Денес, никогаш не сме далеку од технологијата. Независно дали прелистуваме низ паметниот телефон за да ни мине времето додека се возиме со автобус, работиме на лаптоп во кафуле или го минуваме слободниот ден гледајќи ги омилените серии на таблет-уред, нашите уреди станаа дел од нашите животи, така што логично е тие да ги отсликуваат и нашите карактери.
Можеби тукушто сте тргнале на факултет и сакате да се опкружите со слики од пријателите со кои сте се дружеле дома, или, пак, сакате да го украсите лаптопот со мотивациски пораки што ќе ве инспирираат секогаш кога ќе го користите. Наместо да работите на безизразна сива машина или генеричен таблет-уред или да трошите пари на куќиште за паметен телефон што не „ве доловува“, украсувањето на вашите технолошки уреди е совршена можност да ја изразите вашата индивидуалност. Користете ги омилените бои, спомени од патувањата, групни автопортрети или инспиративни цитати. Вака може да направите уредите да бидат лесно препознатливи и да бидат добра прилика за започнување разговор.
Палетата на компактни печатачи од Canon го олеснува директното печатење од паметен телефон, а изборот од хартии со самолеплива задна страна ви овозможува да создавате налепници и персонализирани етикети за само неколку секунди и потоа да ги користите за украсување на вашите уреди.