Објективи за DSLR

Canon EF 600mm f/4L IS II USM

Објектив од серија L со неверојатно високи перформанси, стабилизација на слика и брза решетка од f/4 кој е совршен за фотографирање на животот во дивината.

Придобивки

  • Објектив од 600mm со високи перформанси

  • UD елементи со флуорит

  • Брза макс. решетка од f/4

  • Прстенест вид на USM за брз AF

  • Стабилизатор на слика со 4 чекори

  • Заштитен слој од флуор на предните и задните елементи

  • Мин. фокус од 4,5m

  • Отвор на бленда со 9 сечила

  • Моќен фокус за видео

  • Отпорност на прав и влага

Детални карактеристики

  • Компактен, лесен и извонреден телефото објектив

    EF 600mm f/4L IS II USM се одликува со лесна конструкција од магнезиумска легура и титаниум, која ја намалува тежината без да влијае врз јачината и квалитетот на изработка.

  • Софистициран оптички дизајн

    Сложен оптички дизајн кој се одликува со UD елементи на објективот со флуорит, кои ги спречуваат изобличувањата и аберацијата. Брзата максимална решетка од f/4 овозможува употреба на додатокот EF 2,0x III од Canon, задржувајќи го автоматскиот фокус на серијата EOS-1 фотоапарати.

  • Брз, тивок автоматски фокус

    Прстенестиот USM (ултразвучен мотор) користи вибрации предизвикани од ултразвучна фреквенција за создавање на екстремно брзо, речиси бесшумно автоматско фокусирање. CPU со голема брзина и оптимизирани AF алгоритми кои дополнително придонесуваат за брзината на автоматскиот фокус. Постојаното рачно електронско контролирање на фокусот е достапно без потреба од исклучување на автоматското фокусирање.

  • Стабилизатор на слика

    Вградената технологија за стабилизација на сликата (IS) овозможува рачно фотографирање со брзина на блендата која е побавна до четири чекори од нормалната, без да предизвикате тресење на фотоапаратот. Повеќе IS режими за подобрување на квалитетот на сликата при поместување.

  • IS режим 3

    Идеално подесени за сите видови на динамично фотографирање, особено за дисциплините кај кои е потребно да се користи поместување, 3-от нов IS режим го активира само стабилизаторот на слика додека трае експозицијата.

  • Подобрен квалитет на слика со SWC слој

    Дизајниран за користење кај дигиталното фотографирање, патентираниот слој со структура со суб-бранова должина од Canon помага да се минимизираат имагинарните облици и одблесоците предизвикани од внатрешната рефлексија. Со елиминирање на причинителите, слојот ја намалува рефлексијата и обезбедува остри и јасни слики.

  • Моќно фокусирање

    Режимот на моќно фокусирање со две брзини кај EF 600mm f/4L IS II USM овозможува прилагодување на фокусот со рамномерна и константна брзина – совршено за снимање видео.

  • Квалитет на L серијата

    Серијата L е врвна и професионална палета на објективи од Canon, претставувајќи ја најдобрата прецизно дизајнирана EF оптика. Објективите од серијата L комбинираат врвни перформанси со неверојатно ракување и се отпорни на прав и влага.

  • Дополнителна опрема

    EF 600mm f/4L IS II USM се испорачува со сенило за објектив (ET-160 WII), капаче за објектив (E-185B) и торбичка за објектив 600B.

Слична дополнителна опрема

  • Објективи за DSLR

    Додаток за продолжување EF 1,4x III

    Додаток за продолжување од професионална класа што ја зголемува фокусната должина на објективите од серијата L за 1,4x.
  • Објективи за DSLR

    Додаток за продолжување EF 2x III

    Додаток за продолжување од професионална класа што ја зголемува фокусната должина на објективите од серијата L за 2x.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 25 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 25 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Сенило за објектив ET-120 (WII)

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Lens Cap E-67II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за пропуштање PL-C од 52 mm

    Филтер за кружно поларизирање за извонредни телефото објективи од Canon.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за пропуштање PL-C од 52 mm (WII)

    Филтер за кружно поларизирање за извонредни телефото објективи од Canon.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Држач за филтер за пропуштање на навртување од 52 mm

    Ви овозможува да користите филтри со дијаметар од 52 mm со извонредни телефото објективи од Canon на кои може да се поставуваат филтри за пропуштање.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Држач за филтер за пропуштање на навртување од 52 mm (WII)

    Ви овозможува да користите филтри со дијаметар од 52 mm со извонредни телефото објективи од Canon на кои може да се поставуваат филтри за пропуштање.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Држач за филтер за пропуштање со гел од 52 mm (WII)

    Ви овозможува да користите филтри со гел со извонредни телефото објективи од Canon на кои може да се поставуваат филтри за пропуштање.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Широк ремен за објектив B

    Удобен и широк ремен за на врат за извонредни телефото објективи.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Camera Rain Cover ERC-E4L

    Ги заштитува фотоапаратот и објективот од лоши временски услови за да продолжите со фотографирањето. Големи димензии.
  • Галерија со примероци

    Погледни галерија