ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

Врвни совети за создавање одлични портрети

Подобрете ги вашите вештини за фотографирање портрети со помош на нашиот опширен список на најдобрите совети и техники.
Портрет од насмеана жена којашто седи покрај мозаик со плочки со различни нијанси на сина боја пред јасно сино небо и палми, фотографиран со објектив Canon RF 28mm F2.8 STM.

Доброто фотографирање портрети бара комбинација од вештини. Постојат многу променливи, вклучувајќи ги обезбедувањето на соодветно осветлување, приближувањето и брзото ракување со фотоапаратот, како и избирањето на најдобрата технологија за задачата. Без оглед на тоа дали избирате фотоапарат без огледало за целосна слика како Canon EOS R8 за своите бескомпромисни перформанси во брзина и квалитет, или APS-C-фотоапарат без огледало како EOS R50 поради помалите димензии и тежина, секој од нив има предности за фотографирање портрети.

Без разлика каков фотоапарат имате, се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да снимате подобри портрети - без разлика дали тие се од пријателите, семејството, интересните ликови што сте ги сретнале на улица, модни портрети, па дури и миленичиња.

Одберете го вистинскиот објектив за да го истакнете субјектот

Портрет од жена којашто стои на плажа и носи шапка, фотографиран со објектив Canon RF 16mm F2.8 STM.

Изберете го соодветниот објектив за портрети за вашата композиција: подолги фокусни должини за портрети одблиску или широки агли за портретите што го опфаќаат и опкружувањето. Фотографирано со Canon EOS R6 и објектив Canon RF 16mm F2.8 STM со избрани 1/250 сек., f/2,8 и ISO200.

Жена којашто оди по спирални скали и гледа во фотоапаратот.

Покрај изборот на вистинската опрема за фотографирање, може да користите и реквизити, како и опкружувањето, во овој случај скалите, при обликувањето на кадарот и сместувањето на субјектите во него. Фотографирано со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 135mm F1.8L IS USM со избрани 1/60 сек., f/1,8 и ISO1600.

Кога фотографирате со фотоапарат Canon EOS што користи променливи објективи, без оглед на тоа дали се работи за APS-C-фотоапарат како што е Canon EOS R50, EOS R10 или EOS R100, или модел за целосна слика како што е Canon EOS R8 или EOS RP, избирањето објектив со брза максимална решетка, како што е Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM, RF 35mm F1.8 IS MACRO STM или RF 50mm F1.8 STM, ќе ви помогнат да го одвоите субјектот од заднината. За да извлечете максимум од широките отвори на блендата, користете го режимот со приоритет за решетка (Av) или рачниот режим (M) и обидете се да користите автоматски ISO вредности за експозицијата да биде најсоодветна.

Примарни објективи со фокусна должина од 50 mm до 100 mm се идеални за фотографирање портрети поради малото изобличување, што произведува прекрасни портрети. Ако користите стандарден или широкоаголен примарен објектив како што е Canon RF 28mm F2.8 STM или RF 35mm F1.8 IS MACRO STM наместо објектив со зум, ќе мора да се приближите поблиску до субјектите, при што треба да пронајдете помал објектив кој би бил помалку застрашувачки.

Можете да користите и објективи со зум, како што се Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM, RF 24-50mm F4.5-6.3 IS STM или RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM и објективи како што е Canon RF 24-50mm F4.5-6.3 IS STM или RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM коишто се неверојатно разновидни бидејќи ви овозможуваат да фотографирате портрети со различни фокусни должини, а сето тоа со еден објектив. Кога ќе се запознаете со основите на примарните објективи, објективот со голем опсег на зумирање како Canon RF 24-105 F4L IS USM, со неговата вградена стабилизација на слика, е одличен за рачно фотографирање и ви овозможува да се движите околу субјектот и да ги менувате фокусните должини за да постигнете различни ефекти. Неговиот телефото фокусен опсег овозможува создавање прекрасни портрети, а максималната должина од 105 mm е совршена за портрети одблиску.

Телефото зум како што е Canon RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM или RF 70-200mm F4L IS USM е извонреден за фотографирање несценирани портрети при привлечна фокусна должина за портрети од 85 mm и зумирање блиску за креативни снимки од очи или други детали.

Ако ви треба помош при избирање објектив, практичната алатка за пребарување објективи од Canon ги приспособува препораките врз основа на вашиот фотоапарат, жанрот во кој сакате да фотографирате, како и функциите кои ви се најважни.

