Рачно изработените честитки не се само убаво осмислени подароци, туку се и одличен начин да стекнете креативни вештини. Без разлика дали се работи за јубилеен семеен роденден, свадба на пријател, новороденче или дипломирање, спомен со личен белег е совршениот додаток за секоја важна пригода. Не мора да сте професионални уметници за да изработувате прекрасни честитки. Доволно е да се обидете и да ја ослободите креативноста.
По доселувањето од Пакистан во Обединетото Кралство пред 13 години, креативната работа ѝ помогнала на Tania Ahmed во приспособувањето. „Во Пакистан нема толку материјали за креативни изработки како во Обединетото Кралство“, вели таа. „Креативната енергија ја насочував кон везење, правење накит, нижење мониста и шиење. Кога се доселив во Обединетото Кралство, го открив каналот YouTube, а со тоа и многубројните можности за изработка на картички и модели од хартија. Бев многу љубопитна, открив и продавничка во близина, а дел од материјалите ги купував на интернет. Може да се каже дека ова беше еден моите начини за приспособување на животот во земјата.“
Во продолжение, Tania, којашто е изработувач и сопственик на креативен бизнис за рачна изработка на картички, одржува часови на интернет за употребата на мешани медиуми, ги споделува своите најдобри совети и објаснува како да создавате картички со користење на печатачот од серијата PIXMA TS7450 на Canon.