СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија
Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.
ПЕЧАТЕЊЕ
Ако сакате да станете подобар фотограф, тогаш многу е важно да ги препознаете карактеристиките на сликата што ви се допаѓаат и тие што не ви се допаѓаат, како и аспектите што можат да се подобрат. Најлесниот начин да го направите тоа е да ја отпечатите фотографијата, а на отпечатената копија прецизно ќе се прикажат боите и квалитетот на сликата и ќе можете да ја држите во рака и да ја погледнете одблиску.
Повеќе од десет години, Christine и нејзиниот сопруг Marc Graf специјализираат во фотографирање диви животни, насочувајќи го фокусот кон нивното зачувување. Нивните дела се објавени во книги и списанија низ целиот свет, вклучувајќи и National Geographic.
„Отпечатената фотографија изгледа поинаку од тоа како што изгледа на екранот“ - вели Christine, „па затоа е важно да ги отпечатите сликите и да видите како ќе изгледаат. Пронајдете карактеристики на сликата што ви се допаѓаат и карактеристики што не ви се допаѓаат, а потоа искористете ги тие информации при следното фотографирање. Дознајте како да ги коригирате сите грешки што ќе ги забележите. Колку повеќе го практикувате ова, толку побрзо ќе го совладате“.
„Впечатокот што го остава отпечатената слика секогаш ќе биде поголем од впечатокот на дигиталните слики на интернет или на платформите за социјални медиуми, каде што се објавуваат илјадници слики секојдневно“ - додава Marc. „Отпечатената слика изгледа специјално“.
Стилските и безжични 3-во-1 уреди од серијата PIXMA TS8350 од Canon се идеални за печатење во домот. Опремен со шест посебни мастила и технологија FINE од Canon, овој повеќефункционален печатач за A4-формати може да создава отпечатени материјали со фотолабораториски квалитет, но и да се користи за работни проекти и семејна забава. Со мастилото ChromaLife100 од Canon ќе печатите материјали што ќе траат дури до 100 години доколку се чуваат во албум. Достапен е и отвор за SD-картички за да можете да печатите директно од вашата мемориска картичка.
Без разлика каков печатач користите, како може печатењето на вашите фотографии да го подобри начинот на кој фотографирате? Christine и Mac го споделуваат нивното професионално мислење.
Печатењето нуди начин за споделување на вашите омилени фотографии за кој не е потребен USB-уред. Зошто не направите албум од вашите најдобри слики што ќе го споделите со вашите пријатели? Физичката природа на печатењето придонесува сликите да имаат поголема вредност, особено во форма на подарок.
„Ќе имате многубројни прилики во кои кога ќе ја погледнете отпечатената фотографија ќе речете ‚Не знаев дека ова го има на сликата‘“ - вели Christine.
Christine и Marc сакаат да ги изложуваат своите дела и затоа го користат imagePROGRAF Pro-1000 од Canon за да ги печатат и проверуваат своите слики, а притоа ја искористуваат неговата можност за печатење со големина до A2 и прецизни бои, благодарение на неговиот систем со 12 мастила. Овој пар работи со Colorado 1640 што нуди разновидни опции, вклучувајќи рекламна графика за излози и отпечатени материјали од нивните субјекти со реален размер како за на изложба, а тука спаѓаат многубројни загрозени видови како што се планинските мечки и големи мачки.
Понекогаш за да одите напред треба да се вратите назад, а подобрувањето на начинот на кој фотографирате е во искреноста при оценување на вашето дело. Користењето печатач како што е серијата PIXMA TS8350 од Canon може да го подобри овој процес.
Внимателното разгледување на група фотографии за да изберете фотографија што ќе ја отпечатите ќе ве примора да ги подобрите вештините за препознавање на особините што ја прават сликата одлична. Ако сè уште не сте сигурни, побарајте друго мислење, советува Marc.
„Најдобрите повратни информации, независно дали се добри или лоши, ги добиваме кога покажуваме отпечатени фотографии на изложбите“ - вели тој. „Гледачот се концентрира на приближно десет слики во споредба со илјадниците слики на Instagram. Со насочување на нивното внимание добиваме пореални и посериозни повратни информации. Луѓето даваат најискрени мислења, што - земајќи го предвид контекстот на нашите фотографии што придонесуваат за зачувување на дивите животни - има огромна важност“.
Еден од најголемите проблеми при споделувањето слики на интернет е недоволната контрола што ја имате врз начинот на кој другите ги гледаат вашите дела, а особено изгледот на боите. Ако користите печатач од серијата PIXMA TS8350 од Canon со технологија за мастила ChromaLife100, материјалите што ќе ги печатите ќе ги задржат живописните бои и врвниот квалитет до 100 години* доколку ги чувате во албум.
„Една од причините поради која избравме печатачи од Canon е тоа што боите траат многу подолго“ - вели Christine. „Дури и по една година изложени на отворено и на УВ-радијација, нашите слики изгледаат како да се отпечатени пред само еден ден, а тоа ни овозможува да ги користиме отпечатените материјали повеќе години“.
Напишано од Natalie Denton
* Врз основа на забрзано тестирање од Canon во темна просторија за складирање со контролирана температура, влажност и гасови, симулирајќи простор за складирање во албум со пластични прегради за слики. Canon не дава гаранција за долготрајноста на отпечатените материјали; резултатите може да бидат различни во зависност од отпечатената слика, времето на сушење, условите за складирање/изложување и други фактори во опкружувањето.
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиСОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ
Christine Sonvilla и Marc Graf ги споделуваат нивните најдобри совети за фотографирање диви животни и ја подигнуваат свеста за зачувување на животната средина.
ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ
Техники за уредување што ќе ги претворат вашите пејзажи во уметнички дела.