ПЕЧАТЕНИ МОДЕЛИ
Бидете креативни со палетата Zoemini од Canon
Ослободете ја вашата креативност во движење со инстант фотоапарат и џебен печатач.
ПРЕНОСЛИВИ ФОТОАПАРАТИ
Пристигна IVY REC од Canon - пренослив фотоапарат што е отпорен на удари* и вода** и совршен за фотографирање кога патувате. Тој се одликува со сензор од 13 мегапиксели, Full HD-видео со 1080p и брзина до 60 fps, опции за поврзување преку Wi-Fi и Bluetooth и е дизајниран да ги долови сите движења со висока резолуција во ситуации каде што постои ризик да не успеете во тоа ако користите обичен фотоапарат или паметен телефон. Овој мал и издржлив фотоапарат може да го прикачите на ременот или ранецот за да ви биде при рака постојано, а ќе ви овозможи и да ги споделувате вашите слики веднаш по снимањето преку апликацијата Canon Mini Cam.***
Со ширина од само 110,5 mm и тежина од приближно 90 грама, IVY REC од Canon нема да ви тежи ниту да ви пречи додека патувате. Ќе заборавите дека го носите сè додека не ви притреба, поради што непречено ќе уживате во случувањата.
IVY REC од Canon е отпорен на слатка вода** на длабочина до два метри во период до 30 минути, што значи дека е совршен придружник за уживање покрај базени. Визирот има двојна функција како штипка и ви овозможува да го прикачите IVY REC од Canon на вашиот ремен или ранец кога планинарите или, пак, можете да го прикачите на предната страна на вашиот велосипед за да снимате од лична перспектива. Не плашете се да го понесете со вас кога врне или кога се движите по земјени патеки. Тој е создаден за авантура и живот во движење!
За разлика од вашиот паметен телефон, IVY REC од Canon нема екран, па затоа не треба да се грижите дека ќе се скрши - тој е отпорен на удари* и може да издржи паѓање од висина до два метри, што е совршено кога возите велосипед по планина или трчате по земјена патека. Достапен е во четири прекрасни бои, што значи дека изгледа привлечно, но и лесно може да го забележите доколку ви падне во кал, песок или снег. Без разлика дали возите велосипед, скијате или возите скирол, тој со задоволство ќе ве придружува за време на авантурата.
Освен што е практичен и едноставен за користење, IVY REC од Canon нуди лесен пристап до неговите функции и функционира брзо. Може да снима фотографии, видеозаписи или и двата вида содржини истовремено, а нуди и многу повеќе опции за приспособување доколку го поврзете со паметен телефон. Тој се одликува со синхронизација преку Wi-Fi и Bluetooth и со него можете веднаш да ги споделувате вашите слики и видеозаписи на социјалните медиуми (доколку тоа го дозволува мрежното покривање). Со апликацијата Canon Mini Cam*** може да гледате што гледа фотоапаратот преку вашиот паметен телефон, што значи дека може да му го дадете на некој пријател додека ги прегледувате снимените содржини или, пак, да ја користите функцијата за далечинско фотографирање.
Живејте во моментот и понесете го IVY REC од Canon со вас! Благодарение на неговото вртливо копче за лесен пристап до опциите, што овозможува непречено менување на режимите за фотографирање, овој мал и забавен фотоапарат ќе ви помогне да ги доловите сите моменти.
Напишано од David Osgar
*Отпорност на паѓање од висина до 2 метри (6,6 ft.). Методите за тестирање за отпорност при удар важат само за овој производ и не гарантираат дека нема да настане оштетување или дефект кај производот.
**Водоотпорен до 30 мин. на длабочина до 2 метра (6,6 ft). Тестиран само во слатка вода. Доколку го изложите на солена вода, ви препорачуваме веднаш да го исплакнете со слатка вода.
***За користење на изборната апликација Canon Mini Cam е потребен компатибилен уред што ќе биде поврзан со IVY REC од Canon преку Bluetooth® и Wi-Fi®. Апликацијата Canon Mini Cam може бесплатно да се преземе од App Store и Google Play. За преземањето на бесплатната апликација Canon Mini Cam може да ви бидат пресметани трошоци за сообраќај на податоци. Компатибилност со мобилни уреди што користат iOS 11 или понова верзија и уреди со Android што користат Android 5.1 или понова верзија.
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиПЕЧАТЕНИ МОДЕЛИ
Ослободете ја вашата креативност во движење со инстант фотоапарат и џебен печатач.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ДВИЖЕЊА
Дознајте како да снимате покреативни слики со движења од секојдневните авантури со советите од професионалниот фотограф Tom Bing.