bridge silhouette over purple sky

Совети за обликување на кадарот на фотографиите

Обликувањето на кадарот е процесот во кој одлучувате како ќе ги наредите објектите во вашата слика. Обликувањето на кадарот е креативната страна на фотографирањето и навистина е забавно да се научат правилата кои подоцна може да ги прекршите!

За да ги подобрите вашите фотографии, погледнете ги следните совети и видеоснимката и применете ги идеите во пракса.

  1. 1. Земете ја предвид локацијата на вашиот објект - првиот чекор за снимање одлични слики е да одлучите што ќе доловите. Барајте интересни објекти што ќе ви го привлечат вниманието, колку поинтересен е објектот толку подобра ќе биде фотографијата

  2. 2. Правило на третини - обидете се да го позиционирате вашиот објект подалеку од центарот на вашиот кадар. Ставањето на главните елементи врз замислените линии што го сечат вашиот кадар на вертикални и хоризонтални третини ви овозможува да добиете попривлечни слики

  3. 3. Линии што го насочуваат вниманието - природните линии како патеки, пруги, ѕидови или огради можат да се искористат за да му го насочат вниманието на гледачот кон сликата. Би било одлично доколку има и интересен објект кон точката на спојување на кој би се фокусирале

  4. 4. Обликување - ставање на вашиот објект во природна рамка како влез на врата. Исто така, дрвјата, гранките или некој свод може да се искористат за насочување на вниманието кон вашиот објект

  5. 5. Исполнете го кадарот - зголемете го објектот во кадарот кога го фотографирате животот во дивината и портрети. Зумирајте го или приближете се до вашиот објект за да го елиминирате празниот простор околу него

  6. 6. Простор за движење - најдобар начин за фотографирање на објектите што се движат е да им оставите простор пред нив. На пример, кога фотографирате некој автомобил, обидете се да го поставите возилото странично во кадарот за да има простор за движење

  7. 7. Дијагонали - дијагоналните линии го сечат кадарот и создаваат привлечен изглед и движења. Воглавно, веројатноста да има дијагонали во снимките е поголема кај широкоаголните снимки поради нивната поширока перспектива. Обидете се и да го закосите фотоапаратот нагоре или надолу за да ги нагласите овие линии

  8. 8. Променете ја вашата гледна точка - внесете дополнителна привлечност во вашите слики со менување на положбата во која фотографирате. Обидете се да клекнете на колено или да го ставите фотоапаратот на подот за да добиете ниска перспектива. Или, пак, кренете го фотоапаратот високо или побарајте повисока положба за стоење за да добиете висока перспектива

  9. 9. Текстура, шаблони и детали - без разлика дали снимате пејзажи, природа, архитектура или движења, приближете се и побарајте текстура и детали за да внесете дополнителна димензија во вашите слики. Отворете ги очите и барајте детали како контраст на бои, симетрија и шаблони кои можат да се пронајдат насекаде

  10. 10. Чувство на размер - внесете размер во вашите слики за да ја нагласите сцената и да додадете фокусна точка. Ова може да биде навистина одлично при снимање пејзажи. Човечките контури се идеални за тоа, бидејќи гледачот може веднаш да ги препознае.

Погледнете го нашиот видеозапис за обликување на кадарот тука:

 

Изберете објект и откријте колку различни слики можете да снимите користејќи ги 10-те совети наведени погоре. Потоа снимете уште 10 слики од истиот објект, но сега прекршете ги правилата, на пример, ставете го објектот точно во центар на кадарот или направете го многу мал во однос на кадарот со тоа што ќе го оддалечите зумот колку што е можно повеќе. Не заборавајте да снимате и хоризонтални и вертикални слики за да видите кои ќе изгледаат подобро. Набрзо ќе забележите дека постојат бесконечно многу начини за обликување на кадарот на вашите слики, а ќе откриете и кои техники за обликување на кадарот резултираат со интересни фотографии.Изберете објект и откријте колку различни слики можете да снимите користејќи ги 10-те совети наведени погоре. Потоа снимете уште 10 слики од истиот објект, но сега прекршете ги правилата, на пример, ставете го објектот точно во центар на кадарот или направете го многу мал во однос на кадарот со тоа што ќе го оддалечите зумот колку што е можно повеќе. Не заборавајте да снимате и хоризонтални и вертикални слики за да видите кои ќе изгледаат подобро. Набрзо ќе забележите дека постојат бесконечно многу начини за обликување на кадарот на вашите слики, а ќе откриете и кои техники за обликување на кадарот резултираат со интересни фотографии.