Објективи за EOS M

Canon EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM

Компактен макро објектив со вграден иновативен Macro Lite, кој е одличен за доловување на најситните детали кај малите предмети.

Зачекорете во уникатниот свет на макро фотографирање

Зголемете ги ситните детали кај вашите објекти со овој иновативен и компактен макро објектив за серијата EOS M од Canon. Осветлете го вашиот објект со првиот објектив со автоматски фокус во светот со вграден Macro Lite*. Извонредното зголемување до 1,2 x, пак, ви овозможува да се доближите како никогаш досега.

Објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM е одличен за:

  • Макро

    Откријте ги малите тајни на природата. Зголемување на текстурата и скриените детали кај цвеќињата, инсектите, овошјето и течностите.

  • Храна

    Доловете ги на правилен начин сјајните сосови, прецизно исеченото суши и деталите на врвното готвење. Снимајте вкусни детали кои можете речиси да ги вкусите.

  • Патување

    Фотографирањето при патувањата не е само за оние што сакаат да патуваат, затоа прошетајте и вие. Прошетките за разгледување, мрзливите денови и малите краткотрајни паузи можат да се претворат во драгоцени спомени.

  • Портрет

    Совршен за снимање изрази на лицата на пријателите и семејството, идеален за свадби, свечени настани и забави.

Контрола на светлината

Вградена технологија Macro Lite
Овој објектив од серија EF-M се испорачува со две вградени LED (Macro Lite) светилки што можете да ги контролирате. На овој начин добивате дополнително осветлување пред објективот што ги отстранува непотребните сенки, кои најчесто ги создавате вие и вашата опрема при макро фотографирање.

Canon Camera
Со допир на едно копче можете да избирате помеѓу осветлување на левата или десната страна со Macro Lite, за да ја пронајдете соодветната рамнотежа и да добиете прекрасна и стилска слика каква што не би можеле да создадете на ниту еден друг начин. Идеален избор кога сакате да снимате снимки одблиску од цвеќиња и храна, како и мали предмети со ситни детали, како што е накитот.

Интелигентен дизајн на цилиндарот

За да можете максимално да ја искористите сета достапна светлина, објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM е дизајниран со конвексен цилиндар на објективот, за минимизирање на сенките што ги создава самиот објектив. Исто така, тој се одликува со контактни точки на површината за стабилно фотографирање, така што објективот може да се користи под остар агол од 53 степени од површината на која е поставен објектот. Комбинацијата од контактни точки и употребата на Macro Lite (според потребата) ви овозможува да снимате детални макро снимки.

Canon Camera

Приближете се поблиску како никогаш досега

Објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM има реален сооднос на зголемување од 1:1, што значи дека објектот што го фотографирате ќе се појави во реална големина на вашата слика. Кога сакате да истражувате и да ги зголемувате малите детали кај вашиот објект, тогаш треба да го користите режимот супер макро. Со извонредно зголемување од 1,2x, можете да го зголемите вашиот објект надминувајќи ја неговата реална големина. Треба да се земе предвид факторот на отсекување на сензорот на EOS M со APS-C големина, кој овозможува зголемување до 1,92x при фотографирањето со еквивалент од 35mm, при што корисниците ќе можат да доловуваат ситни детали како што се природните жили на растенијата или деталната изработка на накитот. Исто така, со режимот за супер макро, можете да се доближите многу блиску (работно растојание од 13 mm) за да истражувате многу мали предмети.

Доловете ги ситните детали во движење

Создавајте неверојатни снимки одблиску со користење на функциите за макро на објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM во комбинација со функциите за видео на EOS M.

Совршен објектив за секојдневна употреба

Практичен за носење
Кога патувате, компактниот дизајн на објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM е совршен за документирање на вашите секојдневни авантури. Со прецизна оптика и лесно куќиште на вовлекување (130 g), објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM е идеален за секојдневно фотографирање и макро фотографирање. Вградените UD и асферични елементи на објективот не дозволуваат намалување на квалитетот со овој објектив.

Неверојатно остри слики

Аголното тресење е многу поизразено при фотографирање макро, а поради тоа, за ваков вид на фотографирање најчесто е потребен стабилен статив. Меѓутоа, хибридната стабилизација на сликата кај објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM е специјално дизајнирана да помогне во оптимизирање на аголното тресење и тресењето при поместување на фотоапаратот. Таа ви нуди поголема флексибилност за работа со вашиот објект доколку тој се помести или ја промени положбата, овозможувајќи остри слики при фотографирање макро објекти.
  • Со хибридна стабилизација на слика

  • Без хибридна стабилизација на слика

Создавајте многу повеќе од макро слики

Овој објектив, со специјално дизајнирани функции за макро фотографирање, е доволно флексибилен за секојдневно фотографирање. Со широката решетка од f/3.5 и еквивалент од 35mm за фокусна должина од прибл. 44,8mm (поради отсечените сензори кај фотоапаратите без огледало), можете да снимате најразлични слики со природен агол на видливост и природна перспектива.

Осветлување посебни делови

Овој објектив за секојдневна употреба е одличен и за снимање портрети, особено во комбинација со хибридната стабилизација на слика и широката решетка со 7 сечила. Снимајте портрети што ќе ви го насочат вниманието кон саканите детали, издвојувајќи го објектот од прекрасната и јасна заднина. Можете да користите и Macro Lite за да внесете искра во очите на субјектот.

Јасни и стабилни видеоснимки

Технологијата за речиси бесшумен STM (чекорен мотор) кај објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM ќе ви помогне да создадете висококвалитетни видеоснимки со помош на стабилното и тивко континуирано фокусирање. Таа ќе ви овозможи да ги снимате само амбиенталните звуци без шумот од фокусирањето на моторот.

Canon Camera

Галерија со примероци

Погледни галерија

Слична дополнителна опрема

  • Дополнителна опрема за објективи

    Сенило за објектив ES-22

    Сенилото за објектив ја спречува залутаната светлина да навлезе во вашиот објектив, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци. Ова сенило за објекти можете да го користите и за прикачување филтри од 43mm на вашиот објектив EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM. (Вклучено во пакетот)
  • Дополнителна опрема за објективи

    Футрола за објектив LP811

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив EF-M28

    Заштитете го предниот елемент на објективот. (Вклучено во пакетот)
  • Дополнителна опрема за објективи

    Lens Dust Cap EB

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Може да ви се допадне и следното...

    Четири алтернативни објективи на EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM, избрани од нашите експерти за објективи. Ќе ви треба EF-EOS M адаптер за монтирање за да ги користите овие објективи со фотоапарат од серијата EOS M.

    1. *Во групата на заменливи објективи со автоматски фокус за SLR фотоапарати или фотоапарати без огледало. Почнувајќи од мај 2016 година, врз основа на истражување од Canon