Портрет
Совршен за снимање изрази на лицата на пријателите и семејството, идеален за свадби, свечени настани и забави.
Макро објективите овозможуваат фотографирање на многу мали објекти одблиску, откривајќи детали кои не можат да се видат со човечко око. Тие се користат за слики од инсекти и цвеќиња, како и фотографи кои снимаат мртва природа во студија.
Макро објективите ги користат фотографи кои снимаат диви животни и природа за снимање слики од инсекти и цвеќиња. Меѓутоа, со нивниот одличен квалитет на слика и голема максимална решетка, макро објективите се одличен избор и за портрети. За да бидете сигурни дека ќе го изберете вистинскиот објектив за вашето фотографирање, треба да имате предвид што е вашиот субјект и што сакате да снимите.
Ако сакате да се доближите на вашиот субјект и да ги доловите ситните детали, тогаш макро објективите ќе ви овозможат да снимате слики одблиску со екстремни детали. Уникатната предност на макро објективот е во тоа што ви овозможува да го зголемувате субјектот за да изгледа 0,5x од реалната големина или идеално 1,0x од реалната големина или повеќе, на сензорот на фотоапаратот.
Кога сакате да фотографирате одблиску некое темпераментно животно или инсект и да ги доловите ситните детали, тоа треба да го направите без да го вознемирите субјектот. Објективот со подолга фокусна должина, од 100 mm до 180 mm, ќе ви овозможи доволно работно растојание помеѓу вас и субјектот и да не го вознемирувате него или светлината околу него.
Уникатната функција на макро објективот е можноста да го зголеми субјектот во неговата реална големина (или повеќе). Ова се дефинира преку соодносот на зголемување на објективот помеѓу физичката големина на сликата на сензорот на фотоапаратот и физичката големина на субјектот што се фотографира. На пример, соодносот од 1:1 (или 1,0x од реалната големина) означува дека субјектот што го фотографирате има иста големина на сензорот на фотоапаратот како и во реалноста. Специјалните макро објективи, како што е објективот MP-E 65mm f/2.8 1-5x Macro од Canon, ви овозможуваат сооднос за зголемување до 1:5, што значи дека субјектот е 5x поголем на сензорот отколку во реалноста.
Објективите EF-S од Canon се специјално дизајнирани за фотоапаратите со APS-C сензор како што е EOS 760D и не се компатибилни со моделите за целосна слика како што се фотоапаратите од серијата EOS 5D.
EF објективите може да се користат со сите EOS фотоапарати, но ако користите EF објектив со EOS фотоапарат од тип APS-C, тогаш ќе добиете агол на видливост кој е еднаков како и кај објективите со 1,6x поголема фокусна должина кај фотоапаратите за целосна слика. На пример, кога објективот EF 100mm f/2.8L Macro IS USM се користи со EOS 760D, тој создава ист агол на гледање како и кај објективот од 160 mm кај фотоапаратот за целосна слика. Споредбата подолу го покажува реалниот ефект при макро фотографирање.
Фокусната должина на макро не секогаш значи доближување до субјектот. Повисоката фокусна должина (повисокиот број) ви овозможува да го имате истиот сооднос на зголемување дека стоите подалеку. На пример, користењето на објектив од 180 mm за фотографирање пеперутки ви го дава потребното растојание за да не го вознемирите субјектот, а сепак да го задржите макро зголемувањето.
Како што ја зголемувате фокусната должина, работното растојание исто така се зголемува, така што сѐ уште ќе можете да го постигнете истиот сооднос на зголемување. Работното растојание е растојанието од субјектот до рамнината на фокусот.
Дијаграмот на десната страна го покажува растојанието од крајот на објективот до субјектот.
Изборот на вистинската фокусна должина е нешто на што сериозно треба да обрнете внимание при макро фотографирањето, бидејќи секоја промена може да влијае на фотографијата. Со зголемување на фокусната должина, заднината и предниот дел изгледаат како да се доближуваат, а тоа ви овозможува да го промените изгледот на снимката.
Откако ќе ги земете предвид овие информации, треба да размислите што ви е најважно да снимите.
Подолгите фокусни должини кај макро објективите може да предизвикаат повисоки нивоа на тресење на фотоапаратот, што го отежнува фотографирањето на остри и јасни слики. Стабилизаторот на слика во објективот помага во елиминирањето на поголемиот дел од тресењето при рачното фотографирање, ако изберете објектив без IS можете да користите статив за да ги стабилизирате фотоапаратот и објективот, но така тие нема да може лесно да се пренесуваат.
Вистинското поставување на осветлувањето ви овозможува да користите поголема брзина на блендата, што ви дава јасни слики од субјектите во движење. Macro Ring Lite MR-14EX Il и Twin Lite MT-24EX од Canon нудат специјализирани системи за осветлување што ќе ви овозможат да го осветлите субјектот со порамномерна светлина со Ring Lite или понасочена светлина за текстура со Twin Lite. Објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM се испорачува со две вградени LED (Macro Lite) светилки за дополнителна осветленост и елиминирање на појава на сенки.
Повеќето наменски макро објективи ви овозможуваат да постигнете сооднос на зголемување од 1:1, но можете да се доближите и да постигнете сооднос од 1:2 (што значи дека субјектот ќе изгледа двојно поголем на сензорот на фотоапаратот) со помош на продолжителни цевки, ако фотоапаратот и објективот имаат поддршка за тоа. Доколку сакате да се доближите што е можно повеќе до субјектот, објективот MP-E 65mm f/2.8 1-5x Macro Photo може да постигне сооднос од 1:5, ова ниво на зголемување може да ги прикаже воздушните меурчиња во капките вода.
RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L.
Совршен за снимање изрази на лицата на пријателите и семејството, идеален за свадби, свечени настани и забави.
Фотографирајте прекрасни сцени, од ридови и морски пејзажи до градски обележја и урбани пејзажи.
Доловување на вашиот субјект во неговото природно опкружување. Треба да ги познавате навиките на вашиот субјект.