A man, shot from the shoulders down, stands by a lake holding a Canon PowerShot G5 X Mark II in his hand.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

Мал и совршено обликуван: откријте зошто PowerShot G5 X Mark II од Canon е идеален придружник за патување

Фотографот за динамични случувања од животот, James North, изгради кариера со патување околу светот и снимање динамични фотографии од авантури и ја искористи можноста да ги посети австриските Алпи за да ги фотографира зелените пасишта, кристално чистите езера и снежните врвови.
James сакаше да патува со лесна опрема, па го замени неговиот DSLR - EOS 5D Mark IV од Canon - со новиот напреден и компактен фотоапарат PowerShot G5 X Mark II од Canon. Австрија се покажа како идеална локација за тестирање на можностите на фотоапаратот. „Природата беше раскошна и зелена“, вели тој. „Сонцето беше навистина силно, но како што се искачувавме повисоко на некои места сè уште имаше снег. Пејзажот имаше прекрасен спектар на бои и интересни тонови и текстури - зад секој агол имаше нешто ново за фотографирање“.
James кој работи во Лондон - меѓу чии клиенти е и брендот за скејтбординг Vans и е сосопственик на The Reason Snowboard Magazine - го тестираше неверојатно преносливиот PowerShot G5 X Mark II од Canon и експериментираше со неговите разновидни поставки. Со врвен широкоаголен објектив со зум до 5x, електронски визир на исфрлување (EVF) и CMOS-сензор од тип 1,0 со 20,1 мегапиксели и многу повеќе, овој фотоапарат нуди многу понапредни спецификации отколку што би очекувале од фотоапарат со фиксен објектив. Овде, James ги споделува неговите совети за максимално искористување на функциите на фотоапаратот.

1. Вклучете го режимот за макро за остри слики одблиску

Направете сè што е потребно за да ги откриете ситните детали и текстури на работите кои ги среќавате на вашите патувања. Дизајниран да прикажува субјекти одблиску, режимот за макро е идеален за фотографирање цвеќиња и инсекти, а електронскиот визир на исфрлување на PowerShot G5 X Mark II од Canon овозможува многу полесно фокусирање на соодветната точка. James доби најдобри резултати со држење на фотоапаратот на растојание од приближно 20 cm од субјектот, фотографирајќи остри слики со текстура одблиску од катанци на мост во Инсбрук и разнобојни детелини во поле.
„Добивате извонредни детали на ситни субјекти кои би биле премали за повеќето објективи“, вели James. „Можете да потрошите илјадници евра на макро објективи за DSLR-фотоапарати, така што да имате макро функција на компактен фотоапарат е мошне неверојатно“.

2. Користете режим за панорама во широки отворени простори

Без разлика дали гледате зелени површини, нерамни брегови или блескави градски пејзажи, режимот за панорама на PowerShot G5 X Mark II од Canon е идеален за живописни фотографии од широките и прекрасни сцени кои ги посетувате на вашето патување. Фотоапаратот самостојно ги спојува сликите додека го поместувате, без да се појави заматување. James го користеше за да ги фотографира австриските врвови што ги допираат облаците и го опишува резултатот како „беспрекорен“.
Висококвалитетниот објектив со зум до 5x овозможува неверојатни резултати со која било фокусна должина, а James откри дека е особено ефективен за доловување широки агли.

3. Користете HDR кога осветлувањето е соодветно

Слични написи
A woman wearing a red strapless dress crouches down to take a picture with a Canon EOS R10.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

10 совети за фотографирање при патувања

Фотографот за патувања и блогерка Diana Millos ги споделува своите најдобри совети за извонредни фотографии при патувањата.

Two people skateboard down a city street at night, colourful lights from buildings reflecting in the wet road surface.