Искористете ги условите со недоволна осветленост

Фотографирањето портрети навечер може да биде тешко бидејќи може да ви биде потребен блиц за да добиете доволно светлина. Амбиенталната светлина околу вашиот субјект честопати може да биде многу впечатлива и да посакате да ја задржите во портретот. Фотоапаратите без огледало за целосна слика од Canon како Canon EOS R6 Mark II, којшто се одликува со системот за фокусирање Dual Pixel CMOS AF II, може автоматски да фокусира до EV -6,5, со што ви овозможува да фотографирате без блиц дури и во услови со недоволна осветленост.

Ако користите блиц, режимот за ноќен портрет, кој е дел од повеќето фотоапарати Canon EOS, вклучувајќи ги Canon EOS R100, EOS R8 и EOS RP, ви ја олеснува целата работа бидејќи го менува начинот на кој вашиот фотоапарат функционира. Тој ќе го користи вградениот блиц или ќе го регистрира блицот Speedlite во приклучокот за блиц за да го осветли главниот субјект и да остави доволно време амбиенталната светлина да ја постави сцената за вашата слика. Тоа го постигнува со помош на помали брзини на блендата и автоматско приспособување на поставките за време на блиц. Позиционирајте го субјектот за да биде осветлен од блицот, а не од амбиенталната светлина, а за најдобри резултати, користете статив што ќе ви овозможи да го намалите тресењето на фотоапаратот.

Светли услови може да внесат премногу контраст во вашите портрети. Во оние моменти кога субјектот е осветлен одзади од силна сончева светлост, блицот може да помогне. Може да прикачите блиц Speedlite, како што е Canon Speedlite EL-100 во приклучокот за блиц на фотоапаратот или да го поставите вградениот блиц да се активира при секоја фотографија. Фотоапаратот ќе се обиде да ги балансира блицот и дневната светлина за да произведе многу повпечатлива слика во која и двата елементи - човекот и заднината - се оптимално осветлени.

Фотографирањето портрети на отворено и во различни опкружувања може да значи дека ќе се соочите со силна или тешка осветленост. Напредните примарни објективи, како што се Canon RF 50mm F1.8 STM, RF 85mm F2 MACRO IS STM и RF 24mm F1.8 MACRO IS STM нудат поголем степен на оптички квалитет, перформанси и флексибилност за справување со услови на слаба осветленост. Пошироките решетки овозможуваат пропуштање повеќе светлина до сензорот на фотоапаратот, што ви овозможува да снимате во услови со слаба осветленост без да го жртвувате квалитетот на сликата, идеално кога снимате портрети во различни опкружувања, како, на пример, во слабо осветлена фабрика или уметничко студио. Дополнително, пошироките решетки овозможуваат помала длабочина на поле, со што се создава рамномерно заматена заднина и елементи со ефект на дефокусирање со што вашиот субјект се истакнува во натрупано опкружување.

Многу објективи со RF-приклучок вклучуваат понапредна внатрешна оптика и надворешни слоеви што ги намалуваат аберацијата и отсјајот, гарантирајќи дека портретите што ги снимате на отворено се остри, јасни и ги доловуваат сите детали на вашиот субјект во неговото опкружување.

На крај, кога користите режими за автоматско фотографирање или полуавтоматско фотографирање како што е режимот со приоритет за решетка (Av) или при користење автоматски вредности на ISO , може брзо да се приспособите на променливата или слаба осветленост со помош на компензацијата на експозиција. Иако тоа може да звучи комплицирано, компензацијата на експозиција едноставно е начин да ја осветлите или затемните фотографијата. Таа е особено корисна за доловување на светлите тонови на кожа за субјектите да не изгледаат избледено и за доловување потемни тонови на кожа што сакате да изгледаат природно. Речиси сите фотоапарати од Canon имаат поставки за компензација на експозицијата. Погледнете во вашиот прирачник за да ги пронајдете.

Вежбајте спонтано фотографирање

Насмеано дете посегнува по фотоапаратот во дневна соба.

Потрудете се субјектот да биде заинтересиран и опуштен при фотографирањето. На овој начин ќе добиете поискрени фотографии. Користењето објектив со мал профил исто така може да ви помогне, бидејќи на субјектот нема да му делува застрашувачки колку поголемите. Фотографирано со Canon EOS R100 и објектив Canon RF 16mm F2.8 STM со избрани 1/100 сек., f/3,5 и ISO1600. © Gary Morrisroe

Многу фотоапарати од Canon, како што се Canon PowerShot G1 X Mark III, EOS R100 или EOS R8, може да се контролираат далечински со вашиот паметен телефон преку Wi-Fi, благодарение на апликацијата Canon Camera Connect.

