ТЕХНИКИ ЗА НОЌНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Како да се фотографира супермесечината: 8 совети за неверојатни фотографии од месечината

Применете ги овие професионални техники за фотографирање на месечината и научете како да ја фотографирате една од најпрекрасните глетки на ноќното небо
Слика одблиску од полна месечина над осамено дрво во поле.

Месечината продолжува да биде привлечна глетка за фотографите ширум светот, особено во ретките мигови кога преминува во супермесечина или крвава месечина. Но, не е лесно да се долови нејзината вистинска убавина. Снимањето на светол предмет којшто е многу оддалечен, при слаба осветленост, како и обликувањето на кадри и фокусирањето со голема фокусна должина може да биде доста тешко. Сепак, со правилната фотографска опрема и поставки за експозиција, ќе можете да ја фотографирате месечината со извонредни детали и да создадете мистични пејзажи. Ќе ви покажеме како.

1. Совети за фотографирање на месечината: внимавајте на датумите

Месечината на чисто ноќно небо и гранки од дрвја во преден план.

Можеби движењата на месечината се прецизни, но временските услови се непредвидливи. Месечината најубаво се фотографира на чисто ноќно небо, но проверете ја временската прогноза пред да излезете. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 100-500mm F4.5.-7.1 IS USM од Canon со избрани 400 mm, 30 сек., f/11 и ISO 100.

Полна месечина се издигнува високо над редица дрвја.

Од 2021 до 2025, ќе има четири супермесечини по година, што значи дека ќе има и многу можности да се сними овој преубав настан. Крвава месечина ќе имаме во мај 2021 и 2022, ноември 2022, март и септември 2025, како и март 2026, а некои од нив ќе можат да се видат само ако отпатувате до друга локација. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM од Canon + додаток за продолжување RF 1,4x, со избрани 700 mm, 2 сек., f/10 и ISO 1000.

При движењето на месечината по својата орбита коешто трае 27,322 денови, во одредени моменти таа се наоѓа малку поблиску до земјата. Ако во овие моменти месечината е полна, односно во тие моменти од месецот дошло до порамнување на сонцето, месечината и земјата, тогаш имаме можност да видиме зголемена полна месечина или супермесечина. Крвавата месечина е уште поретка. Таа се појавува кога покрај супермесечина, имаме и нејзино целосно затемнување. Ова значи дека земјата целосно ја блокира директната сончева светлина и до неа стигнува само прекршената светлина од атмосферата на земјата, поради што месечината се обојува со светло црвена боја.

2. Планирајте однапред

EOS RP поставен на статив со телефото-објектив за фотографирање на месечината којашто се издигнува над дрвјата околу езерото.

Без разлика дали сакате да ја фотографирате светлата полна месечина високо на небото или, пак, младата месечина, можете да испланирате кога да фотографирате во согласност со месечевиот циклус за да ги направите фотографиите што сте си ги замислиле.

Месечината е фотографирана низ дрвјата, а во преден план е рефлектираната светлина којашто осветлува делови од езерото.

Со планирање однапред можете да ја изберете саканата композиција, односно да одлучите дали ќе ја фотографирате месечината над локалниот замок или како фрла светлина во езерото. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM од Canon, со избрани 300 mm, 1/40 сек., f/6,3 и ISO 500.

Освен што ќе се забавувате додека ги тестирате способностите на вашиот фотоапарат, фотографирањето на месечината е и одлична прилика да се запознаете со движењата на земјата и нејзиниот сателит. Можеме да одредиме точно кога месечината ќе изгрее, како ќе се движи на небото и каде ќе зајде и тоа за секоја вечер и далеку во иднината. Постојат неколку корисни апликации за телефон коишто ќе ви помогнат прецизно да ги испланирате аглите, како и да ги следите фазите на месечината на интернет. Начелно, полната месечина се појавува точно наспроти сонцето коешто заоѓа.

3. Поставки за фотографирање на месечината

Човек го прилагодува екранот со променлив агол на својот EOS RP од Canon при фотографирање на месечината.

Бидејќи снимањето на светол предмет во темна средина може да предизвика проблеми со експозицијата, обидете се рачно да ја прилагодите.

Екран на EOS RP од Canon на којшто се прикажани поставките за издвојување.

Ако не успевате да ја фокусирате месечината, обидете се со рачно фокусирање. Користете ја функцијата за прегледување во живо и овозможете издвојување со фокус за да добиете остри детали.

Режимите за автоматска експозиција може да не се соодветни за фотографирање на месечината поради што најдобро е да користите рачна експозиција. Бидејќи интензитетот на сончевата светлина којашто доаѓа до месечината не се менува, можете да го користите едноставното правило за експозиција - „правилото f/11“. Поставете ја решетката на f/11 и усогласете ја брзината на блендата со спротивната вредност за ISO, со што при ISO од 100, ќе се користи 1/100 сек., при ISO од 200, ќе се користи 1/200 сек. итн. Секако, не морате строго да се придржувате до ова правило, туку можете да ја менувате и приспособувате брзината на блендата и решетката околу овие вредности додека не ја добиете посакуваната слика.

4. Кои објективи се погодни за фотографирање на месечината?

Фотограф го прилагодува својот фотоапарат EOS RP со објектив RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM којшто е поставен на статив.

Објективот за зумирање како што е RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM од Canon ви дава многу можности за пејзажи на месечината со поширок агол, како и детални слики одблиску.

Пејзаж на месечината снимен над автопат со светлосни траги од сообраќај добиени со долга експозиција.

Елементите во преден план се исто така добар начин за снимање на друг извор на светлина, како оваа фотографија со светлосни траги од сообраќај настанати со долга експозиција, што е одличен начин за додавање контраст во фотографиите. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 100-500mm F4.5.-7.1 IS USM од Canon, со избрани 100 mm, 8 сек., f/10 и ISO 250.

За снимање на месечината одблиску потребен ви е долг објектив, но користењето на брзи и скапи објективи не е пресудно бидејќи месечината е доволно светла за да не мора да користите најширока решетка каква што имаат врвните објективи. Можете да користите дури и стандарден зум како RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon – можеби нема да можете да го исполните кадарот, но секогаш можете да го отсечете непотребното од фотографиите. Тука наоѓаат примена фотоапаратите со висока резолуција како EOS RP од Canon со 26,2 MP.

5. Зголемете го дострелот

Фотограф го користи објективот RF 800mm F11 IS STM од Canon на фотоапарат EOS RP поставен на статив.

Со уникатните објективи како RF 800mm F11 IS STM од Canon, нема потреба да потрошите цело богатство за да снимите фотографии од месечината со многу детали.

Слика одблиску од речиси полна месечина на чисто ноќно небо.

Тука ги искомбиниравме објективот RF 800mm F11 IS STM од Canon со телеконвертор 2x, што овозможува неверојатен дострел од 1600 mm за снимање фотографии од месечината со многу детали. Снимено со EOS RP со објектив RF 800mm F11 IS STM од Canon + додаток за продолжување RF 2x, со избрани 1600 mm, 1/50 сек., f/22 и ISO 100.

За исполнување на кадарот, идеални се објективите како RF 800mm F11 IS STM од Canon. Решетката на f/11 е совршена за фотографирање на месечината и е компатибилна со „правилото f/11“. Додатоците за продолжување за објективи, како додатокот за продолжување RF 1,4x и додатокот за продолжување RF 2x, ќе ви помогнат да го зголемите дострелот на вашиот објектив.

6. Фотографирајте во вистинскиот момент

Светложолта полна месечина се наѕира меѓу дрвјата.

Ако сакате да снимите предмети пред месечината со долг објектив, треба да се оддалечите на растојание од околу 800 метри или повеќе за да ги усогласите пропорциите. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 100-500mm F4.5.-7.1 IS USM од Canon, со избрани 500 mm, 0,5 сек., f/8 и ISO 100.

Силуета на летало коешто прелетува пред месечината.

Со прецизно планирање на моментот за фотографирање ќе снимите извонредни фотографии како таа од леталото коешто прелетува пред месечината. Снимено со EOS R5 од Canon и објектив RF 800mm F11 IS STM од Canon, со избрани 1/1000 сек., f/11 и ISO 1600. © Tibor Szövetes

Може да се каже дека супермесечината е највпечатлива кога ќе се појави на хоризонтот. Светлината минува странично низ атмосферата на земјата додека да стигне до вас поради што месечината се обојува со жива црвеникава боја. Тогаш месечината изгледа и најголемо, но ова е илузија бидејќи големината не ѝ се менува во текот на ноќта, туку заоблувањето на атмосферата служи како лупа.

7. Фотографирајте ја месечината со детали во преден план

Фотоапарат EOS RP од Canon поставен на статив за фотографирање на месечината над езеро. Над водата се издигнува даска за отскокнување.

Вклучувањето детали во преден план при фотографирањето на месечината ќе ви помогне во обликувањето на кадрите, а со тоа и да создадете поинтересна фотографија.

Одраз на месечината во езеро. Над водата се издигнува даска за отскокнување.

Со користење на статив и намалување на брзината на блендата на една секунда или повеќе, можете да ја фотографирате површината на месечина, како и да снимате мистични пејзажи коишто ќе изгледаат како да се сликани преку ден. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon, со избрани 46 mm, 2,5 сек., f/5,6 и ISO 800.

Можете да бидете креативни со вашите композиции со месечината и да вклучите впечатливи детали на хоризонтот. Морате да бидете присутни и да дејствувате брзо бидејќи доволни се неколку минути за месечината да се искачи високо на небото откако ќе се појави на хоризонтот.

8. Заборавете на полната месечина

Слика одблиску од месечината на којашто се гледаат особености и детали од нејзината површина.

Фазите на месечината во коишто таа се намалува или расте (кога е речиси три-четвртини исполнета) се погодни за снимање на детали од нејзината површина. Снимено со EOS RP од Canon со објектив RF 800mm F11 IS STM од Canon + додаток за продолжување RF 2x, со избрани 1600 mm, 1/50 сек., f/22 и ISO 100.

Иако полната месечина лесно нè хипнотизира, ова не е најдобриот момент за фотографирање доколку сакате да снимите релјефни формации на површината, како што се кратерите. За време на полната месечина, сончевата светлина директно ја осветлува месечината и на тој начин елиминира голем дел од сенките слично како што блицот од фотоапаратот го осветлува лицето. Во други делови од месецот, сончевата светлина доаѓа отстрана, со што се создаваат осветлените површини и сенките коишто се потребни за истакнување на контурите и деталите од месечевата површина.

Усовршете ги вашите фотографии од месечината со дополнителните совети и инспирација од професионалниот фотограф Andrew Fusek Peters*.

*Достапно само на неколку јазици.


Напишано од Phil Hall

Слични производи

Слични статии