Кога фотографирате дивина, објектот треба да го доловите во својата природна средина. Потребно е да ги знаете навиките на вашиот објект и многу други фактори, на пр. каде би можеле да бидат во текот на денот, позиционирањето на сонцето во однос на објектот, како и тоа колку можете да му се доближите на објектот без да го вознемирите. Овие фактори ќе го одредат типот на објективот кој ќе го користите во фотографирањето.
Важно е да испланирате што ќе фотографирате – на пр. ако имате доволно среќа да бидете во парк со животни каде што тие се во затворена средина, веројатно ќе знаете каде можат да се најдат во текот на денот, така што така ќе одредите каде да бидете во однос на светлината и растојанието од нив. Помислите и на акцијата којашто сакате да ја доловите и размислете за однесувањата на животното, како на пр. кога тоа е најмногу или најмалку активно. Ако сакате да снимате во ситуација кадешто не е возможно да испланирате што ќе снимате, на пр. доколку сте на сафари, тогаш немате можност да ги планирате фотографиите, така што прашањето е колку ќе бидете оддалечени од вашиот објект и видот на животните кои ќе ги видите. Сите овие аспекти ќе влијаат на изборот на вашиот објектив.
Не можете секогаш физички да се приближите до вашите објекти бидејќи е опасно или бидејќи може да ве забележат доколку премногу се приближите. Токму затоа, телефото објективот со фокусна должина од 300mm или повеќе генерално се користи за фотографирање дивина, бидејќи нуди големо зголемување, така што можете да бидете на безбедно растојание од објектот, а сепак да го исполните кадарот. Сепак, факторите како големината на животните кои ги фотографирате игра улога, на пример, доколку сакате да фотографирате мала птица, затоа што тогаш ќе ви треба многу поголемо зголемување за да ги доловите деталите, нешто поблизу до 600mm.
Кога фотографирате животни кои се движат брзо, како на пример гепарди или птици, потребна ви е најголемата можна брзина на бленда. Доколку изберете објектив со брза решетка ќе можете да искористите повеќе од светлината, што ќе ви помогне да го замрзнете движењето на вашиот објект и да снимите остра слика. Телефото објектив со широка решетка, како што е EF 300mm f/2.8L IS II USM, ќе извлече максимум од светлината и сепак ќе ви овозможи да ја замрзнете акцијата.
Кога фотографирате дивина, сакате максимално да го искористите изворот на светлина (сонцето). Вообичаено, има три дела од денот кои ви овозможуваат најдобро осветлување за фотографирање дивина – утро, пладне и самрак. Часот по изгрејсонцето и часот пред самракот се познати како златните часови. Овие часови овозможуваат многу понежна светлина, бидејќи сончевата светлина мора да патува низ поголем дел од земјината атмосфера поради позиција на сонцето во однос на Земјата, што резултира со подолги сенки за подраматичен ефект. Кога снимате напладне се соочувате со многу поостра светлина од сонцето, што ви дава поголема контрастна светлина од горе и помага во елиминирањето на долгите сенки во вашиот кадар.
Кога се обидувате да ги снимите дивите животни во своите природни живеалишта, како на пр. во пустина или на сафари, тогаш може да се најдете во сурови услови кадешто треба да бидете сигурни во својата опрема, што и да снимате. Во овие случаи најмногу ќе ви одговара објектив од серијата L на Canon, заедно со фотоапарат со одредена заштита од лоши временски услови. Заштитата од временските услови и од правта ви даваат самодоверба да ги снимите сликите дури и во најтешките услови. Објективите од серијата L ги користат најнапредните оптички дизајни и технологии на Canon за врвни перформанси.
Објективите EF-S од Canon се специјално дизајнирани за фотоапаратите со APS-C сензор како што е EOS 760D и не се компатибилни со моделите за целосна слика како што се фотоапаратите од серијата EOS 5D.
EF објективите може да се користат со кој било EOS DSLR фотоапарат, но кога EF објективот се користи на EOS од типот APS-C, ќе обезбеди агол на гледање со фокусна должина 1,6x поголема отколку фотоапаратите за целосна слика. На пример, објективот од 300mm кој се користи на EOS 760D дава агол на гледање еквивалентен на објектив од 480mm на фотоапарат за целосни слики, што значи дека вашиот објект ќе изгледа поголем на кадарот.
Решетката не само што пропушта повеќе светлина во внатрешноста, туку и помага во истакнување на вашиот објект од заднината кога фотографирате со побрза решетка, како f/2.8, која ја намалува длабочината на полето. Разбирањето на врската помеѓу решетката и брзината на блендата е од исклучителна важност за фотографите – особено кога се обидуваат да снимаат дивина. На пример, зголемувањето на решетката за еден чекор (на пр. од f/4 до f/2.8) двојно ја зголемува количината на светлина која влегува во сензорот, што значи дека можете да користите брзина на бленда која е двојно побрза и ви овозможува да ги снимите објектите во движење со голема леснотија.
Макро објективите се одличен избор за снимање инсекти и други мали животинки. Овие објективи ви овозможуваат да одржувате доволно растојание помеѓу вас и објектот (за да не го вознемирите), а сепак да го исполните кадарот. Макро објектив со стабилизатор на слика како што е EF 100mm f/2.8L макро IS USM објективот, ви овозможува да снимате рачно во услови во кои обично е потребен статив.
Колку поголема е фокусната должина, толку повеќе ви е потребен статив, бидејќи секое тресење на куќиштето на фотоапаратот е сѐ понагласено со поголемата фокусна должина. Купувањето објектив со стабилизатор на слика драстично ќе ја намали потребата од статив за намалување на тресењето. Сепак, доколку чекате подолго време, пожелно е да ги држите фотоапаратот и објективот во фиксна положба. Во ваква ситуација, добро е ако имате статив на располагање.
Ако вашиот објектив е компатибилен со додатоците, можете лесно да ја проширите употребата на објективот, со што ќе можете да се доближите уште повеќе до вашиот објект. Сепак, доколку користите додатоци, треба да знаете дека тие ја намалуваат количината на светлина која влегува во сензорот на фотоапаратот. Користењето на додаток EF 1.4x III значи дека ќе загубите 1 чекор светлина, додека пак додатокот EF 2x III губи 2 чекори светлина. Ова ќе влијае на максималната решетка на објективот и на најголемата брзина на блендата која ќе ја постигнете, на пр. f/4 станува f/5.6, што можеби не е идеално за фотографирање на објекти кои се движат брзо.
Овој објектив од серијата L со високи перформанси и стабилизација на слика во 4 чекори, е познат по својата можност да постигнува одлични нивоа на острина, боја и контраст, дури и кога се користи телеконвертор за зголемување на телефото доближувањето, притоа задржувајќи ја неверојатната острина.