За одредени модели, ваквата далечинска контрола вклучува и прегледување во живо од она што го гледа фотоапаратот, плус можноста за снимање фотографии со едноставно допирање на екранот на вашиот телефон. Поставете го фотоапаратот на стабилна подлога, а потоа користете го паметниот телефон за да ја прегледувате сликата и да фотографирате во вистинскиот момент. Со помош на оваа техника, субјектот можеби ќе може подобро да се опушти бидејќи нема директно да гледате во него.

За да снимите природни и спонтани портрети, обидете се да снимите неколку фотографии пред и откако вашиот субјект позирал пред фотоапаратот. Луѓето тогаш се чувствуваат поопуштено и поголема е веројатноста да ја доловите нивната природна насмевка или немирниот поглед на децата ако го кликнете копчето за бленда кога тие не го очекуваат тоа. Ако работите со фотоапарат без огледало како што е Canon EOS R6 Mark II, може да го користите и режимот за електронска бленда за бесшумно фотографирање. Ако фотоапаратот нуди режим за континуирано фотографирање, пробајте го. Може и да користите објектив за зумирање и да фотографирате од поголема оддалеченост за портретите да изгледаат поприродно.

Замолете ги членовите на семејството и пријателите да ви позираат за да може да ги усовршувате вашите вештини. Ако сакате да фотографирате портрети од непознати, побарајте дозвола од нив - најчесто тие се поласкани од понудата, а вие ќе добиете и време за да го обликувате кадарот.

Експериментирањето со автопортрети е добар начин да се запознаете со поставките и стиловите на композиција.

Раскажете ја приказната на луѓето така што ќе ги фотографирате во контекст

Невеста облечена во традиционално сари, украсена со златен накит и рака украсена со кана.

Кога вклучувате контекст во пошироките портрети, земете ја предвид локацијата. Погледнете ја заднината пред да фотографирате и внимателно избегнете ги елементите што може да го одвлечат вниманието. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 28-70 mm F2L USM, со избрани 70 mm, 1/1000 сек., f/2 и ISO 1600. © Sanjay Jogia

Портрет од насмеан продавач којшто стои зад својата тезга и носи шал и бордо престилка.

Оваа слика од човек зад неговата тезга на пазар во Бат е одличен пример за обезбедување контекст во портретите - прочитајте го нашиот водич за фотографирање портрети од луѓе во нивното опкружување за повеќе совети и информации. Снимено со Canon EOS RP и објектив Canon RF 50mm F1.8 STM, со избрани 1/60 сек, f/2,8 и ISO 160. © Julian Love

Портрет од човек во неговото вообичаено опкружување најчесто раскажува подобра приказна од едноставен портрет одблиску. На пример, може да користите широкоаголен објектив како Canon RF 16mm F2.8 STM, RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM или RF 28mm F2.8 STM за да фотографирате готвач кој работи во кујната или фармер во поле полно со крави. Или зошто да не го фотографирате вашиот пријател музичар со заматен ентериер на продавница за гитари во заднината? Размислете што би сакале да биде во заднината на вашата фотографија и зошто. Целта е да снимите слика што е визуелно моќна, да додадете значење и да ги поттикнете гледачите да сакаат да дознаат повеќе.

Доловете го вашиот стил на социјалните медиуми

Портрет од жена којашто седи на подот пред заднина со монистра и се насмевнува на фотоапарат поставен на дрвена маса пред неа.

Одржување на доследна палета на бои и стил на уредување низ сите ваши страници на социјални медиуми им дава поразбирлив и попрофесионален изглед.

Кога создавате модни портрети за социјалните медиуми, клучно е да ја разберете вашата публика. Приспособете ги вашите снимки за да го одразат стилот со кој вашите следбеници најмногу се поистоветуваат, како старомоден или модерен. Природната светлина ви е најдобар пријател во овие ситуации бидејќи фрла мек и привлечен сјај на субјектите. Почекајте го златниот час, непосредно по изгрејсонце или непосредно пред зајдисонце и позирајте на природен начин. Важно е да го истакнете вашиот карактер, па затоа, нека вашиот став раскаже приказна за тоа кои сте вие и што претставува вашиот стил на облекување.

