Гледањето ѕвезди додека стоите под ноќното небо претставува волшебно доживување. А сега, благодарение на напредоците во технологиите за фотоапарати, ќе можете лесно да снимате неверојатни фотографии како никогаш досега.
Дали сакате да пробате астрофотографирање? Ова се нашите најдобри совети за доловување на убавината на ѕвездените неба.
Пред да појдете да фотографирате, не заборавајте да ја проверите временската прогноза, бидејќи ќе ви треба јасно ноќно небо за да снимите одлични слики од ѕвездите. Меѓутоа, делумното присуство на облаци може да го подобри амбиентот во фотографиите од ноќното небо, па затоа бидете креативни и искористете ги во ваша полза. Ако облаците се релативно мирни, веројатноста да изгледаат заматени во сликите ќе биде помала кога користите долга експозиција. Како и при секоја долга експозиција, стабилизирањето на фотоапаратот е многу важно за да се избегнат несакани траги од светлина или заматување. Користете статив за снимање остри и јасни слики од ѕвезденото небо и внимавајте на ветерот кој може да ги придвижи облаците и да ви ја уништи снимката.