КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Направете си свои фиџети со Creative Park

Фиџетите се забавни за играње и уште позабавни за изработување, но можат и да ги смират возбудените умови, како што ќе откриеме во овој водич од експертот за модели од хартија Paula Milner и нејзиниот син Freddie.
Пакување мат фотохартија од Canon, снимена од горната страна, опкружена со разнобојни фиџети од хартија.

Paula Milner е ентузијаст за изработка на модели и дизајнерка за текстил која живее во Обединетото Кралство. Позната е под името The Crafty Lass на Instagram, каде што ги споделува своите инспирации за изработка на модели и моменти од животот во нејзиниот дом со повеќе од 6.000 следбеници. Freddie, најстариот син на Paula, има аутизам и чека дијагноза за АДХД, што значи дека му е потребна дополнителна помош - нешто за кое Paula разговара отворено и искрено на нејзините социјални канали.

Изработувањето модели отсекогаш било голем дел од детството на Freddie, и иако понекогаш му е тешко да се концентрира подолго време, Paula пронаоѓа начини да му го задржи вниманието. „Freddie е навистина заинтересиран за работата на мама и тато“ - вели Paula. „Татко му е инженер и многу е добар со броеви, па затоа и Freddie е заинтересиран за играчки и игри со броеви. Ако ме види како плетам или шијам, сака да научи како се прави тоа - веќе знае да зашие копче и има направено свој јорган. Многу е заинтересиран за секоја активност што веднаш му дава резултати“.

Paula неодамна дозна за Creative Park од Canon, со чија помош го забавува Freddie со безброј проекти за модели од хартија што се лесни за изработка. Фиџетите изработени од хартија се одлична алтернатива за пластичните опции, а целиот процес за Freddie делува многу смирувачки, почнувајќи од изработка на своите играчки до играње со нив. Фиџетите не се само за деца - тие нудат занимација за рацете и им помагаат на возрасните да се концентрираат доколку чувствуваат немир или нервоза.

Ако сакате да изработите свои фиџети, ова е сè што ќе ви биде потребно, плус малку инспирација од Freddie и Paula.

Шаблон од Creative Park што се печати преку црн печатач од Canon ставен врз дрвена полица.

Шаблоните може да ги печатите директно од апликацијата Creative Park или да ги преземете како PDF-датотека од веб-сајтот на Creative Park.

Насмеана жена и младо момче седат на маса и си играат со повеќе фиџети направени од хартија.

Забавувајте ги децата со фиџети направени од хартија што можете лесно да ги преземете како шаблони и да ги изработите, а секако и да се забавувате со нив.

1. Изберете шаблони од Creative Park

Жена седи пред лаптоп што го прикажува веб-сајтот на Creative Park од Canon. Пакување хартија за печатење од Canon, играчка во вид на ветерница направена од хартија, тегли со пенкала и ножици покрај неа.

Ќе се изненадите од многубројните шаблони што ви ги нуди Creative Park. Вртимушките се одлична опција за почеток, но достапни се и други опции како модели од диносауруси и каса за пари со функционални делови. Опциите се неограничени.

Creative Park ќе ви помогне да бидете креативни кога ќе посакате. Достапен е избор од илјадници проекти за модели од хартија, почнувајќи од омилените фиџети на Freddie па сè по посложени и образовни помагала како книги со модели од букви.

„Интересите на Freddie се менуваат многу често“ - вели Paula. „Еден момент го интересираат броеви, а веќе во следниот најинтересни му се светлите бои, па затоа понудените содржини што ги нуди Creative Park се многу корисни кога барам работи што ќе му се допаднат“.

Барање шаблони во Creative Park е лесно. Отворете го паѓачкото мени на веб-сајтот или изберете ја картичката за категории на почетната страница на апликацијата. Може да ја искористите и иконата за пребарување. Ако ја користите апликацијата Creative Park прв пат, не е лоша идеја да почнете со едноставни проекти. Фиџетите, како што се овие вртимушки, се совршени за почетници или деца (под надзор од возрасни). Ќе ги пронајдете со пребарување на фразата „Оригами вртимушки“ во лентата за пребарување на верзијата за компјутери или ако отидете во категориите Модели од хартија > Образовни > Забава.

2. Отпечатете ги врз мат фотохартија од Canon

Раце кои држат купче разнобојни шаблони од Creative Park отпечатени врз мат фотохартија од Canon.

Мат фотохартијата од Canon е најдобриот избор за изработка на модели од хартија. Со гаранција ќе добиете нагласени бои, а цврстината од 170 gsm (дебелината на хартијата, измерена во грамови на метар квадратен) е доволна за да создавате играчки и игри со кои ќе можете да се играте многу пати.

Мат фотохартијата од Canon е одлична за изработка на модели од хартија. Малку е подебела од стандардната A4-хартија и овозможува висококвалитетна репродукција на светли бои со кои ќе ги истакнете вашите креации. Ставете ја хартијата во вашиот печатач PIXMA согласно инструкциите и отпечатете ги избраните шаблони директно од апликацијата Creative Park или, пак, преземете шаблон во PDF-формат од веб-сајтот на Creative Park што ќе го отпечатите преку вашиот компјутер или друг уред.

„Freddie се радува на нови идеи и треба да биде стимулиран, така што можноста за избирање на содржини и нивно моментално печатење е совршена за него“ - вели Paula. Откако ќе го изберете вашиот шаблон и ќе ставите хартија, за неколку минути ќе можете да почнете со изработка на моделот.

3. Отсечете и направете

Младо момче седи на маса и внимателно сече разнобојни облици од шаблон од Creative Park.