Со трендовите како „Outfit of the Day“ (Што носам денес) (#OOTD), малите детали се најважни. Осигурете се дека облеката ви е чиста и испеглана и дека додатоците се соодветни. Изберете ги заднините внимателно; тие треба да ја дополнат вашата облека, не да се натпреваруваат со неа.

Доследноста во уредувањето е клучна. Запомнете: размислувајте подалеку од една слика и како ќе изгледа целната страница на вашиот канал. Одржувајте разбирлив визуелен распоред со кој вашиот профил ќе се истакнува. На крај, социјалните медиуми не се само за објавување - туку и за интерактивност. Комуницирајте со вашите следбеници откако ќе ги објавите сликите и внимавајте на инфлуенсерите и модните икони за да се адаптирате и да еволуирате заедно со трендовите на социјалните медиуми со брзо темпо. Запомнете, вашите модни портрети не покажуваат само што носите; тие споделуваат дел од вас. За повеќе информации за тоа како да доловите специфичен стил на доследен начин, погледнете го нашиот водич за снимање естетски фотографии.

Експериментирајте и ослободете се од шаблоните

Црно-бела слика снимена одозгора од мајка и дете што читаат книга. Детето гледа во фотоапаратот додека посегнува да ја заврти страницата.

Експериментирајте со вашите портрети со помош на различните поставки за стилови на слика. Оваа црно-бела слика е еднакво смела и впечатлива како и слика во боја, ако не и повеќе. Снимено со Canon EOS R и објектив Canon RF 50mm F1.2L USM со избрани 1/1250 сек., f/2,2 и ISO1000. © Helen Bartlett

Страничен портрет од жена со темно црвен кармин која гледа кон фотоапаратот. Зад неа висат низи од заматени светла.

Размислете како поставките на фотоапаратот, како што се експозицијата и длабочината на поле, може да ви помогнат да го добиете изгледот што ви е потребен. Не плашете се да експериментирате и да си поигрувате со тој изглед за да добивате различни ефекти. Дури може да додадете и дефокусирање во фотографијата за да додадете динамички елемент, како во случајов со светлата. Ако портретите на сите луѓе изгледаа исто, светот ќе беше здодевно место. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/125 сек., f/1,8 и ISO1250. © Ejiro Dafé

Освен преку приспособување на поставките на фотоапаратот, има едноставни начини да додадете интерес и значење во вашите портрети. Наместо да гледа во фотоапаратот, може да побарате од субјектот да погледне настрана, кон нешто во рамките на кадарот или во далечината. А зошто да не се обидете да го фотографирате субјектот одозгора со помош на скала? Или да се наведнете и да фотографирате од висина на половината? Прекршете ги правилата на композицијата така што ќе направите субјектот целосно да го исполни центарот на кадарот. Може да се обидете и со заднинско осветлување, сенки и мали брзини на блендата за да додадете атмосфера во портретите.

Може дури и да поставите сопствено студио во домот за да можете да експериментирате со различни техники или да дознаете повеќе за создавањето ваши креативни поставки за снимање портрети*. Целта е да експериментирате, да учите и да добиете резултати од кои ќе бидете задоволни.

Напишано од Peter Wolinski, Tamzin Wilks и Jeff Meyer

*Достапно само на англиски јазик

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R100

    Создајте совршени спомени во извонреден квалитет со интуитивниот фотоапарат EOS R што е секогаш подготвен.
  • ОБЈЕКТИВИ ОД CANON

    RF 28mm F2.8 STM

    Тенок и лесен објектив во вид на „палачинка“ за фотографирање при патувања и улично фотографирање, со повеќенаменска фокусна должина од 28 mm и брза максимална решетка f/2,8.
  • Објективи RF

    RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

    Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • Објективи RF

    RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.
  • Објектив со телефото зум

    RF 70-200mm F4L IS USM

    RF 70-200mm F4L IS USM е неопходен, компактен и лесен објектив со телефото зум од серијата L и тој е совршен за патувања, спорт/диви животни и портрети.
  • Слични статии

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Најдобрата опрема од основна класа за портрети

    Фотоапарати и објективи за секаков вид фотографирање портрети.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Снимајте подобри автопортрети

    Тиктокерката Nina Collins објаснува како да снимате креативни автопортрети дома.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ БЕБИЊА

    Совети за фотографирање бебиња

    Забавувајте се при фотографирањето бебиња и добивајте одлични резултати.

  • УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Портрети за печатење

    Фотографот и тиктокер Kym Moseley ги споделува своите совети за снимање и споделување прекрасни снимки од непознати луѓе.