A herd of zebras at a watering hole in Nairobi National Park, Kenya taken by Georgina Goodwin.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Патувајте со лесен багаж: фотографирајте ја природата со компактниот PowerShot SX740 HS

Верверичка што трча по гранка; елен што срамежливо ѕирка зад дрвјата; црвеногушка закачена на сад за хранење: за фотографирање диви животни ви се потребни брзи реакции и можност за доближување до случувањата без да ги исплашите субјектите. Без разлика дали се шетате, седите во градината или сте на сафари, џебниот PowerShot SX740 HS од Canon со оптички зум до 40x и 4K -резолуција може да ве доближи до случувањата и да ви помогне во снимањето на совршената слика.

Ќе ви кажеме пет причини поради кои овој лесен и компактен фотоапарат со зум е идеален за патување со малку багаж.

1. Доловувајте случувања во далечина со зум до 40x

Гну на ливада во Националниот парк Најроби, Кенија. © Georgina Goodwin
Благодарение на моќниот оптички зум до 40x и технологијата ZoomPlus, оваа слика од гну во Кенија е остра и во фокус и покрај тоа што е снимена со зум. © Georgina Goodwin

Благодарение на моќниот оптички зум до 40x на PowerShot SX740 HS од Canon, нема потреба да им се доближувате на животните и да ги исплашите, а со тоа ќе надминете една од најголемите пречки за фотографирање диви животни и ќе фотографирате од далечина. Функцијата за помош при обликување на кадарот ќе ви помогне да го ставите субјектот во кадарот, а технологијата ZoomPlus на фотоапаратот двојно го зголемува оптичкиот зум на дигитален начин за да добиете вкупен зум до 80x.

2. Џебна големина и преносливост

Со компактните фотоапарати нема да пропуштите ниту еден момент бидејќи може да ги носите насекаде со вас - од шума до ливада, од сафари до плажа. Со дебелина помала од 4 cm, лесниот фотоапарат PowerShot SX740 HS од Canon може лесно да се носи во џеб за да ви биде при рака кога ќе ви затреба, подготвен да ја долови птицата грабливка што ќе се спушти од небото или урбаната лисица што се крие во сенките. Можностите се бесконечни со овој компактен придружник: ќе ви овозможи да фотографирате диви животни со висока резолуција во секое време и на секое место.

3. Повеќе агли

LCD-екранот што се врти на PowerShot SX740 HS од Canon ви овозможува да снимите совршен автопортрет „во природа“, особено во комбинација со режимот за автопортрети на фотоапаратот. Можноста за вртење до 180 степени е неверојатно практична и ќе ви овозможи, на пример, да фотографирате од висина на колкот без да се наведнувате, а сепак да ја гледате фотографијата што ќе ја снимите.

4. Споделувајте ги вашите слики

Слика одблиску од еден од 60-те носорози во Националниот парк Најроби заедно со две птици (Oxpecker), позната под името птици што стојат на неговиот грб. Ваквите слики се совршени за споделување со пријателите на социјалните медиуми. © Georgina Goodwin

Ако сакате да ги споделувате вашите слики со пријателите и семејството, тогаш опциите за поврзување преку Bluetooth и Wi-Fi ќе ви овозможат лесно да го поврзете PowerShot SX740 HS од Canon со вашиот паметен телефон. Активирајте ја функцијата за автоматско префрлување на апликацијата Canon Camera Connect и вашите слики ќе се префрлуваат за неколку секунди во вашиот телефон или таблет-уред за да ги објавите на социјалните медиуми или да ги испратите на саканите. Дури и ако фотографирате само поради тоа што уживате во тоа, оваа функција е многу практична - овозможува многу лесно правење резервни копии од најновите фотографии што сте ги снимиле во компјутер.

Не правете отстапки за квалитетот за видео доколку се одлучите за компактен модел. Малиот, но сепак моќен PowerShot SX740 HS од Canon снима неверојатни 4K-видеоснимки со кои може да го доловите дебелото животинско крзно или интересните шари на пердувите на птиците. Високата резолуција, заедно со оптичката стабилизација на сликата, ќе ви овозможи да снимате со ист квалитет дури и ако се движите. Достапни се и опции за снимање фотографии од снимените видеосодржини и режим за снимање видеозаписи со забрзани движења - идеално за доловување на прекрасно зајдисонце.

Напишано од Tamzin Wilks

Слични написи
A man standing among the trees using the PowerShot ZOOM.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Уживајте во природата

Фотографот за диви животни Tolga Aktas говори како PowerShot ZOOM може да ви помогне да уживате во моментот.

A red squirrel looks straight at the camera as it runs across a carpet of dried leaves and fallen petals.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Совети за фотографирање диви животни

Совети и техники со кои ќе го однесете фотографирањето диви животни на повисоко ниво и ќе извлечете максимум од вашиот фотоапарат и објективите од Canon.

Powerful and fast wildlife photos with the Canon EOS 90D

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Моќни и брзи фотографии од диви животни со EOS 90D од Canon

Бидејќи извонредни моменти со диви животни се случуваат во дел од секундата, фотографот Markus Varesvuo го обожава брзиот фотоапарат EOS 90D од Canon. Погледнете ги неверојатните резултати од неговото фотографирање.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники