Долга експозиција се однесува на фотографирање со брзина на бленда со опсег од неколку секунди до неколку часа и претставува одлична техника за снимање прекрасни пејзажи.
Прво треба да го поставите фотоапаратот на статив. Држењето на фотоапаратот во рака кога фотографирате со брзина на бленда дури и од 1 секунда ќе предизвика заматување на сликата. Поставете ја вредноста на ISO во зависност од сцената и користете режим за приоритет на блендата (Tv) за да ја прилагодите брзината на блендата најмногу до 30 секунди. Користењето уред за далечинско активирање на блендата, како што се далечинскиот управувач RC-6, далечинскиот прекинувач RS-60E3 или безжичниот далечински управувач BR-E1 од Canon или, пак, тајмер од 2 секунди, ќе ви овозможи да спречите тресење на фотоапаратот при притиснување на копчето за блендата.
Како што може да видите во примерот погоре, движењето на Земјата за време на долгата експозиција создаде ефект на траги од ѕвездите низ целото ноќно небо.
Предизвикот при фотографирање со долга експозиција во текот на денот е поставувањето на брзината на блендата со која ќе овозможите доволно време за одвивање на движењата. Идеално, брзината на блендата треба да биде подолга од неколку секунди, па затоа не заборавајте да користите мала вредност на ISO и мала решетка. Исто така, подобро е да фотографирате на облачен ден или во сенка или, пак, на почетокот или крајот на денот кога светлината е послаба. Може да инвестирате и во филтер што се поставува на објективот и што спречува навлегување на одредена количина на светлина. Најдобро е да користите филтер за неутрална густина (ND). Некои компактни фотоапарати, како што е серијата PowerShot G7 X имаат вграден ND-филтер што може да го вклучувате и исклучувате во менито.
Заматувањето на плимата што надоаѓа и се повлекува беше снимено со мала ISO-вредност 100, мала решетка f/16 и брзини на блендата од 1/10 и 30 секунди.