timelapse header

Совети за фотографирање забрзани видеоснимки

Досега несомнено сте виделе неверојатни забрзани видеоснимки од Млечниот пат што се простира над ноќното небо или од сообраќајниот метеж во некоја градска сцена? Можеби сте се запрашале како биле снимени овие видеоснимки?
Во овој краток видеозапис и во водичот подолу ќе дознаете како да започнете да снимате забрзани видеоснимки.

Снимањето забрзани видеоснимки претставува последователна репродукција на 100-тици, па дури и 1000-ници фотографии кои ќе создадат видеозапис со компресирано време. Вашиот фотоапарат од Canon е совршен за фотографирање забрзани видеоснимки, па затоа прочитајте ги советите подолу и пред да дознаете, ќе можете да создавате сопствени ремек-дела со забрзани движења

  1. 1. Соодветна опрема - двата неопходни додатоци за снимање забрзани видеоснимки се цврст статив за држење на фотоапаратот во фиксна положба и бројач на интервали, познат и како далечински управувач со тајмер. Тоа е уред што ви овозможува да поставите интервали за фотографирање, а за нашиот видеозапис го користевме TC-80N3 кој се приклучува преку N3 приклучоци - ако имате приклучок од типот E3, тогаш ќе ви треба и кабел со конвертор од N3 во E3. Некои од нашите најнови фотоапарати имаат вграден тајмер за интервали, а тука спаѓаат , и кои уште повеќе го олеснуваат целиот процес

  2. 2. Одлучете кој објект ќе го фотографирате - пронајдете сцена во која има движења. Пејзажите со облаци, полните улици или водопадите се одлични почетни објекти за снимање забрзани видеоснимки

  3. 3. Префрлете го фотоапаратот во режим за прегледување во живо за полесно поставување на снимката што сакате да ја добиете

  4. 4. Изберете RAW или jpg - RAW ви нуди поголеми можности за обработка по снимањето, а jpg зафаќа помалку простор на дискот. Најдобро е да снимате во среден или мал формат за да снимите повеќе слики на картичката, иако фотографирањето со помала резолуција може да влијае врз конечниот видеозапис

  5. 5. Поставки за експозиција - променете го режимот за фотографирање во режим со приоритет на решетка и изберете соодветно ISO за да ја добиете саканата брзина на блендата. Тој опсег може да изнесува од 100 до 800 во текот на денот и максимум 10.000 во темнина. Во зависност од сцената, можеби е подобро да изберете бавна бленда за да додадете движење на вашиот објект. Воглавно, брзината на блендата треба да се постави под 1/100s за да добиете појасна забрзана видеоснимка

  6. 6. Мерењето со проценка ќе му нареди на фотоапаратот да ја земе предвид целата сцена при одредување на експозицијата. Избирањето потполна рачна контрола на експозицијата може да биде корисно и во сцени каде што интензитетот на светлината е непроменлив, но ако има поголеми промени во осветлувањето тогаш во вашиот видеозапис може да се појави ефект на треперење

  7. 7. Исклучете поставки како што се приоритет на најсветли тонови и корекција на надворешно осветлување кои можат да создадат разлики во сликите. Балансот на белата боја и стилот на сликите треба да се постават рачно, а ако фотографирате во RAW формат тогаш можете да правите промени подоцна, доколку е потребно

  8. 8. Обликувајте го кадарот на сцената - изберете соодветен објектив, најдобро е да биде широкоаголен, обликувајте го кадарот на снимката, фокусирајте го објектот, а потоа изберете рачен фокус на објективот, бидејќи фотоапаратот не треба одново да ги фокусира сите снимки

  9. 9. Поставете го бројачот на интервали - изберете колку често ќе фотографира вашиот фотоапарат во зависност од објектот. За објектите што се движат брзо изберете пократок интервал за фотографирање, на пр., за облаци што се движат на ветровит ден изберете интервал од 2 секунди

  10. 10. Одлучете колку долго сакате да трае вашата забрзана видеоснимка - колку подолго снима фотоапаратот, толку подолго ќе трае и вашата забрзана видеоснимка. Имајте предвид дека повеќето видеоснимки се репродуцираат со 24 слики во секунда, па затоа за забрзана видеоснимка од 30 секунди ќе ви бидат потребни 720 слики. Ако го поставите фотоапаратот да фотографира на секои 2 секунди, тогаш фотоапаратот ќе фотографира во период од 24 минути. За подолги интервали може ќе треба да го оставите фотоапаратот да работи неколку часа

Штом ќе ги вратите сликите во домот, ќе треба да ја подготвите конечната забрзана видеоснимка. Секое отсекување и корекција на бои во сликите треба да се изврши идентично на целата група слики за да се задржи доследноста во текот на целата забрзана видеоснимка.

Ако фотографирате во RAW, тогаш сигурно ќе треба да направите конверзија во jpg, а потоа изберете соодветна големина на датотеките за видеоснимката што сакате да ја добиете. Достапни се повеќе бесплатни софтвери за видеоснимки, со кои можете да ги комбинирате вашите слики во конечен производ, од брендови како Apple или Microsoft, а за видеозаписот погоре е користен софтверот Adobe Creative Cloud.