A woman with her back to the camera uses a tablet. A Canon printer is on a desk in the background.

ПЕЧАТЕЊЕ

Добијте поголема слобода со безжичен печатач со поддршка за Cloud

Секоја канцеларија и училница има потреба од печатач - а како што се менуваат времињата и секој дом ќе има потреба од печатач бидејќи повеќето од нас се одлучуваат за далечинско работење и студирање. Еден од најдобрите аспекти за работењето од дома е тоа што можете да работите во која било соба во зависност од вашето расположение. Со поставување на безжичен печатач со поддршка за Cloud во вашиот дом не мора да седите до печатачот - можете да печатите од каде што ќе посакате. Значи, ако сакате можете да седите во кујната наутро блиску до ѓезвето за кафе, па да се преместите во градината за да го фатите попладневното сонце. Испратете документи за печатење кога ќе бидете подготвени и подигнете ги кога што ќе посакате.

A Canon printer on a table in a living room.
Со безжичното печатење не мора да седите до печатачот, не мора да имате наменска домашна канцеларија и можете да работите каде што ќе посакате.

Загрижени сте дека постапката за поставување на безжичниот печатач е сложена? Не грижете се - многу е едноставна. А, кога ќе го поставите, постојат повеќе предности што ќе ви овозможат непречена рутина на работење/студирање. На пример, PIXMA G4411 има резервоари за мастило што се дополнуваат и што ви овозможуваат да отпечатите илјадници документи без дополнување. Исто така, благодарение на PIXMA Cloud Link можете да гледате, печатите и скенирате документи и фотографии од екранот на печатачот или од вашиот паметен телефон или таблет со помош на апликацијата Canon PRINT. PIXMA Cloud Link ви овозможува и да печатите од и да скенирате кон онлајн услуги за складирање како Dropbox и Google Drive и да споделувате документи на едноставен начин. Повеќе информации за тоа како да го поставите безжичниот печатач погледнете во водичот за поддршка.

Предности на користењето безжичен печатач за работа од дома

A man sits in front of a PIXMA G6040 Canon printer making notes on a printout.
Сложените или деталните информации може полесно да се разберат од отпечатен материјал отколку од монитор.

Освен тоа што е корисен за печатење писма и етикети за секојдневни потреби, печатачот може да ви помогне и да бидете попродуктивни и ефективни. Со читање на отпечатен материјал помала е веројатноста вниманието да ви го одвлечат известувања на екранот или дојдовни е-пораки. Исто така не треба да заборавите дека на вашите очи им е потребен одмор од екранот.

За Rosie, сметководителка, безжичниот печатач е бесценета алатка кога работи од дома. Таа објаснува: „Редовно гледам финансиски извештаи и табеларни пресметки и открив дека информациите многу полесно можам да ги разберам во отпечатена форма отколку на екран. Иако имаме канцеларија во домот, ние сме двајца, што значи дека еден од нас секогаш работи на трпезариската маса. Можноста за безжично печатење од секоја локација е мошне практична“.

A woman stands in an office holding a sheet of paper.
Понекогаш отпечатениот материјал може да ви помогне да ја увидите големината или обемот на проектот.

Estelle, менаџер за маркетинг, редовно одржува вебинари и секогаш го печати нејзиниот воведен текст. „Кога сум во канцеларија имам два екрана, но дома имам само еден, па го печатам текстот што го читам на почетокот од секој вебинар. Со четворица во домот, навистина е практично да имате безжичен печатач за да можете да печатите од секоја соба. Исто така обожавам што можам да печатам директно од телефонот ако сакам“.

Simon е графички дизајнер кој не сака да биде без својот безжичен печатач. Тој објаснува: „Како по правило го печатам проектното резиме што треба да го читам, особено ако е сложено, и обично сум опремен со маркер за подвлекување. А, кога обработувам дизајн за печатење, секогаш го печатам проектот за да го проверам и да го погледнам во размер - тоа е важен чекор затоа што лесно можете да го изгубите чувството за размер, особено ако работите на голем монитор“.

Важна алатка за ученици и студенти

A teenage girl sits cross-legged on a bed, studying her textbooks. A Canon PIXMA TS5150 printer is on the table beside her.
PIXMA Cloud Link има поддршка и за Google Classroom, што им овозможува на студентите да останат во контакт со нивните професори додека студираат од дома.

Професионалците не се единствените што може да уживаат во придобивките од користењето безжичен печатач во домот. PIXMA Cloud Link има поддршка и за Google Classroom, што значи дека е корисен за учениците и студентите. Google Classroom е наменет да ја олесни комуникацијата помеѓу професорите и студентите. Користењето PIXMA Cloud Link со Google Classroom значи дека студентите може да печатат листи од предметите што ги студираат и да печатат задачи директно од екранот на печатачот или од нивниот паметен уред преку апликацијата Canon PRINT. Дополнителна придобивка за професорите е тоа што може лесно да ги печатат списоците на ученици во класовите.

A teenage boy sits at his desk in his bedroom. A Canon G4400 printer is on the desk beside him.
Безжичниот печатач е корисна алатка за учениците и студентите кои можат да го користат за печатење задачи или за крајна проверка на нивната работа.

15-годишниот ученик Jamie вели: „Обично ги печатам задачите затоа што тоа ми помага да ги запаметам клучните точки што треба да ги научам и секогаш ги печатам есеите откако ќе ги напишам. Тогаш ќе направам пауза, можеби ќе шутирам топка или ќе правам нешто друго одредено време, пред да седнам да го прочитам мојот есеј како што треба. Ги обележувам грешките со црвено пенкало за да можам да ги коригирам пред да ги поставам документите што професорот треба да ги прегледа. Читањето на отпечатениот материјал е навистина важен чекор за мене - забележувам секакви работи што не ги гледам на екранот и ми помага да добијам подобри оценки, a мајка ми и татко ми се задоволни!“

Напишано од Angela Nicholson

Слични написи
A child sat at a table with a parent creating colourful papercrafts using a Canon printer.

ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

Откријте стотици бесплатни и забавни проекти за изработка на модели од хартија

Од куклени претстави до друштвени игри, помагала за учење и лавиринти што ја поттикнуваат свесноста, користете ја палетата на модели од хартија на Creative Park за да им овозможите целодневна занимација и забава на децата.

In a room filled with flowers, a man holds a print he has made using a Canon PIXMA G6040 that can be seen on the table in front of him.

ПЕЧАТЕЊЕ

Серија PIXMA G од Canon: докажан тимски играч

Три студии за анализа истражуваат како серијата PIXMA G од Canon може да го подобри вашето деловно работење.

A printout on a printer tray of an iron-on transfer of a polar bear, different print applications, smartphone, cloth bag, T-shirt, party glasses.

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Разбудете ја вашата креативност со печатење

Дознајте како да користите хартија, апликации и печатач од Canon за да го трансформирате вашиот дом и да ги разубавите сите предмети, почнувајќи од телефонот па сè до фрижидерот.

Слични производи

Слични производи

Слични производи

Слични производи

Слични написи

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники