Canon EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM

Hero.jpg

Компатибилност со APS-C EOS фотоапарати* и фотоапарати без огледало што го користат EF-EOS M адаптерот за монтирање *Тука не спаѓаат фотоапаратите EOS 10D, EOS D60, EOS D30

Широкоаголен објектив за зумирање EF-S 18-135mm со револуционерна технологија Nano USM

EF-S објектив со разновидни опции кој е одличен и за фотографии и за видео снимки

Добијте разновидни опции со објективот кој ќе стане неопходен дел од вашата опрема и ќе ви обезбеди квалитетни перформанси за снимање фотографии и видеоснимки, благодарение на неговата нова технологија Nano USM. Брзиот и рамномерен фокус на EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM ќе ви овозможи да снимате неверојатни спонтани слики, а неговиот тивок мотор ќе го елиминира шумот при фокусирањето за да не се намали квалитетот на звукот во видеоснимките.

EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM е одличен објектив за

Компактен објектив со високи перформанси за извонредни фотографии и видеоснимки

EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM е одличен за снимање фотографии и видеоснимки кој располага со наменски IS режими за различни услови кои ви овозможуваат да добиете стабилни резултати. Технологијата Nano USM овозможува брзо, рамномерно и тивко фокусирање при снимање видео.

Неговиот компактен и лесен дизајн го прави совршен објектив за патување без компромиси во квалитетот кој нуди одлична репродукција на бои и контраст. UD и асферичните елементи на објективот ја намалуваат хроматската аберација низ целиот обемен фокусен опсег при снимање и видеоснимки и фотографии.

Технологија Nano USM - рамномерно, брзо и тивко фокусирање

Никогаш не пропуштајте го моментот

Технологијата Nano USM кај EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM ви овозможува да го фокусирате вашиот објект со неверојатна брзина. Кога се користи во комбинација со разновиден фокусен опсег, тој ќе ви овозможи да снимате прекрасни пејзажи, одлични портрети и динамични движења.

Never miss a moment
Professional quality movies made easy

Видеоснимки со професионален квалитет на едноставен начин

Технологијата за фокусирање Nano USM внесува природен изглед во вашите видеоснимки, благодарение на рамномерното автоматско фокусирање при следење на објектите. Исто така, можете да ја преземете контролата во секој момент со помош на неговиот прстен за рачно фокусирање со брз одзив.

Погледнете ги придобивките од Nano USM на дело

Тивко фокусирање

silent-focus

Тивко фокусирање

Nano USM нема да дозволи нарушување на звукот од видеоснимките со шумот при фокусирањето, благодарение на речиси бесшумните движења.

Погледни видео запис

Брзина на фокусирање

speedoffocus

Брзина на фокусирање

Брзината за фокусирање на објективот EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM е зголемена за 2,5 пати* (широкоаголно) и до 4,3 пати* (телефото) во споредба со EF-S18-135mm f3.5-5.6 IS.

Погледни видео запис

Рамномерно фокусирање

smooth-focusing

Рамномерно фокусирање

Рамномерното фокусирање е задолжително за промени во фокусирањето со природен изглед.

Nano USM нуди извонредна контрола, овозможува рамномерно следење и фокусирање на објектот што се движи кон или во спротивен правец од фотоапаратот.

Погледни видео запис

Дознајте како функционира Nano USM

Единицата Nano USM е составена од еластично метално куќиште, керамички напонски елемент и мотор за придвижување. Апликацијата и прилагодувањето на напонот на керамичкиот елемент ги контролираат насоката и брзината на моторот за придвижување. Како резултат се добива систем за фокусирање што овозможува рамномерно фокусирање и контрола на брзината.

Неверојатна стабилност при фотографирањето

Снимањето фотографии со неверојатна острина е едноставно со помош на оптичката стабилизација на слика со 4 чекори. Таа го елиминира тресењето на фотоапаратот за да обезбеди резултати со висок квалитет при слаба осветленост или при користење на зумот, а наменскиот режим за поместување се активира автоматски кога следите објект во движење.

Динамичката стабилизација на сликата придонесува за стабилни видеоснимки при рачно фотографирање, при максимален зум или кога сте во движење.

Stay steady amongst the action

Неверојатни разновидни опции низ целиот опсег на фокусирање

EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM може да снима различни објекти благодарение на неговиот голем фокусен опсег. Со најкраткото фокусно растојание можете да снимате широки пејзажи. Со најдолгото, пак, можете да се приближите до случувањата, користејќи ги неговите можности за телефото и автоматското фокусирање со голема брзина. Оптичката стабилизација на слика со 4 чекори ви овозможува да добивате остри и стабилни слики при максимален зум, при слаба осветленост или при снимање видео.

Приближете се до деталите со EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM

0%

    Снимањето видеоснимки со професионален квалитет е едноставно со новиот адаптер за моторизирано зумирање PZ-E1

    Новиот адаптер за моторизирано зумирање се прикачува лесно со електричните контакти на објективот EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM  и ви овозможува да го користите зумот преку рачка (или преку Wi-Fi кога се користи со компатибилен EOS фотоапарат), за да добиете рамномерна контрола на зумот со доследна прецизност за снимање видеоснимки со професионален изглед.

    Едноставен за користење и лесен - тој претставува совршена дополнителна опрема за професионално снимање видеоснимки, без разлика каде се наоѓате. Следете ги движењата, снимајте видеоснимки во вид на документарци или зумирајте за да создадете креативни ефекти.

    lens

    lens

    Следете ги случувањата од поголема оддалеченост

    Употребата на адаптерот за моторизирано зумирање PZ-E1 ја зголемува разновидната употреба на објективот EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM, овозможувајќи ви далечинска контрола на зумот. 

    Користете го вашиот објектив EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM со адаптерот за моторизирано зумирање PZ-E1 во комбинација со компатибилен EOS фотоапарат со Wi-Fi за да го контролирате зумот безжично преку вашиот паметен уред и апликацијата Canon Camera Connect.**

    Дополнителна опрема