Откако ќе го изберете дизајнот за вашиот вез, следен чекор е да го отпечатите шаблонот. Бесплатната
апликација Canon PRINT, што е компатибилна со повеќето печатачи со Wi-Fi од Canon, вклучувајќи ја и
серијата PIXMA TS5350 од Canon, ви овозможува да го контролирате вашиот печатач директно преку паметен телефон и да се поврзете на Cloud.
Ако вашата ткаенина е многу тенка, тогаш може да го отпечатите шаблонот за везење врз обична хартија, на пример, врз
мат фотохартија, а потоа да го обележите директно врз ткаенината. Залепете го шаблонот на прозорец, преклопете го со ткаенината и обележете ги линиите со молив или пенкало за обележување.
Rosie употреби хартија за пренос на слики врз светли ткаенини со пеглање, што го олесни процесот. Хартијата е достапна во A4-големина за да можете да изработувате големи дизајни или да вметнете повеќе мали слики на истиот лист (со помош на
апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon за полесно распоредување) за да се избегне непотребно трошење на хартија.