Canon RF 135mm F1.8L IS USM

Телефото објектив

Canon RF 135mm F1.8L IS USM

Телефото објектив од 135 mm од серијата L со брза и светла решетка f/1,8 и стабилизација на слика со 5,5 чекори за креативно фотографирање и во текот на денот и во ноќта.

Креативност со широка решетка за прекрасни ефекти на дефокусирање

Видете како широката решетка и телефото компресијата на RF 135mm F1.8L IS USM можат да ги трансформираат вашите портрети во споредба со други објективи.

  • 50 mm

    Природен приказ сличен на човековото око

  • 85 mm

    Краток телефото приказ со привлечна перспектива

  • 135 mm

    Совршен за срамежливи субјекти и одличен за креативност со длабочината на полето

Фокусирајте се на деталите

RF 135mm F1.8L IS USM е неверојатно креативен објектив што ви нуди уникатен поглед на светот околу вас. Искористете го тоа во ваша полза.

  • ДОЛОВУВАЈТЕ ДЕТАЛИ

    Помалку е повеќе

    Доближете се и видете го вашиот субјект на сосема нов начин

  • ИДЕАЛЕН ЗА ВИДЕО

    Снимање со неверојатно остра слика

    Прекрасно флуидни промени на фокусот за филмски изглед

  • СПОРТ ВО ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИИ

    Фотографирајте брзи движења при слаба осветленост

    Продолжете да фотографирате кога светлината е слаба, а движењата се брзи

Canon Camera

Телефото објектив со брза решетка и разновидна примена

Снимајте прекрасни портрети и детали со неверојатно издвојување на субјектите благодарение на поголемата фокусна должина од 135 mm и брзата решетка f/1,8 со девет сечила, со извонредна контрола врз длабочината на полето за создавање прекрасни ефекти на дефокусирање.

Врвен квалитет на слика низ целиот кадар

Бидете сигурни дека ќе снимите најостри слики благодарение на трите елементи од UD-стакло и слоевите ASC и Super Spectra, а слојот од флуор на предниот елемент нуди заштита од прав и нечистотии.

Canon Camera

Напредна стабилизација на сликата

Оптичката стабилизација на слика со 5,5 чекори1 ви овозможува да користите помали брзини на блендата, а тоа придонесува за рамномерно рачно фотографирање и снимање. Добијте поголема стабилизација со компатибилен фотоапарат од серијата EOS R.

  • ВКЛУЧЕНА стабилизација на слика

  • ВКЛУЧЕНА стабилизација на слика со отсекување на детали

Canon Camera

Неверојатни перформанси при слаба осветленост

Продолжете да фотографирате кога нивоата на светлина ќе се намалат благодарение на оптичката стабилизација на слика1 со 5,5 чекори, што може да се зголеми до 8 чекори во комбинација со вградената стабилизација на компатибилните фотоапарати од серија EOS R.

Познат стил на ракување

Уживајте во моментот и функционирајте во хармонија со објективот благодарение на двете приспособени копчиња за функции на објективот и прстенот на објективот што овозможува прецизно прилагодување и контрола на важните поставки, како и корекција на промените во фокусот при снимање видео2.

Canon RF 135mm F1.8L IS USM
Canon RF 135mm F1.8L IS USM

Моќен, бесшумен, сигурен

Фотографирајте во секаква ситуација, дури и на растојание од 0,7 m (зголемување од 0,26x). Овој објектив од серија L има напредна заштита од лоши временски услови и мотор Nano USM што е прекрасно бесшумен.

Пријавете го вашиот интерес за RF 135mm F1.8L IS USM

Пријавете се тука и бидете меѓу првите кои ќе дознаат повеќе.

Спецификации

  • Фокусна должина од 135 mm

    Ја компресира сликата за да создаде прекрасни портрети и да го подобри издвојувањето на субјектите.

  • Оптичка стабилизација на слика со 5,5 чекори*

    Фотографирајте безгрижно при слаба осветленост

    *Тестирано според стандардите CIPA

  • Максимална решетка F1,8

    За врвни перформанси при слаба осветленост и мала длабочина на полето

  • Серија L

    Неверојатен оптички дизајн и конструкција

  • UD-елементи

    За извонредно остри слики со помала хроматска аберација

  • Nano USM-мотор

    За рамномерно, брзо и речиси бесшумно ракување

  • ASC (сферичен воздушен слој)

    Спречува одблесоци и отсјај

  • Функциски копчиња на објективот

    Практични и приспособливи заради поголема контрола, со зададена функција за AF-чекори

  • Контролен прстен на објективот

    За дополнителна контрола врз ISO, решетката и блендата

ОБЈЕКТИВИ

Споредба

Погледнете споредба помеѓу RF 135mm F1.8L IS USM и EF 135mm f/2L USM

RF 135mm F1.8L IS USM

RF 135mm F1.8L IS USM

EF 135mm f/2L USM

EF 135mm f/2L USM

Приклучок за објективи

RF
EF

Максимална решетка

f/1,8
f/2

Оптички стабилизатор на слика

Со 5,5 чекори
-

Специјални оптички елементи

3 x UD
2 x UD

Сечила на бленда

9
8

Најмало растојание на фокусирање

0,7 m
0,9 m

Максимално зголемување

0,26x
0,19x

Вид на мотор за фокусирање

Nano USM
USM

Корекција на промените во фокусот (со поддржани фотоапарати)

Да
-

Функциски копчиња на објективот

Да
-

Контролен прстен

Да
-

Дијаметар на филтер

82 mm
72 mm

Димензии

89,2x130,3 mm
82,0x112,5 mm

Тежина

935 g
750 g

Галерија

Што содржи кутијата

Сѐ што ви треба за да доловите неверојатни портрети со широка решетка и многу повеќе.

Слична дополнителна опрема

  • Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 82 mm од Canon

    Поларизирачкиот ефект што го создава овој филтер помага во спречување на одблесоците при фотографирањето, а воедно нуди и поголема острина за да добиете подобри резултати.

  • Заштитен филтер за објектив од 82 mm од Canon

    Заштитниот филтер за објектив од 82 mm од Canon е провиден филтер што помага во заштитувањето на предниот елемент на објективот од прав и гребнатини.

Слични производи

  • Објективи за EOS R

    RF 50mm F1.2L USM

    Примарен објектив со 50 mm и f/1,2 за извонредна острина, како и одлични перформанси при слаба осветленост.
  • Објективи за EOS R

    RF 85mm F1.2L USM

    RF 85mm F1.2L USM нуди беспрекорна острина за портрети, врвни перформанси при слаба осветленост и креативен потенцијал.
  • Објективи за EOS R

    RF 85mm F1.2L USM DS

    RF 85mm F1.2L USM DS нуди беспрекорна острина и неверојатно рамномерни ефекти на дефокусирање за да снимате извонредни портрети со кои ќе го реализирате вашиот креативен потенцијал.
  • Макро објектив

    RF 100mm F2.8L Macro IS USM

    RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L.
  • Објективи за EOS R

    RF 28-70mm F2L USM

    Извонредно брзиот и светол објектив f/2 од 28-70 mm од серијата L дава одлични резултати дури и при слаба осветленост.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R3

    Со брзина како суштинска карактеристика, ова е фотоапарат без огледала што го чекаа професионалните фотографи за спорт, вести и диви животни.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни
  • Слични статии

    1. Тестирано според стандардите CIPA
    2. Со компатибилни фотоапарати