Sunset over town

Фотографирање пејзажи

Погледнете ја разликата со специјален објектив за пејзажи

Без разлика со каков објектив фотографирате, може да снимите одлични пејзажи. Меѓутоа, има ситуации во кои користењето специјален објектив ќе ви овозможи максимално да го искористите тоа што го нуди сцената.

Широкоаголните објективи, често нарекувани објективи за пејзажи, нудат широк приказ со кој може да опфатите повеќе во кадарот за да ги направите вашите фотографии поинтересни и попривлечни.

Да погледнеме неколку примери...

Old Brighton pier

сликата на лева страна:
EOS 5DS од Canon - фокусна должина од 105,0 mm
1/80 сек., f/4,0, ISO 800

сликата на десна страна:
EOS 5DS од Canon - фокусна должина од 24,0 mm
1/60 сек., f/4,0, ISO 800

Фотографирањето со поголема фокусна должина овозможува приказ на повеќе детали што инаку би се изгубиле. Користењето пошироки објективи го одвлекува вниманието од овие детали и го истакнува опкружувањето за да ни прикаже повеќе од сцената. Меката заднина го зголемува контрастот, при што кадарот од плажата со камчиња и држачи може да се обликува подобро со додавање поголем број на челични потпирачи.

City view at night

сликата на лева страна:
EOS M5 од Canon - фокусна должина од 50,0 mm
20 сек., f/8,0, ISO 100

сликата на десна страна:
EOS M5 од Canon - фокусна должина од 21,0 mm
13 сек., f/8,0, ISO 200

Користењето објектив со зум со фокусна должина од 50 mm во првата слика овозможува приказ одблиску на деталите од градот и секоја зграда може да се види посебно. Со фокусна должина од 21 mm може да опфатиме повеќе згради и да го истакнеме невообичаеното осветлување на градскиот пејзаж, вклучувајќи ги и сините тонови што пробиваат низ облаците и топлите светилки на куќите во преден план.

Bridge over low tide

сликата на лева страна:
EOS 200D од Canon и EF-S 18-55mm f/4-5.6 IS STM од Canon со фокусна должина од 18,0 mm
1/10 сек., f/5,0, ISO 400

сликата на десна страна:
EOS 200D од Canon и EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM од Canon со фокусна должина од 10,0 mm
1/8 сек., f/5,0, ISO 400

Користењето поширок објектив за оваа сцена овозможи да се опфати поголем дел од морето, при што се добива подобра рамнотежа со мостот во композицијата. Исто така, објективот со поширок агол создаде слика со поголема површина од небото и ги опфати прекрасните бои што се гледаат на овој облачен ден.

Независно дали станува збор за поцелосен приказ на небото, поголем дел од небото со детали во преден план или опфаќање детали што не е можно да се снимат со стандарден објектив, користењето специјален широкоаголен објектив може да ви понуди бројни придобивки при фотографирање пејзажи.

Слични написи
A landscape shot of a tree on the side of a hill, in front of a purple sky.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Најдобри совети за пејзажи

Дознајте техники за фотографирање што ќе ви помогнат да снимате подобри пејзажи.

LANDSCAPE AND MACRO PHOTOGRAPHY

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ И МАКРО

Фотографирање пејзажи и макро - сè во една снимка

Henrik Spranz ја комбинира техничката вештина со креативност за да снима извонредни фотографии што се многу популарни на интернет.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники