Stef и Hannah Michalak се опишуваат себеси како „семејство од Бат што снима видеа“. Двојката снима интимни моменти од нивниот живот како родители во серија филмски видеоснимки во кои се пронајдоа многу луѓе - откако направија сметка на YouTube во 2012 година, неделните видеоблогови на семејството Michalak привлекоа 276.000 претплатници и повеќе од 43 милиони прегледи.
Иако видеоснимките даваат автентичен и спонтан впечаток за нивниот живот, тие се резултат на внимателно планирање, снимање и уредување - процес што Stef го усовршил преку експериментирање и повеќегодишна практика.
Напорната работа на Stef и Hannah се исплатеше. Не само затоа што се успешни како создавачи на содржини на YouTube, туку и затоа што имаат збирка од прекрасни видеоснимки на кои ќе може да се присетуваат во годините што следат. Како што вели Stef, „Навистина вреди да вложите малку труд, затоа што не можете да ставите цена на вредноста што оваа видеоснимка ќе ја има за вашето семејство. После 20 години никогаш нема да си помислите, навистина се каам за тој ден кога ги снимивме сите тие видеосодржини и кога ја направивме таа прекрасна видеоснимка. А, причината зошто користиме видеоснимки, наместо фотографии, за овековечување на спомените е тоа што видеоснимката совршено го доловува моментот“.
Семејството Michalak започна со едноставен компактен фотоапарат и иако додадоа професионални фотоапарати во нивната торба со опрема, нивниот главен фотоапарат за снимање видеоблогови за доловување на малите моменти во животот е EOS M50 од Canon, извонреден повеќенаменски фотоапарат без огледало што нуди можност за снимање фотографии со 24,1 мегапиксели и видеотехнологија 4K Ultra High Definition во компактно куќиште.
„Фотоапаратот EOS M50 од Canon е моќен и едноставен за користење: вклучете го, поставете го во режим за видео, направете прилагодувања во менијата неколку секунди и тоа е сè, можете да почнете да снимате“, открива Stef.
Погледнете како Stef снимаше видеозапис за неговиот најмлад син како учи да вози велосипед - и дава совети како да ги направите првите чекори во снимањето видео.
Ако повеќе сакате да фотографирате отколку да снимате, не плашете се да се префрлите на фотографирање. Можете да ги искористите сите ваши вештини за обликување на кадарот при фотографирање кога снимате видео. „Мислам дека е важно кон снимката да се пристапи како да може да биде фотографија“, вели Stef. „Во суштина имате мал прозорец што гледа кон овој огромен пејзаж и сè се сведува на тоа каде ќе го поставите тој прозорец за совршено да ја доловите таа сцена. Понекогаш треба да направите чекор налево или надесно, или да го поместите фотоапаратот надолу или нагоре за да ја подобрите композицијата и да го привлечете гледачот кон субјектот“.
„Луѓето имаат тенденција да го држат фотоапаратот на ниво на очите, но важно е да пробате различни агли“, додава тој. „На пример, кога снимате деца, важно е да го спуштите фотоапаратот на нивно ниво. Поголем дел од времето клечам, седам или лежам. Фотоапаратот EOS M50 од Canon има практичен екран на допир со променлив агол за да можете да го држите фотоапаратот на ниско ниво и да го закосите екранот нагоре за да следите што снимате. Исто така ви препорачувам да го активирате приказот на мрежа што ќе ви помогне да го обликувате кадарот“.
Апликацијата Canon Camera Connect, што го поврзува вашиот фотоапарат со уред со iOS или Android, може да се користи и за снимање видеозаписи од невообичаени агли, бидејќи ви овозможува да го прилагодите фокусот додека снимате без да го допрете фотоапаратот.