ПАТУВАЊЕ

Како да извлечете максимум од вашиот фотоапарат кога фотографирате во градот

11 совети што ќе ви помогнат да го доловите амбиентот на урбаната џунгла.

canon-get-inspired-best-camera-travel-photography-related3-185x94

ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ОТВОРЕНО

Како Munro Moonwalker снима планински пејзажи

Од шарени макро-снимки до магливи планински врвови, еве како Alan Rowan го користи SX740 HS од Canon за да ја добие совршената слика во природа.

James беше воодушевен од режимот со голем динамички опсег (HDR) на фотоапаратот, кој снима повеќе експозиции од истата сцена и потоа ги комбинира за да ги добие најдобрите елементи од секоја експозиција - богатите детали во сенките и светлите површини - без сликата да биде премногу избледена или премногу темна.
James доби најдобри резултати во режимот HDR кога светлите и слабо осветлените површини беа најекстремни. „Режимот HDR значи дека фотоапаратот може да постави соодветна експозиција за овие површини, создавајќи композит со една снимка," објаснува тој.

4. Закосете го екранот за да испробате различни агли

Фотоапаратот PowerShot G5 X Mark II од Canon има LCD-екран со можност за закосување до 180 степени, кој е идеален за фотографирање од низок агол или за снимање автопортрети. „Навистина е корисно да имате екран што може да се закосува на тој начин," вели James. „Можете да фотографирате од висока или од ниска положба и можете да бидете покреативни со аглите, но сепак можете јасно да видите што правите“. James го користеше LCD-екранот со можност за закосување, а потоа премина на електронскиот OLED-визир на исфрлување кога сакаше да се концентрира на креативноста.
Екранот на допир на PowerShot G5 X Mark II од Canon ви овозможува да ги прилагодите сите контроли, како што се решетката, брзината на блендата и ISO, на брз и интуитивен начин. „Ако се обидувате да фотографирате интересна композиција или позната знаменитост од необичен агол, а фотоапаратот се наоѓа во незгодна положба, полесно е да го користите LCD-екранот наместо да вртите копчиња“, објаснува James.

5. Снимајте 4K-видеоснимки за поголема флексибилност за уредување по снимањето

4K-видеоснимките нудат четирипати поголема резолуција од 1080p Full HD, со 3840 x 2160 пиксели. Тоа значи дека со видеоснимките во 4K ќе снимате прекрасни и многу пореалистични детали во споредба со видеоснимките во Full HD и без отсекување - што е совршено за снимање на орел кој лета на столбовите од топол воздух или на вашиот другар кој нурка во кристално чистите води на езерото. Снимањето во 4K ви дава флексибилност да го зумирате, поместувате и отсекувате снимениот материјал до 200% и притоа да добиете видеоснимки со Full HD резолуција.
James сними неколку видеозаписи од скејтбординг со PowerShot G5 X Mark II од Canon за да го провери квалитетот. „Поставката за видеозаписи беше подобра одошто очекував," вели тој. „Седев во задниот дел на автомобилот, го снимав мојот асистент како се движи по патеката и фокусот со следење работеше одлично. Бев воодушевен од тоа како видеозаписите изгледаа надвор од фотоапаратот - беа прилично добро балансирани во однос на градацијата“.

6. Не се плашете да експериментирате

Опремата е најважна, но за да снимате извонредни фотографии од светот што го истражувате потребно е да имате вештина и креативност. „При фотографирањето треба да го користите вашето око и фотоапаратот како алатка“, вели James. „Пристапот кон секој фотоапарат треба да ви биде ист, без разлика дали снимате фотографии на вашиот телефон или на DSLR. Само го приспособувате начинот на користење според достапните функции“.
Па, каков е заклучокот на James за PowerShot G5 X Mark II од Canon? „Навистина содржи сè што може да ви биде потребно во компактен фотоапарат“, вели тој. „Фотоапаратот е навистина добар за ентузијастите - всушност, за сите кои сакаат да ги усовршат нивните вештини за фотографирање додека експериментираат со креативната контрола“.


Напишано од Loren Cotter

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники