се снима фотографијата.

Фотограф за пејзажи држи EOS RP од Canon подалеку од своето тело, при што ременот за на врат е затегнат.

Затегнувањето на ременот за на врат е одличен начин за да го стабилизирате фотоапаратот.

Начинот на кој го држите фотоапаратот може да биде разликата помеѓу снимање неверојатно остра слика и слика заматена поради тресење на фотоапаратот. За да го држите фотоапаратот стабилно, треба да го потпрете објективот на внатрешниот дел на вашата лева дланка и да го допрете левиот лакот до вашето тело. На тој начин ќе создадете добра потпора за вашиот фотоапарат.

Телото може да го користите и на други начини за да спречите заматување на движењата. Седнете долу и потпрете ја раката на вашето колено. Или, пак, искористете го ременот за на врат - вклучете го режимот за прегледување во живо и оддалечете го фотоапаратот од вашето тело сè додека не го затегнете ременот, но притоа внимавајте да не го повредите вратот.

2. Вклучете ја стабилизацијата

Фотограф за пејзажи држи фотоапарат над неговата глава за да сними дрво со облаци во заднина.

Вклучувањето на стабилизацијата на слика кај RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon ви овозможува да фотографирате рачно со брзина на бленда од 0,8 секунди.

Стабилизацијата на објективот може да помогне во намалување на тресењето на фотоапаратот преку омекнување на природните движења на вашите раце, а со тоа да го олесни рачното фотографирање со помали брзини на блендата. Воглавно, правилото за држење на фотоапаратот во раце е тоа да се прави со брзини еквивалентни на фокусната должина или поголеми вредности, на пример, ако користите објектив со зум од 50 mm, тогаш не треба да ја намалите брзината под 1/50 секунди. Но, со активирање на стабилизацијата на објективот може да користите и помали брзини. Објективите RF од серијата на Canon, вклучувајќи ги и објективите за почетници како RF 24-105mm F4-7.1 IS STM и RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon, користат напредна стабилизација што комуницира со куќиштата без огледало, а поголемиот приклучок за RF-објективи овозможува поголемо движење на сензорот.

3. Најдете потпора

EOS RP од Canon поставен на столб од ограда.

Ако поставите тајмер од две секунди кога користите столб од ограда како подлога за фотоапаратот, тогаш фотоапаратот ќе може да се стабилизира пред да се отвори блендата.

Кога сте излезени надвор, лесно може да пронајдете платформи и природни потпори што ќе ви понудат цврста основа за вашиот фотоапарат и ќе ви овозможат да користите уште помали брзини на блендата. Кога го поставувате фотоапаратот за фотографирање со долга експозиција, имајте предвид дека потскокнувањето на огледалото кај DSLR-фотоапаратите (предизвикано од поместувањето на огледалото за да го покаже сензорот) може да предизвика тресење на фотоапаратот. Заклучете го огледалото преку менито на вашиот фотоапарат или, доколку вашиот фотоапарат нема таква опција, вклучете го режимот за прегледување во живо. Се разбира, кај куќиштата без огледало како што е EOS RP нема ваков проблем. Исто така, самото притиснување на копчето за блендата може да предизвика тресење на фотоапаратот, па затоа поставете тајмер од две секунди, користете уред за далечинско активирање на блендата или активирајте ја блендата на фотоапаратот далечински преку апликацијата Canon Camera Connect.

4. Движете се и експериментирајте

Фотограф за пејзажи клечи за да фотографира растенија под раната утринска светлина.

Одвојувањето на фотоапаратот од стативот може да ја разбуди вашата креативност преку откривање нови агли и уникатни композиции.

Слика одблиску од силуета на деликатно растение наспроти слаба сончева светлина.

Кога фотографирате рачно, тоа што се губи во стабилноста се надополнува во приспособливоста. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon со избрани 1/100 сек., f/16 и ISO100.

Во фотографирањето пејзажи секогаш има место за стативи, но понекогаш нивното отсуство може да влијае позитивно врз вашите фотографии. Намената на стативот е да го ограничи движењето, но кога го држите фотоапаратот во раце, може слободно да пробате различни позиции, да фотографирате од различни агли и да експериментирате со вашата креативност. Ако стоите на едно место, дури и ако внесете интерес во преден план и го користите правилото на третини, на вашите слики може да им недостасува динамика.

5. Вклучете автоматски режим за ISO

Фотограф кој се наведнува за да фотографира парче дрво на плажата од низок агол.

Фотографот ја користи слободата на движење што ја нуди рачното фотографирање за да го сними парчето дрво од поинаков агол.

Парче дрво на дива плажа. Движењето на брановите е заматено поради долгата експозиција.

Оваа рачна експозиција од две секунди, што нежно го заматува движењето на брановите, се реализираше успешно благодарение на вградената стабилизација на слика на EOS R6 од Canon во комбинација со стабилизацијата на слика на објективот RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon. Оваа слика можеби ќе беше потешка за снимање со статив бидејќи постоеше можност водата што потскокнуваше покрај неговите ногалки да го помести. Снимено со избрани 35 mm, 2 сек., f/7,1 и ISO125.

Пред неколку години беше незамисливо да се зголеми вредноста на ISO до 1600, но бидејќи сега модерните сензори имаат многу подобри перформанси при слаба осветленост, може да снимате извонредно јасни слики дури и при високи нивоа на чувствителност. Ако сакате да ја поставите експозицијата брзо и едноставно, тогаш изберете рачен режим, автоматски режим за ISO и брзина на блендата што ќе биде еквивалентна на фокусната должина или поголема вредност. Фотоапаратот ќе ја прилагоди вредноста на ISO според сцената за да можете слободно да избирате креативна брзина на блендата и решетката.

Понапредните фотоапарати без огледало на Canon, како што е EOS R6, имаат вградена напредна стабилизација на слика (IBIS) што може да работи независно или заедно со оптичката стабилизација на слика на објективите за да овозможи максимум 8 чекори за стабилизација на слика, овозможувајќи ви да снимате експозиции што траат по неколку секунди без да користите статив.

Напишано од James Paterson

Слични производи

Слични статии

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ / НА ОТВОРЕНО

    Совети за фотографирање во екстремни временски услови

    Од заштита на вашата опрема до грижа за себе, ова се нашите најдобри совети и трикови за усовршување на фотографирањето во екстремни временски услови.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    Предизвик за фотографирање со објектив за пејзажи

    Професионалната фотографка Verity Milligan го споделува своето искуство во фотографирањето креативни пејзажи со два лесни објективи.

  • ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ

    Како да ги уредите сликите со пејзажи пред да ги отпечатите

    Техники за уредување што ќе ги претворат вашите пејзажи во уметнички дела.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ АВАНТУРИ

    Совети за фотографирање авантури

    Пет совети за фотографирање на вашите надворешни авантури со EOS M6 Mark II.