Објективи за EOS R

Canon RF 85mm F1.2L USM

RF 85mm F1.2L USM нуди најмногу можности за реализација на вашиот креативен потенцијал за да снимате прекрасни портрети со неверојатна острина и врвни перформанси при слаба осветленост.

Одличен објектив за...

  • Портрети

    Користете краток фокус и извонредна острина за да внесете нови детали и димензии во портретите благодарение на извонредниот оптички дизајн, напредното обложување на објективот и технологијата на приклучокот за објективи RF.

  • Улично фотографирање

    Фотографирајте дискретно и со целосна контрола на параметрите кога сте на улиците благодарение на брзото фокусирање со моторот USM со врвни перформанси што го заклучува фокусот врз објектите за да не пропуштите ниту еден момент.

  • Слаба осветленост

    Продолжете да фотографирате откако ќе зајде сонцето благодарение на брзата и широка максимална решетка f/1,2 која ги доловува сите детали со извонредна острина низ целата површина.

Canon Camera

Совршена фокусна должина за портрети

RF 85mm F1.2L USM е објектив со идеално кратка телефото фокусна должина за снимање прекрасни портрети кој создава елегантни и детални резултати со убава перспектива и без изобличувања.

Брз и светол објектив со врвна оптичка прецизност

Овој објектив има брза решетка од F1,2, врвни перформанси при слаба осветленост и нуди неверојатна острина и креативно изразување со прекрасни ефекти на дефокусирање и без намалување на квалитетот на сликата.

Canon Camera
Canon Camera

Напредни елементи и слоеви на објективот

Објективот е опремен со BR-оптика (Blue Spectrum Refractive) што ги елиминира аберациите на боите, како и со асферичен елемент што ги елиминира сферичните аберации предизвикани од голема максимална бленда.

Квалитет на изработка како серијата L и заштита од лоши временски услови

Квалитетот на изработка одново го дефинира квалитетот на серијата L со заштита од лоши временски услови и слоеви од флуор на предните и задните елементи за заштита од вода, прав и гребнатини.

Canon Camera

Брз USM-мотор и контролен прстен на објективот

Благодарение на големата брзина и RF-приклучокот, RF 85mm F1.2L USM брзо ги фокусира предметите, а контролниот прстен на објективот овозможува дополнителна контрола на поставките.

Ќе стане достапен во 2-та половина на 2019 година

RF 85mm F1.2L USM DS - уникатен објектив со високи перформанси што нуди комбинација од рамномерен ефект на дефокусирање на заднината и извонредно брза решетка за снимање прекрасни портрети.

Canon Camera

Спецификации

  • Максимална решетка F1,2

    За врвни перформанси при слаба осветленост и мала длабочина на полето

  • BR-оптика

    За врвна контрола врз аберациите

  • Асферични и UD елементи

    За исклучително остри слики

  • USM мотор

    За рамномерно, брзо и речиси бесшумно ракување

  • ASC (сферичен воздушен слој)

    Спречува одблесоци и отсјај

  • Контролен прстен на објективот

    За дополнителна контрола врз ISO, решетката и блендата

Што содржи кутијата?

  • Објектив RF 85mm F1.2L USM

  • Сенило за објектив ET-89

  • Капаче за објектив E-82II

  • Капаче за заштита од прав за објективи RF

  • Мека футрола LP1424

Раце кои држат фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Во рацете на професионалците

Во рацете на професионалците Дознајте какви резултати нуди RF 85mm F1.2L USM во различни ситуации за фотографирање кога е во рацете на професионалците од Canon.

  • Креативни портрети со RF-објектив од 85 mm од Canon

    Професионалниот фотограф Rosie Hardy ја открива приказната за нејзините први портрети снимени со EOS R од Canon и објективот RF 85mm F1.2L USM.

  • Свадбени портрети со објективот RF 85mm F1.2L USM

    Félicia Sisco, свадбен фотограф и амбасадор на Canon, говори за фотографирање свадбени портрети со објективот RF 85mm F1.2L USM.

Canon Camera

Дополнителна опрема за објективи

Подобрете ја вашата перспектива со дополнителна опрема за објективи од Canon. Нашата палета на капачиња за објективи, торбички и футроли ги заштитуваат вашите објективи кога не ги користите. Ви нудиме сенила за објективи и филтри за објективи што се специјално дизајнирани за заштита и полесна работа на вашите објективи во различни услови за работа, како на пр., заштита од одбиена светлина или полесно доловување на природата одблиску.

Телефото објективи

Телефото објективите ви овозможуваат да фотографирате спорт, диви животни или настани од далечина, без да ги попречувате случувањата. Разгледајте ги телефото објективите од Canon и ослободете ја вашата креативност.
Дознајте повеќе

Слични производи