КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Внесете реалистичност во вашите креативни проекти за изработка на модели со апликацијата SELPHY Photo Layout

Emma Jewell, експерт за изработка на модели и блогер, покажува како да создавате проекти што ќе ве воодушеват со помош на апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon.
Рака зема отпечатен лист со живописни слики од печатачот SELPHY CP1300 од Canon опкружен со монистри, ѓердани и табела со бои.

Експертот за модели од хартија и уметник, Emma Jewell, ги отелотворува сите светликави работи, не само во името туку и во карактерот. Од нејзините објави на Instagram, прелиени со сите бои на виножитото и исполнети со инспирација за изработување, па сè до нејзиното месечно издание на „Клуб за модели и коктели“, Emma има огромна страст за изработка на модели, особено ако опфаќаат некаква форма на светки.

„Верувам дека сите имаме свои вештини, но треба да откриеме какви се тие“ - вели Emma која има сопствен бренд за изработка на модели, наречен Sassy Crafting, а пред пет години започна хонорарно да изработува модели.

Emma, која е самопрогласен љубител на бои, светки и „распоредување предмети во боите на виножитото“, го прифати предизвикот да прикаже како може да се забавувате со апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon. Апликацијата не само што ви овозможува да создавате интересно распоредени фотографии, туку може да се користи и како алатка за креативна уметност и дизајн, со опции за додавање филтри, текст, печати и графика, поради што е идеална за правење колажи и забавни проекти со фотографии. А штом бидете задоволни со изгледот на вашите креации, преносливиот печатач за фотографии SELPHY CP1300 од Canon со Wi-Fi ќе ви овозможи веднаш да ги отпечатите вашите инспиративни колажи.

Тука, Emma објаснува зошто бесплатната апликација за правење колажи SELPHY Photo Layout од Canon и мини печатачот за фотографии SELPHY CP1300 од Canon се совршена комбинација за изработка на креативни модели.

1. Собирање идеи

Голем избор на монистри и ѓердани покрај лист хартија со слики од ѓердани и нараквици од монистри.

Emma има блог уште од 2014 година и создавала содржини за брендови како Hobbycraft, Cricut и Trimcraft. Таа сака да прави сопствени и уникатни креации наместо да купува обични предмети од продавница.

„Сакам да правам колажи и сакам да изработувам приспособена облека“ - вели Emma, која ја искористи апликацијата SELPHY Photo Layout за да собере идеи за нејзините проекти за изработка на модели. „Собирав инспирација - различни шеми и бои - за фармерки што сакав да ги приспособам, идеи за ѕидна уметност во разни бои, везена торба за шминка со шљокици и накит со пластични монистри од 90-тите и ланче.

„Собирам идеи од секаде, вклучувајќи и Pinterest. Навистина сакав да направам нешто со фармерки и цветни форми, па затоа разгледував маргаритки. Ја искористив апликацијата за да спојам сè и да видам кои дизајни ќе изгледаат најдобро“.

2. Уредување на вашите инспиративни идеи

Маргаритки од текстил, хартија со слики од маргаритки и слика од фармерки со маргаритки на нив, ставени врз бела површина.

Опцијата за распоред „Комбинација“ во апликацијата ви овозможува да подредувате фотографии со различни големини, а Emma ја искористи оваа опција за да создаде колаж со фотографии од маргаритки за фармерките што планира да ги украси.

Маргаритки од текстил, хартија со слики од маргаритки и слика од фармерки со маргаритки на нив, ставени врз виолетова површина, покрај печатачот SELPHY CP1300 од Canon.

Апликацијата SELPHY Photo Layout нуди многубројни опции за додавање филтри, печати, текст и графика, овозможувајќи ви да создавате сопствени и забавни колажи со фотографии.

Апликацијата SELPHY Photo Layout ви нуди избор од шест опции за распоредување:

Select & Print: оваа опција создава една слика.

N-up: оваа опција ја дели хартијата еднакво на две, четири или осум фотографии по страница.

Shuffle: ова опција автоматски распоредува фотографии со различен сооднос на слика за да создаде колаж од вашите фотографии.

Bookmark: оваа опција создава два долгнавести распореди.

Combination: оваа опција подредува и спојува фотографии со различна големина (што можат да се отсечат и раздвојат по печатењето).

Label: оваа опција ви овозможува да ги искористите вашите слики за да создадете квадратни или мали етикети.


Ако ја преземете најновата верзија на апликацијата, тогаш ќе можете да направите распоред со опцијата „Bookmark“ и ќе добиете два различни дизајни, наместо два исти дизајни. Исто така, изработувачите на модели ќе имаат можност да изберат помеѓу подобрена палета на бои за текст и графика и функција за „приспособени бои“ за уникатни УВ-ефекти во точка, која ќе направи одредени површини на сликата да изгледаат посјајни од другите, со што ќе обезбеди интересни и креативни можности.