Малите деца можат лесно да ги следат линиите за сечење на шаблоните од Creative Park, но секогаш е препорачливо тоа да го прават под надзор од возрасните.

Насмеано младо момче седи на маса и си игра со фиџети направени од хартија.

Freddie успеа сам да отсече и да изработи фиџети од хартија, поради што целиот процес му беше позабавен.

Откако ќе ги отпечатите шаблоните, следната фаза е да ги отсечете. Следете ги линиите на шаблонот и побарајте ги иконите во форма на ножици што посочуваат каде треба да направите дополнителни засеци. За фиџетите се потребни само неколку сечења, поради што се доволно лесни за да можат да ги изработуваат деца, со многу мала помош заради безбедност.

Фиџетите може лесно да ги украсите со боја, пенкала или други мали додатоци како светки или налепници (имајте предвид дека користењето боја или светки може да го оневозможи нивното рециклирање). „Неодамна дознав за Creative Park“ - вели Paula, „но мислам дека е неверојатен ресурс за родители кои треба да ги забавуваат своите деца за време на училишните одмори или да ги направат домашните задачи поинтересни.

„Открив многу начини кои можат да им помогнат и на возрасните, особено оние кои бараат алтернативни и одржливи начини за украсување забави и настани“. Достапни се и многу опции за украси за во домот што може да ги отпечатите.

4. Наменети и за возрасни

Раце кои лепат парчиња отсечена хартија со лепило. На масата има и хартија за печатење и инструкции за изработка на играчка од хартија.

Некои од шаблоните на Creative Park се посложени за изработка, па затоа е најдобро да ги изработуваат постари деца или возрасни. Ако барате начини за да ги забавувате пријателите, зошто не организирате забава со изработка на модели од хартија? Не постојат ограничувања за преземање на шаблоните, па затоа поканете колку што сакате пријатели!

Повеќе разнобојни играчки изработени од хартија ставени врз печатач PIXMA од Canon, а покрај нив има тегли со пенкала и ножици.

Секој лист со фиџети содржи повеќе шаблони за да ви понуди повеќе опции со кои ќе можете да се забавувате.

Изработувањето модели од хартија е многу релаксирачко за Freddie кој сака да изработува предмети со своите раце. Му предложивме да си игра со фиџети поодамна, но сега активно ги бара секогаш кога сака да се смири“ - вели Paula.

Изработувањето предмети од хартија може да биде многу смирувачка активност за поединци, но претставува и одличен начин за младите да се дружат со пријателите. Не постојат ограничувања за преземање на шаблоните, па затоа може сите да се обидете да го изработите истиот модел. Откако децата ќе ги направат играчките, охрабрете ги да направат игри што ќе ги играат заедно, како организирање куклена претстава за родителите.

Забавите со изработување модели од хартија не се само за деца - радоста што ја предизвикува изработувањето предмети со свои раце е добра и за возрасните. За некои извонредни проекти од категоријата за архитектура на Creative Park е потребно повеќе време и трпение, како што се моделите од црквата Саграда Фамилија во Шпанија и храмовите Ангкор Ват во Камбоџа.

„Кога станува збор за изработување модели од хартија, децата сакаат да учествуваат во процесот и не им пречи да се извалкаат“ - вели Paula. „Возрасните, пак, сакаат добро да обмислат како треба да изгледаат нештата пред да почнат со изработката. Изработување модели од хартија со Creative Park е совршено и за двете групи - независно дали сакате да создадете уникатни дизајни или да ги користите шаблоните. Ако згрешите, може повторно да ги отпечатите и да почнете од почеток“.

5. Рециклирајте ги старите проекти и создавајте нови проекти

Раце кои држат сива кутија за рециклирање, наполнета со парчиња картон и хартија и непотребни модели од хартија.

Штом завршите да си играте со вашите фиџети, може да ги рециклирате заедно со хартијата и картонот. Исто така, не заборавајте да ги разгледате опциите за рециклирање на вашите празни картриџи за мастило од Canon.

Мат фотохартијата од Canon може да се рециклира заедно со стандардната хартија/картички (секогаш проверувајте ги локалните закони за рециклирање). Постои можност да не може да се изврши рециклирање доколку ги украсите вашите дизајни или користите лепило, но може да побарате поодржливи опции како што се биоразградливите светки.

„Freddie може да биде многу несмасен“ - вели Paula. „Може лесно да ги скрши пластичните играчки, а тоа би било штета доколку сме ги платиле скапо. Благодарение на бесплатните шаблони за играчки во Creative Park не се грижиме многу ако ги скрши, особено кога знаеме дека може да ја рециклираме хартијата“.

Ако допрва го откривате Creative Park, започнете со мали проекти и постепено напредувајте кон поголемите и посложените проекти, а притоа рециклирајте ги вашите претходни креации за да направите простор за нови.

Напишано од Matthew Bowen

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    Серија PIXMA TS5350a

    Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101

    Мат фотохартијата овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршна обработка. Исто така, може да се користи за покреативна намена, како на пр., за честитки, изложби и модели од хартија.
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101D

    Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.

Слични статии

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Нека блеснат боите

    Додајте малку боја во вашиот дом со овие прекрасни виножитни модели од хартија.

  • СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Совети за печатење за враќање на училиште

    Најдете креативни начини да се организирате за учебната година со печатач од Canon.

  • КРЕАТИВНО ОПУШТАЊЕ

    Ослободете се од стресот од вашето биро

    Ви нудиме неколку едноставни начини за да го намалите секојдневниот притисок.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Направете украси од диносауруси со Creative Park

    Украсете ја детската соба на вашето дете на достапен начин со праисториски модели од хартија.