Совети за фотографирање градски пејзажи
Додека заоѓа сонцето обидете се со еден поинаков вид на фотографирање на градски пејзажи, милионите светла ви даваат шанса да снимите врвни ноќни пејзажи од градот.
Погледнете како овој фотограф демонстрира различни техники додека снима слики во Лондон ноќе.
Фотографирањето при самрак или навечер најмногу доаѓа до израз кога се фотографира градот. Сепак, снимањето при слаба осветленост бара специфична опрема и мало познавање.
Најпрво пронајдете добра гледна точка, обидете се да се искачите над крововите за да можете да ја видите панорамата; доколку се наоѓате на улица, снимките од градот во вода, како што е на пример река или пристаниште може да продуцираат драматични рефлектирања.
Честопати најдоброто време за ноќна снимка е по заоѓањето на сонцето, но пред небото целосно да се затемни. Овие снимки му даваат сина нијанса на небото и честопати се попријатни отколку црно небо или небо осветлено единствено од градските светилки.
8 сек., f/5,6, ISO 100, снимено со 24mm
Користењето на широкоаголен објектив и брзина на бленда од неколку секунди го доловува сјајот на градот и голем дел од небото.
За да го намалите шумот и да го задржите високиот квалитет на вашите слики, користете ниско подесување на ISO и бленда од околу f/5,6. Ова значи користење на помала брзина на бленда, така што ќе мора стабилно да го држите фотоапаратот за да избегнете било какво помрднување за време на експозицијата.
4 сек., f/5,6, ISO 100, снимено со 50mm
Користењето на објектив со фокусна должина од 50mm ви овозможува фокусирање на градските светилки. Намалувањето на брзината на блендата го затемнува небото и ја нагласува панорамата на Лондон.
Обликувајте ја вашата снимка користејќи го екранот за прегледување во живо; осветлениот екран е совршен за гледање во ноќта. Можете да вршите прилагодувања на вашата експозиција со користење на функцијата за компензација на експозиција или целосно со користење на рачниот режим, со проверување на екранот.
За да фокусирате, изберете го AF со прегледување во живо, или пак префрлете го вашиот објектив на рачен фокус и користете го зголемениот приказ во живо.
Користете кабелски активатор или далечинска бленда за да го избегнете тресењето на фотоапаратот. Или, пак, користете го тајмерот од 2 секунди за му дадете време на фотоапаратот да се стабилизира откако ќе ракувате со блендата, но пред да се активира. Доколку вашиот фотоапарат има вграден Wi-Fi, можете да ја користите апликацијата Canon Connect за паметни телефони за да ги контролирате подесувањата, да ја проверувате експозицијата и да снимате. Потоа, можете да ја преземете сликата за брзо вчитување на социјалните мрежи или на блог и сето тоа од вашиот телефон.
Различниот баланс на белата боја произведува различни ефекти; поставете го на вештачко светло за ладни сини тонови или на дневна светлина за нежен сјај. За најдобар квалитет на сликата и флексибилност, снимајте во формат RAW и изберете го балансот на белата боја во пост-обработката.
Искористете ги предностите на долгата експозиција со избирање на локација на која може да се долови движењето, како на пр. возила кои поминуваат покрај некое уникатно градско обележје. Поставете ја експозицијата врз база на брзината на блендата од неколку секунди. Почекајте сообраќајот да биде во полн тек пред да го притиснете копчето на блендата. Погледнете како возилата се заматуваат до точка на невидливост, додека предните и задните светла оставаат линии низ кадарот во креативни облици. Менувајте ја брзината на блендата за да го промените ефектот.
Користењето на градските светла како заднина може да биде одличен начин за производство на извонредни портрети. За да го остварите ова ќе треба да го поставите вашиот фотоапарат на статив и да го активирате блицот, или пак да поставите надворешен. Користете слични подесувања за експозиција за снимање на трагите од светлина, но сепак подигнете го нивото на ISO за да ја ограничите брзината на блендата на една или две секунди, за да може вашиот модел да стои стабилно за пократко време. Или, пак, доколку вашиот фотоапарат ви нуди таква опција, користете го режимот за ноќни портрети за слични подесувања.
2 сек., f/14, ISO 200, снимено со 35mm
Балансирањето на светлото од градот и светлото од вашиот блиц е одличен начин да се направат интересни ноќни портрети.
Градот нуди неограничени креативни можности и локации кои можете да ги користите во кое било време од годината. Искористете ја можноста во дождливите ноќи, откако ќе престане дождот, да снимите прекрасни рефлексии, или пак снимајте во кристално јасните ноќи кога светлинското загадување е најмало.
Обидете се со ноќното фотографирање при вашата наредна посета на некој град без оглед на условите.