Emma употреби повеќе распореди за да ги спои своите идеи. „За некои идеи внесов текст и неколку налепници“ - вели таа. „Налепниците во форма на цвеќиња ги додадов врз фармерките за да видам како ќе изгледаат. Апликацијата ми овозможи и да додадам заднина со точки во еден од деловите“ - објасни Emma. „Додадов три слики и површина со точки, а можев да додадам и неколку белешки“.

3. Печатење на вашите дизајни

Повеќе разнобојни материјали за модели од хартија и отпечатени материјали ставени околу печатачот SELPHY CP1300 од Canon.

Emma обожува бои и сјај, а нејзините разнобојни дизајни се совршени за обработка со SELPHY CP1300 од Canon кој печати материјали со големина на картички и нуди избор на повеќе завршни обработки.

Печатач SELPHY CP1300 од Canon печати лист хартија со четири различни и светликави шеми.

SELPHY CP1300 од Canon, што е компатибилен со Apple AirPrint, овозможува полесно создавање забавни слики што може да ги закачите на табли и ѕидови.

Материјалите што Emma ги отпечати брзо и лесно благодарение на преносливиот печатач за фотографии SELPHY CP1300 од Canon, одговараа на нејзиниот препознатлив и живописен стил. „Боите беа многу светли, поради што се прикажаа сите нијанси што сакав да ги покажам“. За еден од материјалите отпечатив и табела со бои, за да се види дека отпечатените бои беа исти со боите прикажани на екранот“ - вели Emma.

„Ми се допадна колку брзо печати SELPHY CP1300. Одличен е и брз, а процесот за испраќање слики од апликацијата директно до печатачот е многу едноставен. Исто така, лесно можев да правам промени доколку нешто не изгледаше добро или не ми се допаѓаше - лесно можев да отпечатам друга верзија. Многу ми се допаѓа големина за хартија од 6x4 бидејќи може да се отпечатат повеќе слики на еден лист“.

Апликацијата SELPHY Photo Layout е компатибилна и со преносливиот печатач SELPHY Square QX10 од Canon.

4. Пронаоѓање инспирација за вашите проекти за изработка на модели

Торба за шминки со светликав лист, конец и шљокици врз неа, ставени покрај слика од бели чизми со сјаен холографски ефект.

Почетокот со една инспиративна слика - како овој пар холографски чизми - е одличен начин за започнување на вашиот креативен проект. „Чевлите со холографски елемент ми беа почетна точка“ - објаснува Emma. „Пример за видот на облека што одговара на оваа торба за шминки“.

Најважниот совет на Emma за надежните изработувачи на модели е да употребат забавна тема за почеток на нивниот проект и да остават темата сама да се развие. „Соберете колку што можете повеќе инспирација“ - вели таа. „Потоа изберете една слика за почеток, независно дали е само боја, некој предмет што сакате да го приспособите или слика од некои чевли - искористете ја како почетна точка“.

Идеите на Emma вообичаено започнуваат кога се обидува да реши некој проблем и кога сака да направи нешто по своја желба наместо да оди во продавница и да го купи решението. „Носам тетратка за работите што ќе ги смислам додека се шетам“ - вели таа. „Смислувам работи што можеби би ги носела на себе или би ги користела во домот. Наместо да купам нешто, се прашувам „Како да го направам тоа што го сакам?“

Без разлика дали ќе ги реализирате вашите идеи за модели со помош на преносливиот SELPHY CP1300 или со SELPHY Square QX10 од Canon, апликацијата SELPHY Photo Layout ќе ви помогне да ја изразите вашата креативност со колажи од фотографии.

За да добиете поголема инспирација за модели, почнувајќи од модели од пеперутки па сè до инспиративни табли, кликнете тука.

Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    SELPHY CP1500

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.
  • Печатачи за во домот

    SELPHY SQUARE QX10

    Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.

Слични статии

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Создавајте во текот на целата година

    Разгледајте ги инспиративните идеи на Jesus Sauvage за вашиот SELPHY Square QX10.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Направете експлодирачка кутија

    Lini Trinh ја покажува својата „експлодирачка“ кутија направена со помош на Canon SELPHY CP1500.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Подобрете ја празничната атмосфера со украси од фотографии

    Во вториот проект на SELPHY Craft Club, Duygu Turgut Gokpinar ги споделува своите искуства од користењето на Canon SELPHY Square QX10.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Направете табла за напредок во животот

    Уредете го просторот во ваш стил со Canon SELPHY Square QX10.