Printer on table next to pens, pencils and desk toys.

ПЕЧАТЕЊЕ

Замислете си ја иднината со нови можности за печатење

Независно дали планирате нова деловна авантура, започнувате студии на факултет или им помагате на децата за нивниот нов проект, иднината на сите ќе биде подобра со нови можности за печатење.

Денешните печатачи можат да направат многу повеќе од нивните претходници. Од печатење преку Cloud до поврзување преку Wi-Fi и канцелариски шаблони што можат да се преземаат - достапни се многубројни опции што можете да ги истражувате.

Дознајте повеќе за креативниот потенцијал на печатењето и начинот на кој печатачите можат да ви помогнат да се подготвите за иднината.

Организирајте се

Woman standing next to a printer and operating it via her tablet.

Материјалите за печатење се совршен начин да бидете во чекор со времето, без големи трошоци. Без разлика дали ви треба планер за исцртување на вашите факултетски задачи, A3-календари за канцелариски состаноци или неделни листи со задачи за организација на семејниот живот, сите овие алатки можете лесно да ги најдете на интернет, каде што се бесплатни.

За кратко време може да пронајдете бесплатни материјали за печатење на интернет што ќе ви помогнат да се организирате. Апликацијата Easy-Photo Print Editor нуди голем број различни шаблони за календари што можете дури и да ги приспособите со ваши слики.

Woman and child's hands on desk filled with creative nick-nacks.

Решение за дождовните денови

Забавувањето на децата може да биде многу напорно, особено кога временските услови се лоши. Но, токму во овие денови печатачот може да биде незаменлив.

Во апликацијата Creative Park од Canon ќе пронајдете страници за боење, лавиринти и други активности за печатење што се бесплатни за преземање од Fun with Kids! дел - одлично решение за дождливи денови. Внесете сопствени елементи во материјалите за печатење со помош на функцијата за уредување за да ги приспособите шаблоните.

"Забавувањето на децата може да биде многу напорно, особено кога временските услови се лоши. Но, токму во овие денови печатачот може да биде незаменлив"

Ако сакате децата да се забавуваат подолго, тогаш пронајдете многубројни игри што можат да се отпечатат во Creative Park, како бинго, фрлање прстени, па дури и шах табла. Овие материјали може да ги отпечатите во домот, а нивното печатење ќе биде исто толку забавно како и играта што ја нудат.

Посетете ја веб-страницата на Creative Park и разгледајте многубројни модели од хартија и 3D-модели, како играчки, животни и картички, што може да се отпечатат директно преку вашиот печатач.

Woman printing photo cards using a Zoemini printer.

Подготовка на новото место за живеење

Почетокот на студиите значи вложување многу време во уредување на собата од студентскиот дом за да се чувствувате како дома. Зошто не ги намалите трошоците за декорирање на вашата соба со печатење сопствени слики?

Canon Zoemini е џебен печатач од Canon што директно се поврзува со паметни уреди. Тој ќе ви овозможи да печатите слики директно од мобилен уреди што ќе го забрза и олесни декорирањето.

Постојат многу економични начини за изложување на отпечатените приказни. Ако не сакате да ги врзете со конец или да ги закачите на плутена табла, тогаш обидете се да направите колаж од сликите во некоја рамка или на платно.

Серијата PIXMA TS5350 од Canon е идеална за изработка на макети и модели. Може да користите различни видови на хартија, почнувајќи од отстранливи фотоналепници и магнетна фотохартија па сè до хартија за пренос на слики врз материјали со пеглање и двострана мат хартија. Во комбинација со апликациите Easy-PhotoPrint Editor и Creative Park, никогаш не било толку лесно да ја декорирате вашата облека со вашите омилени фотографии.

Каде може да дознаете повеќе

Дознајте повеќе за софтверот PIXMA и начинот на кој може да го откриете креативниот потенцијал на вашиот печатач од Canon. Или, пак, разгледајте ја палетата за да го пронајдете совршениот партнер за вашата домашна канцеларија и почнете да печатите сопствени модели од хартија.

Напишано од Sasha Newbury

Слични написи
A Canon PIXMA printer on a desk in a home office.

СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Најдобриот печатач за домашни канцеларии

Работењето од дома е беспрекорно со печатачот PIXMA TR4650 од Canon.

The ink levels showing on a setting bar of a Canon printer.

СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија

Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.

Printer fun for everyone

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Печатач за сите

Шест начини на коишто вашиот печатач PIXMA може да ги развесели вашиот дом, семејните активности и уредите.

Слични производи

Слични написи

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники